Девојки, дали уште истиот месец кога се прави хсг , може да се пробува да се забремени или препорачливо е да помине еден циклус? Дали има некаква врска рендген зрачењето? Какви совети ви дале гинеколозите....
Јас кога бев кај Толоски, гинекологот што беше таму (не знам име презиме кој беше) ми рече да апстинираме 2-3 дена само после тоа најнормално да си пробуваме. Истото ми го препорача и матичниот гинеколог. Бидејки често се случувало после хсг да дојде до зачнување.
Јас денес бев на гинекологија и ми рекоа кога ќе добијам да отидам пак за да ми закажат за хсг. А ми рекоа дека седиментација треба да ми биде под 10, а мене ми беше 11 на последната крвна слика. Е сега не знам кога да проверам пак, дали сега пред да добијам или од како ќе добијам?
Јас проверував на 3 ден од циклус, во систина правев хсг и ми кажаа седиментација да проверам на 3-5 ден од циклус.
Јас испитав седиментација на вториот ден од кога добив и ми беше 6. Инску кај толовски ако правиш бараат да имаш под 15 ако ти е повеке ке ти дадат таблети за да се симне.
Завршив работа, направив вчера хсг на гинекологија. Во понеделник чекам резултати, се надевам ќе биде се во ред. Да го споделам моето искуство за оние што немаат правено. Јас не почуствував болка, ептен минимална, како менструлна. Траеше кратко за 2 мин заврши се. Џабе се плашев толку
Здраво девојки! Дали тие што имате непроодни јајцеводи ви доаѓа редовно менструација. Дали при делумно или целосно запушени јајцеводи циклус е редовен,или има некое нарушување во истиот.
Уф..Мене редовно ми доаѓа на 29ти ден, се сомневам во непроодност со оглед на тоа што 2год сме со безуспешни обиди за бебе. Се решив конечно да правам но имам esherihija која морам да ја исчистам па да правам хсг.