И јас сум така на ХСГ не покажа септум а кога се направив хистероскопија септум од 2.5 см пола матка зафатена ради него имав 2 спонтани абортуси.
Фала за одговорите. Во Среда закажав кај др.Трајковски во Њуборн па ќе видиме што ќе каже. И кај мене има септум што треба да се отстрани. Ако и каналите се проблем, нема да биде доволно хистероскопија. Во секој случај, секако ќе направам уште едно хсг, овојпат во Систина.
И јас двапати правев ХСГ. Првиот пат не можеше да се добие слика од каналите, најверојатно затоа што бев премногу стегната и исплашена. За 3 месеци направив нова снимка (овој пат мислам дека се напив магнезиум и некоја таблета за смирување на природна база) и снимката излезе во ред, каналите беа проодни.
Здраво девојки, Закажав во Систина за ХСГ кај доктор Јорданчо Иванов, дали некоја од вас има искуство со тој доктор ?
Супер милаа све е како што треба ама др.Бојаџиев ми го правеше малце некоја секунда болка менструална ама све е во ред проодни се матката е добра така да сега на бога си оставам кога сака нека биде тогаш за бебче
Дали некој скоро правел хсг кај Топовски? Како сте задоволни, дали цената е иста како што прочитав во претходните мислења? Јас имав упат за на гак да правам, кога денес одам лично за да ме закажат, а тоа апаратот им се расипал. Ќе почнеле да прават дури од 14 ти, а мене не ми одговара тогаш. Башка уште јуни правеле, па продолжувале дури во септември. Па додека лутам по лавиринтите на државно здравство, ме копка да знам на што сум макар и на приватно.
Sedimentacijata se pravi najmnogu 2 do 3 dena predhodno pred samata procedura. Inaku jas prave vo Sistina, kaj Palcevski, totalno opustena, iako mi bese strav, i se pomina ok. Pozdrav i so lesno.
Здраво! Закажав да правам HSG во вторник во Систина. Поради тоа што доцна ги направив микробиолошките брисеви, наместо на 10ти ден ќе го правам на 11ти ден од циклус. За седиментација ми рекоа да направам до 5 дена најдоцна пред терминот, јас правев вечера и ми беше 12. Останата крвна слика ми е во ред. Дали ќе ми направат проблем во Систина поради повисоката вредност? Што можам да направам за да ја симнам до вторник?
Мила јас правев во систина не ми ја ни побараа седиментацијата ми беше 11 ка а во систина дозволуваат до 20. Ова го правев пред 1 месец.
Фала на брзиот одговор. Јас планирав да отидам утре сабајле пак во лабораторија, ама штом е така нема потреба да комплицирам. Дали е проблем што HSG ќе биде на 11 ден од циклус?
Здраво. Да прашам кога се прави ХСГ ,дали пред пиење на кломифен? Гинекологот ми препорача кај Толовски. Дали има некоја искуство кај толовски? Дали може во ГАК или премногу се чека?