Здраво девојки мојот матичен гиниколог ми ги виде каналите на ехо и ми вика како што гледам супер се, но вика можно е на почетокот на каналите да има "мрежичка" што може да прави проблем е сега наредно што треба е хсг па ме интересира дали има некој правено со анестезија и каква е таа анестезија од кој тип
На ехо никако не можат да се видат канали. Ни со најсовремено 4д ехо не се гледаат. Само со хсг можат да се видат во каква состојба се. Анестезија не даваат нигде. Во систина може да договориш да ти стават нешто што ќе те зашемети, не ми текнува како се вика, ама нешто послабо од анестезија е. Можеш да се јавиш и да се распрашаш...
На ехо нема шанси да видат канали ХСГ со анестезија само во Плодност прават, 9000 ден. Колку е навистина потребно анестезија е дискутабилно.
На ехо не се гледаат каналите ... а за хсг можеш а и немораш со анестезија краткотрајна ко менструална болка е малку нелагодно но 2до3минути максимум... така да ти ќе си одлучиш
Девојки да прашам проодност на кој ден се испитува, дали треба претходни испитувања некои? Од Толовски како сте задоволни?
Хсг се прави 2-5 дена после завршување на менструација. Потребно е седиментација на крв пониска од 10 да имаш. Најубаво е да провериш неколку дена пред да го правиш ХСГ-то. И микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци. Брисевите на приватно нема да ти ги бараат, но пожелно е да имаш направено и да бидат чисти, за случајно ако имаш бактерија, да не се пренесе во матката. Ако сакаш кај Толовски да правиш, се јавуваш кога ќе добиеш и ќе ти закажат.
Фала ти многу. Прочитав дека многу одат кај Толовски, не сум од Скопје затоа и прашав. Брисеви имам чисти од пред 4 месеци, седиментација ќе проверам. Фала ти уште еднаш.
Толовски и Систина се опциите тука. На ГАК сеуште не прават. Те прочитав дека денес си добила. Таман можеш да се јавиш и да си закажуваш, да го фатиш месецов. Па ако е се добро, на прочистени канали има да летаат сперматозоидчињата и таман за роденден бебе
брисеви бараат и во систина и кај толовски. и да не бараат,пожелно е да се направат истиот циклус хсг кога се прави,не дај боже некоја бактерија накај матката да отиде. јас правев две хсг, едно февруари едно во март па два пати се правев брисеви, без разлика што беа едно по друго.
јас правев и кај толовски и во систина. 2000 денари е поскапо во систина ама искрено е многу подобро од толовски. кај толовски катастрофа ми беа снимките, затоа и морав второ да правам. ништо не се гледаше на нив. и самиот процес е мн по лош.стара е апаратурата,треба сам да се буткаш со нозе за да те сликаат а имаш цевка во тебе, мн е болно. во систина само лежиш и од горе сам те слика апаратот. брисеви направи си пак, не дај боже може ти паднал имунитетов периодов и ти се намножила некоја бактерија,а ако ја однесат накај матката со цевката, беља ќе направиш. јас правев во февруари едно хсг па во март, па два пати правев брисеви пред двете процедури.
Ова за кај Толовски не го знаев. Баш ме изненади. А многу таму прават. И за ГАК не знам како е, а баш ме интересира. А за брисевите знам дека треба да се чисти, ама баш и не им напоменуваат да имаат направено кога закажуваат, што не е во ред. Другарка ми правеше пред една недела кај Толовски, не и кажале, така си појде без. Јас ја убедував дека треба да има за нејзино добро, ама муабетот и беше да требало ќе и кажеле.
Се јавив, ми бараат и дека не сум алергична на пеницилин. Не знам каде да проверам тоа. друго се ќе средам и ќе отидам кај Толовски веројатно или Систина. Се јавив и во Органџиски ама таму морало и колпоскопија да правам и други прегледи па после ХСГ. Каналите да ги проверам, боли не боли ќе издржам, мислам дека тоа и ќе има ефект
Девојки. Дали би пречело тоа што имам бактерија уреаплазма за да направам испитување проодност на јајцеводи или ке треба да ја излечам прво?
Ништо тогаш. Се разочарав. Нареден месец да испитам пак само мокрача не мора брисеви? Или можам и сега да испитам. Завршив со терапијата. Извини ако не е за овде постот.
Јас правев пред две недели брисеви не бараат ама чисто за тебе направи си, а за алергичност на контрастот исто и мене ме пратиа едвај најдов каде се испитува бидејќи и самите не знаат да те упатат па на крај во Систина испитав а од кај Толовски само примерок ми дадоа од контрастот и си го однесов во Систина на дерматологија ме испитаа 4000 ден кошта. Се надевам ти помогнав
Мора брис од цервикс. Пошто цевката со контрастот се става таму. Мокрачата нема никаква врска со тоа. Почекај две недели и направи брис. Немој одма по завршувањето на антибиотикот, мора бар две недели да поминат за да биде реален резултатот.