Мене двата ми беа запушени, никој не сакаше да ми прави ивф без претходно да се направи лапаро-хистеро. Направив операција, се исчистија двата. После тоа имав 3 неуспешни иуи па останав природно бремена (значи година и нешто после операцијата). Со среќа !
Седиментација на кој ден испитувавте? Митко рече на 5ти ден у толовски рекле 2ри Па излегла висока (над 20) им рекле нека ви дадат сумамед да се намали …
Од што 5ти ден? Знаеш дека седиментација може да биде повишена од мн фактори. Можеби 5-6 дена пред хсг-то е фино да се провери за да има време да се намали. Иако кај мене ни 3 дози сумамед не ја намалуваат. Јас сум константно со мин 20ка седиментација.
Митко рекол на 5ти ден исто и Черепналковска од промедика Ама овие у толовски изг немаат поима рекле на 2ри ден. Ништо сепак ќе прави Систина, они не побарале Ама за мирна глава
Седиментација е најчесто повисока за време на циклус. Сега зависи колку повисока, ама малку над граница може да биде. Тоа и доктор ми го кажал и сум го прочитала на мн места. Јас конкретно пред хсг правев на 9 ден од циклус, а хсг-то го правев на 10ти ден. Морав така зошто циклусот знае да ми е прилично долг и на 7ми,8ми ден знае да има по некоја капка. Убаво се сеќавам еднаш на систематски од работа ми беше благо покачена, но имав циклус, околу 3 ден беше тоа, ми кажаа дека е во ред. @eli25 еве и од нет нешто што најдов, секаде е истото. Мене во Систина па ми рекоа ден пред процедурата да испитам, а кога ќе е процедурата зависи нели најмногу од траењето на циклусот Спојлер: Седиментација во циклус
Не знам веќе, тоа се основни работи, или се неинформирани или толку се замараат со нас. Ама девојчето да пие сумамед за џабе, ако за 2-3 дена и е океј, стварно нема потреба. Секако после постапката даваат превентивно цитерал. Е сега, ако била над 20 можеби сепак ќе и биде и инаку малку над граница, нека се консултира пак со доктор. Може на тоа мислеле кај Толовски, не знам. А, во Систина нема да и направат проблем и да и е и малку повисоката, тоа си пишала и ти мислам. Ама за неа е добро да е океј. Ајде нека и помине со лесно.
Да, тие бараат 15ка, а инаку се бара до 10ка. Па си викам затоа да не го направиле до 15ка, зошто им викаат на девојчињата за време на циклус да испитуваат. Ајде и кажи и да не се плаши, не е страшно. Кога ќе се сетам колку бев стресена. Нека се напие нешто за опуштање на мускули, да не е мн згрчена за време на процедурата. Важно е да е опуштена за полесно да помине растворот.
Здраво женчиња Неможам да најдам на форумов дали има некоја пишано за тоа што јас сум во недоумица Можно ли е да имаш проодни канали,да останеш бремена 2 пати спонтано и тоа многу брзо,завршуваат со спонтани во 6 и во 8 недела и после тоа цела година да не се може да се остане бремена. Може ли во таа година дена каналите да се запушиле? Во недоумица сум
Може, зошто во тој период после тоа да дојде до запушување од инфекции, каналите од инфекции се запушуваат кои јас лично не сум ни била свесна дека ги имам брисеви ок секогаш ама ете кај мене и до хидросалпингс дојде па ги затворивме
Закажав и јас конечно хсг, во систина на 6 јули, кај Јорданчо Иванов... Држете среќа, ќе пишам за искуството, нек бидне само ко шо треба.
Kako moze da se proveri termin za HSG? Kade drzavno se pravi? Vashe mislenje kade e najdobro da se napravi? Pozdrav.
Мене матичниот гинеколог ми кажа дека битно да немам крварење кога ќе испитувам седиментација. Сега ве читам и малце во збунка сум. А во Систина кога е цената за ХСГ?