Ден пред ХСГ направив крвна слика со седиментација. За резултати ми рекоа после една недела. И ако на кратко од тоа што видоа ми кажаа дека имам проодни канали, меѓутоа имам некоја сенка изгледа преграда па со резултатите ке видиме што понатаму.
@Tukuluk мене ми беше така 2-3 дена. Самата постапка не ми беше многу болна, ама потоа... После 10тина саати после хсг-то мислам дека умирав од болки.
Девојки дали некој од вас правел хсг во њу борн, искуство? Па ме интересира што е потребно за да закажам и на кој ден е најдобро да се прави
На извештај десна проодна лева целосна опструкција...Дали со кломифен ќе ми се зголемат шансите за овулација на десен јајник? Премногу се разочарав..
Немој да се разочаруваш, сигурно знаеш и сама дека и еден јајцевод е сосема доволен за да дојде до природна бременост. Ако евентуално левиот јајник ти е поактивен, верувам дека со кломифен ќе се постигне овулација и на другиот. Можеби баш тука бил проблемот, па ова е решението. Во секој случај јас би се обратила со снимката кај искусен специјалист за да ми каже каква е состојбата на левиот јајцевод и дали има потреба нешто да се превземе. Сепак, те молам, не заборавај дека додека има еден прооден секогаш има шанса да останеш природно бремена
Ми рече дека ќе се обидеме некое време по природен пат па ако не оди следи операција таман и матката да ја средат пошто ми е мала работа оформена како Т буквата ама не би требало тоа да претставува голем проблем. Фала ти на утеха многу!!
Јас бев сабајле. 7000 денари платив без аналгезија. На телефон ми рекоа дека тест за корона ке морам да направам па не ме ни пуштија за тест ни ништо. Кај мене се е во ред. Проодни и двете јајоводи но поминав болно. Од страна на персоналот многу сум задоволна. Најбитно е да се опуштиш. Ти посакувам со лесно и проодни јајоводи.
Здраво девојки, ме интересира за ова(треба да правам) некој што е поминал дали боле, колку е цената и каде е најдобро да се направи(каде ќе ми препорачате)?
Јас правев во Плодност и ме кошташе 7000 денари. Ќе ти дадам еден совет. Ако правиш без аналгеза да си јадиш пред интервенција и пола-еден саат пред интервенција напиј се апче за болка.
Докторката ми рече сега може мрцварење и чекање да е на клиника, во Систина варираат постојано цените од 4000 до 7000 одприлика, а кај Толовски 4200, многумина кај Толовски оделе, воедно и јас се одличив така