Индивидуално... но кратко трае самиот процес така да ќе се издржи ако имаш непроодни канали ќе боли ако се проодни само нелагодност ко болка за добивање ќе почуствуваш
Повеќе е непријатно отколку болно, барем јас така го доживеав. И јас се изначитав се и сешто пред да одам и мислам дека тоа ми предизвика непотребна паника и страв. Може да почувствуваш болка доколку каналите ти се непроодни, но е краткотрајно и издржливо.
Мене на хсг ми открија целосно непроодни канали, и воопшто не ме болеше, речиси ништо не осетив. После тоа останав природно бремена. На прашањето како природно бремена со 100% непроодни канали, ми рекоа дека сигурно сум била многу стегната, па затоа контрастот не се излеал низ каналите.
Јас паднав во несвест на лице место од силна болка. Преболно беше за мене. Лежев на интензивна еден ден. Пред испитување треба да се напомене да се испие кетонал. И дека е болен чин.
Јас многу се плашев мислам дека во систина ке умрам,кога влегов му кажав на доктор вика па ние тука не умираме луге тое многу брза постапка за 10 секунди и болки се издржуват јас бев со зарушени канали,па немав болки...
Палчевски ме правеше, јас не ни имав запушени канали. Породувањето не ме болеше али ете тоа ме кутна во несвест.
Мене воопшто не ме болеше ништо не ни осетив едиствено опремата кога ми ја редеше ама мене тоа ме боли и кога ми земаат брисеви многу мразам а инаку кога ја вбризга течноста ништо не ни осетив. Се е индивидуално.
Матичниот ми даде опција, на клиника или кај Толовски...дали некој знае колку е цената и што би ме советувале, кај да одам
На клиника е 700 ден,а кај Толовски е 4000- 5000,ако имаш финансиски можности ти препорачувам кај Толовски бидејки мене на клиника ми беа катастрофа снимките.
Ве молам некоја за искуство ќе правам хсг, не знам дали да одам во гак или во плодност. Би сакала некоја од вас која што ја поминала птоцедурата на некое од овие места да ми напише искуство. Прво мислев да одам на гак но овде прочитав дека ден предходно треба да се отвори историја, а јас не сум од ск па би требало два дена по ред да патувам, а велат дека и снимките не биле добри, во тој случај цената ќе ми биде приближна како на приватно. И некоја што била во плодност да сподели искуство и дали може кај друг доктор освен кај Таше ако знае некоја.
Јас правев ХСГ во Плодност мислам дека беше 4500 можеш кај кој било гинеколог (Таше мислам дека и многу ретко прави) кога ќе си закажеш термин ќе ти објаснат поточно што треба да правиш. Процесот е краток и веднаш ги добиваш снимките.
Мене не ме болеше многу, бев проодна. Но, многу бев исплашена бидејќи читав дека некои многу ги болело, ќе се онесвестев од страв, можеби затоа ништо не осетив. Сепак не е страшно и болно како што мислев. Само обавезно после тоа да се напиеш апче за болки некое, и немај гајле.
Мене ХСГ ми беше најболно нешто, неможев да издржам, едвај го направија испитувањето, инаку двете туби ми беа непроодни и ми рекоа дека поради тоа биле болките. Кај Толовски правев, носи си влошка за после тоа. И неколку дена после испитувањето ќе имаш како менструални болки. Ама во секој случај, добро е да се направи, за да се види ако има некој проблем.