Јас правев без анестезија. Почувствував силна менструална болка која траеше максимум 3 минути. Немав претходно ништо против болка пиено. Ако имаш висок праг на толеранција оди без анестезија. Мене после хсг-то ме болеше повеќе, отколку за време на самата постапка.
Зависи колку можеш да толерираш болка. Јас не пиев ништо и без анестезија правев. Имав силна менструална болка но кратко трае се издржува, по хсг бев како нова.
Sivce те молам дали се сеќаваш колку те чинеше процедурата кај Толовски? Треба да одам матичната ми препорача таму да одам па да знам да се спремам финансиски. Фала однапред
Според мене немаш потреба од анестезија, болката е минимална, краткотрајна и се издржува. Инаку сум плачка по природа
Па се е океј само едниот канал е прооден а другиот до некаде но докторот мисли дека можеби сум имала некоја инфекција па затоа така покажува и ми даде апчиња пијав и рок од 6месеци па доколку ништо лапараскопија и повторно хсг ... се надевам ќе биди не би требало да има проблем бидејќи сум прилично млада ....
Здраво девојки! Кој доктор би ми го препорачиле од Систина за хсг и дали знаете која е цената,ако некоја правела таму?
Тој што е дента на смена да прави хсг снимки ,тој ќе ти се падне сите се ок, не ти треба некој посебно за таа процедура. 6300 ден беше ако не грешам. Кога ќе добиеш се јавуваш да закажеш, обично 9ти,10ти ден од циклус се прави. Негативни микробиолошки брисеви треба да имаш и ниска седиментација.
Кога одам на преглед си закажувам кој доктор. А не е и за тоа да закажам кој сакам? Имам бактерија, значи ќе треба да ја излечам па да одам фала ти!
Не одиш на преглед. Се јавуваш на фиксен во систина ало сакам да закажам хсг , на таа и таа дата ми е 10ти ден од циклус имате ли слободен термин? И таа ти кажува да дојди тогаш и тогаш во толку саат. мораш чисти брисеви да имаш. Ти ставаат катетар кој низ цервикс иде до матка, ако имаш бактерија ќе ти се пренесе во матка а тоа не чини.
Јас правев мај 2019 во систина и си закажав кај З.Палчевски. Правев на 7ми ден од менструација, брисеви чисти имав, а седиментација не ми побараа. 5.900 платив