Здраво.Денес правев ХЦГ кај Толовски.Ми напиша наод дека левата туба ми е проодна а дената туба е со атхезии.Потоа ми рече проодни ти се каналите. А видов на нет дека атхезија значи слепување .Матичниот ми ги виде снимките и ми рече дека се е во ред.Дали треба да се загрижам за атхезите на десната туба
Мене повеќе ми беше страв отколку болно.Додека чекав на една жена и се слоши па ја освестуваа и мене толку ми требаше целата бев во паника.Постапката ја правеа Толовски ренгенолог и еден гинеколог а не прашав за име беше висок со очила.Траеше 5 минути , се соблеков легнав ми рече дека сега малку ќе ме штипне и дека малку ќе боли и така беше, потоа го пушти контрастот ,толоски направи три слики и толку беше.Осетив само блага болка на десната страна.Почекав 10 минути за снимката ,влегов кај докторот толоски ги виде снимките и ми кажа наод.Целата процедура беше заврсена за 10 минути.
Дечки дали може да ми препорачате каде се прави на приватно ХСГ, и дали се прави со анестезија? Кои се цените, каде би препорачале? Исто и за 4Д ехо.
Јас ХСГ правев кај Толоски, цена 4.200 ден. Нема потреба од анестезија, болката е краткотрајна и издржлива (барем за мене )
Jas pravev vo Ordinacija Tolovski bez anestezija na privatno Mislam bese 4200ne sum sigurna, a 4d si pravev kaj maticniot.
Хсг во Скопје само Систина ( околу 5 200 мислам беше) и Толовски (за таму ти пишале цена) Можеш и на клиника. Јас правев Систина . Презадоволна. Сакав со анестезија,ама докторката ме "опушти" , не беше нешто болно. Минута ,две. Пред зафатот си мавнав дијазепамче и трамадол. Јас имам многуу низок праг на толеранција на болка и ненормално сум паничарка,ама ова чудо не ме болеше
Јас правев денес хсг кај др. Толовски. Не осетив никаква болка, ниту пиев нешто пред снимање, некаде околу 2 мин траеше се, Извади 3 слики, цена 4200 ден.
Проблемот е што кај него нема 4д ехо, а на женава и требаат и двете работи. Ептен сега почнуваат со испитувања, малку изгубени се, за секое испитување различна болница...
Епа така си е за секое испитување во различно место. Јас на пример: *ХСГ: Толовски *Лапароскопија/Хистероскопија: ГАК Државна *Хепатит Б,Ц,Сида: Инфективно Државна * Брисеви: Микробиологија Државна * Спермограми: 1 во Букурешт, 1 во Авицена, 1 Ендокринологија * Крвна слика: матичен лекар * 4Д ехо: матичен гинеколог И да се плаќа се приватно и да е исто место (пр.Систина) пак нема се во 1 ден да се заврши и башка многу пари ќе отидат. Треба време и трпение, тоа е.
Здраво, сакам да ве прашам дали некоја знае дали при проверка на проодност на каналите може да се види дали каналот е оштетен? Имам само еден канал, редовен циклус, а на тој истиот канал имав прилепено циста која пред 3 месеци ми ја извадија. Има ли некој слично искуство? Фала однапред
јас мислам дека би требало да може, ке се примети по течноста ,контрастот кој ке го вбризгаат дали пробива и се излева во малата карлица
Можат да видат доста работи запушување, искривувања, насобирање течност..ама кај мене на запушени канали утврдени со ХСГ потоа ме упатија на лапароскопија да видат подетално дали може да се отпушат и какво е оштетувањето.