Не ме прашаа дали сакам со анестезија или не. Можеби така си планираат тие ради цената. Ако не е со анестезија можам да пијам нешто? Јас не планирам да го правам со анестезија
Ако сигурно решиш дека ќе ја правиш интервенцијата без анестезија тогаш слободно можеш да се напиеш нешто превентивно против болки
Фала за информацијата. Јас од почеток одлучив за без анестезија. Само кога се јавив разговоорот се одвиваше доста брзо не ме оставија ни да прашам што имам, ми кажа четврток во толку гладна, жедна и ден предходно лесна храна и неколку шолји чај од нане. И толку беше. И ми стана чудно оти читав овде членики што имаат пиено апче за болки затоа прашав. Сега јасно ми е која била целта.
Докторите и тие што снимаат знаат како треба најдобро дали гладен, жеден, со или без анестезија, ние не треба да се правиме паметни и да им кажуваме како да си ја работат работата. Но според мое лично искуство од кај Толовски можам да кажам што ми појасни по снимањето. Процедурата беше мн кратка и според сликите каналите беа проодни, но бидејки осетив мала болка и нелагодност на десна страна во извештајот стави дека имало мало запушување, што се проби со течноста. Колку толку десниот канал бил подзатнат може и била причина за неуспешните обиди, а тоа го примети според моја реакција за време на снимањето.
Ако сте зборнале за цена при закажувањето, 9000ден е со анестезија, (барем толку беше лани кога јас се информирав), а 7000ден без. @Nairobi88 апсолутно не се сомневам во стручноста и знаењето на докторите од Плодност, но лично сметам дека оваа постапка нема потреба да се врши со анестезија (зависи секако и од прагот на толеранција на болка), всушност никаде освен во Плодност не нудат анестезија за хсг, краткотрајна е постапката и болката е издржлива.
Да да затоа ти викам и кај мене беше без, дури не ми понудија друга опција. 4200 беше лани кај Толовски. После процедурата ми пиша антибиотик за да се избегнат евентуални инфекции
Прв пат кога се јавив, се јавив да се информирам за цена. Тогаш немав одлучено да правам таму. Ми кажаа хсг е 7000, а со анестезија 9000. Кога добив циклус се јавив да закажам ми кажаа рано е јави се на петтиот ден. Се јавив и ми закажаа за четврток. Не зборувавме дали со или без анестезија. Брзо се одвиваше разговорот. Како и да е јас ќе направам како што ми кажаа, но кога ќе појдам ќе им кажам дека сум за без анестезија. Во секој случај фала за информациите, секое мислење е добредојдено.
Седиментација може да испиташ било кој ден, нема правило, важно е да е под 10 вредноста инаку може да не ти направат хсг, бидејќи висока седиментација укажува на некое воспаление
За два дена треба да добијам, да почекам за да испитам или можам утре да испитам? Прашањето ми е дали ќе ми важи резултатот по отприлика 2 недели, ако испитам утре или да си почекам уште некој ден?
Рано ти е. Седиментацијата ја сакаат мирна за денот на хсг, па затоа велат 4-5 дена пред интервенцијата да испиташ. За да имаш време да пиеш антибиотик 3-4 дена до колку е покачена
Денес правев хсг, добро ја поминав постапката, болки минимални. После тоа си движев, апсолутно никаква болка не чувствував. Но како поминува времето имам тапи болки во цел стомак, не можам да ја локализирам болката. Како поминува време, се поинтензивна ми е. Се напив аналгетик, не ми помина. Се мислам дали спазмолитик да се напијам или да одам на ургентно? Нормални ли се вакви болки?
Ako se ko menstrualni bolki normalno e den dva da imas a i malku krvarenje ako se javi ne e strasno ...e sega ako se mnogu pointenzivni togas idi...
Не ми се како менструални, цел стомак ме боли од желудник до матка и лево и десно од под папокот (ваљда јајцеводите). Смеам да се напијам бускопан?
Па ако се за болки напиј се и јас тогаш пиев нешто но не се сеќавам што точно... но ќе помине денес утре секако обично ден два...
Девојки 18 ти ден од циклус ми е денес,на 10 ти ден правев хсг,денес имам темно-црвен исцедок и мали болки во стомак.Дали на некоја му се десило ова,и дали е овулација или ран циклус ?