Почекај 2 до 3 недели и направи повторен брис не со мокрача додека не ја излечиш несмееш да правиш хсг бидејки ќе си направиш полошо...
Ок. Фала ти многу. После наредна менструација тогаш ке биде би требало и тогаш да имаме веке зелено светло за обиди.
Колку време после процедурата е нормално да има болки? Правев вчера, после процедурата немав никакви болки ама ноќта ми почнаа и еве цел ден се осеќам како цела утроба ми е исшамарана. Денес ми покажа и позитивен тест за овулација ама болкиве не се баш како тие што обично ги имам.
Јас после процедурава и немав нешто баш болки. Со еден аналгетик си поминав. Иначе мислам дека шансите после ХСГ за забременување се уште поголеми, плус позитивен тест за овулација чиста десетка Бидете активни денес и наредни три дена, ако докторот ти дозволил односи
Веќе почнавме со домашно, докторот рече после 24 часа може. Рече дека течноста пробила некое запушување па се надевам дека ќе има некаков ефект месецов.
@LunaGrey Здраво мила, Знам беше со запушени канали па инфо што направи дали пред инвитро ке ги вадиш тубите или? Јас денес бев кај Димитров и ми рече дека мора да ги вадам и двата едниот ми е и хидросалпинг плус и некоа ептен мала преграда имам, па лапаро и хистеро ми препорачува да правиме. Да завршам со ова па следно ке мислиме на инвитро. Документите исти се за прибирање како и регуларно така за инвитро? Уште сум во шок и многу ни е тешко и на двајцата ама што се мора се мора ❤️❤️ Поздрав
Нема да ги вадам , зошто моите воопшто не се оштетени, тенки се и запушени се само во еден мал дел пред јајниците. А скоро цели се проодни. Дури еден доктор ми рече дека според него каналите ми се проодни и дека мисли дека можам природно да зачнам.Не знам , чудна работа , двајцата доктори што ми ги видоа снимките ми искоментираа дека не се проширени и деформирани , не изгледаат на воспалени, напротив на нормални изгледаат па рекоа да не ги чепкам. Не знам заради што дошло да се запушат во мал дел ама ете... си поднесов барање јас за ивф, документите се стандард тие, само нас со запушени канали не ни бараат инсеминации. Немој да бидеш тажна, прифати дека едноставно таква е реалноста и биди позитивна дека ќе успееш. И мене ми е тешко на моменти и си велам зошто мораше вака ама не можам да променам ништо па ми останува само да се надевам. Среќно
Јас бев со затнати канали,и не ми се извадени. Преграда немав никаква па добро ти сугерирал докторот за лапаро и хистеро. За бременост ми рекоа само со Ивф. Така и беше останав од прв обид сега имам бебуле од 8 месеци. Знам дека е шок и тоа голем и за двајцата ама со поддршка меѓусебна со љубов и пред се надеж ќе успеете. Ако треба уште нешто слобпдно пиши ми.. Среќно
Јас правев хсг во Гак и имав многу болки за време на интервенцијата поточно моментите кога ми ја вбризгуваа течноста. Иначе сум со еден јајцевод заради вонматерична ми го извадија десниот. Резултатите за левиот ми беа супер, но читајќи ве дека ако има болки при интервенцијата значи дека каналот е непрооден, почнав да се сомневам во резултатите. Некоја со слично искуство? Инсче продолжуваме со обиди ама никако да се фати...
Искрено да ти кажам незнам дали е вистина. Кај мене и двата се непроодно и јас имав болки баш како што опиша додека ја испуштаат течноста. Јас правев пред 1 година кај Толовски.
И јас имав болки. Исто на ГАК.Дури после интервенцијата ми се слоши. Проодни ми беа јајцеводите. Имам едно детенце и бремена сум со второ
Јас правев на Гак ми беа двата канали проодни а имав ужасни болки,и 3 дена после интерврнцијата исто имав болки Работевме на случајот после интервенцијата,нели шансите се големи така викаат ама ништо... после 9 месеци останав бремена и тоа со висок пролактин...така да нема правило,кога е речено тогаш
Мила јас правев хсг левата туба ми беше запушена,док пред ин витро ми кажа мора хистероскопија да направиш,ништо не се плаши се ке се среди...
Феминки, денес попладне треба да одам со братучетка ми ќе прави хсг во Систина... Сакав да прашам дали после прегледот имавте болки и дали лежевте? Јас сум бремена и не знам колку е паметно јас да одам со неа или да викнеме уште некој?
Јас на ГАК правев, мене ми се стемни после процедурата, во приватниве не знам како прават, дали користат и анестезија... Ако треба да ја придржуваш, подобро друг да оди.
Немам правено хсг, но по коментариве било 5 10 мин , отпосле уште 10 мин ако оставале да полежиш и толку мислам јас така разбрав барем. Со ситуацијава нели е попаметно да оди сама па ете да ја чекаш отпосле да се видите, сепак си трудна? Мое мислење е дека е ептен кратка целата процедура па нема потреба да одиш секако нема да влезеш со неа. Ако и е многу страв од болки нека се напие б6 нека проба да се смири. Сепак е систина и да и се слоши нешто не верувам дека така ќе ја пуштат да си оди одма. И посакувам на братучеткати да помине лесно и да е се во ред. Баш пиши ни како ќе помине какво искуство ќе има. Доколку не останам трудна месециве до крај година во план ми е и мене или кај Толовкси или Систина.
Зависи дали ќе прави со или без анестезија. Ако е со анестезија ќе ја остават да полежи во болницата, ако е без ќе ја боли неколку секунди додека трае снимањето и после тоа нема да има никаква мака. Јас бев сама, после преглед у кола си отидов дома без проблем. Имав болки два три дена после тоа, ама тоа е нормално. Пред снимањето се напив кетонал и спезмекс.
Важно е да оди со некој со кола целата процедура е 5мин ...малку ќе и е нелагодно ама може слободно да отиде до кола и дома да си полежи ако има болки...со оглед на ситуацијава тепко и дека ќе те пуштат со неа а и подобро да неодиш ти туку некој др , ако е изводливо секако...
Колку што знам хсг се прави со анестезија тој ден не и е паметно баш да вози без разлика колку саати се поминати од анестезијата, а не е ни паметно ти да влагаш по болнициве ако немаш потреба колку што знам во систина има доле за седење едино таму да ја почекаш ако нема гужва и да ја вратиш дома
Зависи дали е паничарка дали и е страв и дали а и искрено одна се кажува каква е состојбата.Методот на почетокот боли како штипење ама за мене беше многу стресно се вознемирив и јас и сестра ми.И додека бев внатре дознав дека сум без еден јајник.Подобро барем некој да ве вози.Постапката ја прават на радиологија во Систина.