Здраво девојки. Сакав да ве прашам да не има некоја искуство со болки 6 дена после ХСГ? Јас праев во понеделникот кај Толовски и имав лев запушен канал и десниот делумно запушен. По процедурата се отпушија и двата канали за среќа. Меѓутоа вчера 5и и денес 6и ден после процедурата имам многу болки, а посебно во левиот јајник. Пиев 1 доза азитромицин..
Јас немав крвавење воопшто. Болки да имав ама најстрашните беа дента на процедурата. Сега чекаме резултати за бебуш дај боже. Веднаш рече докторот можете да се обидете
Мене за жал не ми беа добри резултатите. Ти посакувам мн среќа и што поскоро да ти се исполни желбата
Девојки, дали некоја од вас испитувала дали е алергична на контрастот што го ставаат за ренгенот на каналите? Мене од кај толовски ме праќаат да испитам а незнаат каде спомнаа анчевски ама не правеле веќе се јавив. Дали имала некоја слично искуство? Позз
Хмм... а има сомнеж дека си алергична на нешто ? (А може го има во контрасот или ?) Да видиш каде и каков панел на алергени се испитува
Ме праша алергична си на нешто и кажав на амоксиклав а во контрастот изгледа има пеницилин и изглеа се од иста група на антибиотици, па треба примерок да ми дадат од контрастот и да испитам наводно анчевски испитувал ама се јавив веќе не па завчера некое девојче испитивало на клиника ама не знаат да ме упатат каде точно. Незнам како може да не се упатени за таа работа сега треба да се чудам каде го прават тоа. :/
Консултирај се со матичната каде ги праќаат за алерго тестови ќе ти даде инфо сигг а и каде работат моментално ради ситуацијата
Здраво. Ако може да ми каже некој колку време се чекаат резултатите од хсг и каде можам да го направам тоа испитување? И дали работат сега? Ви благодарам многу.
Можеш на приватно и државно. На државно не знам дали сега се работи тоа ама ќе ти треба упат од матичен гинеколог, па најубаво да си го прашаш матичниот. А приватно можеш , во систина или рентген толовски. Резултатите ги имаш веднаш после процедурата.
Јас правев кај Палчовски во систина 5850 ако сакаш пиши ми ке ти дадам број да се договориш со докторот
Успеав да испитам алергија на контрастот (со мачење да најдам каде се прави) и денес бев кај толовски, резултатите не ми се добри десен хидросалпинг а левиот прооден со атхезии.Е сега ме ставиа во мислење гинекологот ми рече двата се непроодни мораш лапаро да правиш или инвитро а кога дојде толовски ренгенологот ми рече едниот е добар прооден е и после два дена да имам активни односи. Секако ке закажам кај специјалист да видам што мислење ке каже дали ке бива со едниот природно или сепак морам прво лапаро :/
Оди одма на специјалист и ќе ти каже. Со еден секако се останува природно само прашање на тајминг е мене ми се непроодни и не ми советуваа да правам лапаро. Нема голема успешност таа операција во однос на отпушување, може само повеќе да се оштетат. Ама голема улога игра и тоа во кој дел од тубата е запушувањето. Затоа снимката и правец специјалист. Никако не се обесхрабрувај
Ке отидам секако ке закажам гинекологот што беше таму ми го предложи димитров во ремедика ама ке се консултирам па ќе видам кај кој. И кај тебе е хидросалпинг пошто читам дека тоа е некоа токсична течност што во иднина може да му наштети на плодот. Опција инвитро ти предложиа дирекно? ❤️❤️
Јас бев кај специјалист во систина и ми ја виде снимката и ми рече да не се мачам со лапаро. Ми рече со два непроодни сум само за ивф. Мене ми се и двете проодни се до делот пред јајникот. Таму се запушени. Брзо собрав документи и се надевам ќе ми одобрат ваучер. Може тебе ќе може да ти се отпуши со лапаро а кај некои случаеви и самото хсг ги отпушува. Како и да е најдобро ќе ти каже доктор.
@LunaGrey Те прашувам бидејќи си со запишени канали исто како мене па како ти беше после процедурата. Јас правев ХСГ во Четвртокот денес ми е трет ден сеуште имам болки од време на време и кога исцедок со посветла крв кога воденикав исцедок со розево не е многу ама уште не прекинува. Другарка една проодни и беа па ништо од ова немаше дали има врска дека не и беа запушени.