Здраво имате информации дали почнаа со хсг на клиника бидејќи требаше да правам ама заминаа на одмор. За на клиника прашувам фала однапред.
Па им правеа два пати во Систина , хммм… Демек дека не се скроз непроодни да пробале …. Да не ги мафтосувале, ама не верувам , Митко е , он е барем саглам
И мене ми бараше Митко инсеминацији ама матичен гинеколог ми кажа нема потреба и одма ми дадоа ваучер
Тоа не ми го кажа гинекологот. Претпоставувам кога ќе се јавам да закажам ќе ми кажат дека треба да приложам и тоа, така? Ве читам, ама не ми беше јасно со референтните бројки малку... Ако не се добри, не можам да правам hsg?
Мене не ми побараа пред еден месец. Гинекологот ми закажа и ми рече да направам седиментација, но таму кога отидов ништо не ми побараа.
И да не ти побараат седиментација направи си. Ако е висока ќе им кажеш (или со матичната ќе се консултираш што да правите). Исто и микробиолошки брисеви направи си, за да бидеш сигурна дека се чисти. Доколку има бактерија, најдобро е да се одложи, се додека не се излечи, поради ризикот да се пренесе во матка при процедурата.
Јас да се пријавам дека денес правев хсг на гак и добро поминав, не е ништо страшно. Боли како кога треба да добиеш. Може да си правите и на гак, љубезни се и пазат на се, не мора приватно да одите и да плаќате многу повеќе.