@mariz не знам за Ск, јас во Плодност правев. Со аналгезија, не осетив ништо. Мислам членка сега брзо имаше пишано за на приватно таму, дали Систина или Ремедика беше, дека не и побарале седиментација да испита. Нека се распраша подобро телефонски, и цените се различни. На државно не ставаат ништо за болка, ама не било страшно, ептен е кратко снимањето неколку минути. Микробиолошки брисеви бараат негативни исто да се.
Брисевите и се добри. Седиментацијата и беше 24, сега е 17 со пиење на 2 дози антибиотици за Ешерихија пред 2,3 недели.. Фала
Zdravo devojki edno prasanje posle hsg mi prepisaa citeral rekoa 5 dena da gi pijam no jas samo 3 dena piev prasanje iskustvo dali nekoja gi piela i dali smeam da gi prekinam naednas
Женски, на кој ден од циклус се прави хсг и пред и после постапката колку дена не треба односи? Бидејќи сакам и овој месец да ги искористам плодните.
Отприлика од 7 до 9 ден од циклус се прави. За пред односи не верувам да смета ама не би било добро да пробуваш во случај на бременост, а после мене ми рекоа од следен месец може веќе.
Чек, после постапката не смеам да пробувам? Пример ако правам на 7ми ден, тоа доаѓа следниов понеделник, јас веќе од 9ти 10ти ден да почнам со пробување
Не мене ми рекоа од следен месец да пробувам, зошто и антибиотици ќе пиеш после постапката, ипак е тоа е радијација и затоа не препорачуваат. Имаше една пријателка одма остана истиот месец па беа у паника дали ќе биде во ред ембрионот. Ама сепак ќе ти кажат таму кај што ќе правиш
А мене после снимање на проодност, баш ми рекоа после 2 3 дена да сум се ,,гушкала“ со маж ми, ја цитирам сестрата. Ова на ГАК.
Еден куп жени имаме останато одма после хсг тука трудни. Кај сите било се во ред. Мене ми рече гинекологот дека застарено мислење е тоа, во моментот на снимање нема оплодена јајце клетка секако.
Може мене така ми рекоа тогаш, а ова за пријателката да во ред беше се, ама ептен под стрес беа ги испаничиа многу, ама секако како ќе кажат кај што ќе прави така
Еве да ти кажам јас правев кај Толовски и докторот кога ги прочита резултатите ми рече овде гледам супер резултати и проодност така да почекај 3/4 дена да се среди крварењето од постапката и после можеш одма со обиди да биде овој месец Јас правев 7ми ден од циклус
И мене Др. Таше во Плодност исто ми рече. Да заврши крварењето и работете Јас правев на 11 ден, а со задоцнета овулација останав по 10 дена од прилика по хсг. Има жени и по 2-3 дена што остануваат.
Фала ви, женски. Дали микробиолошки брисови од 25.02 би ги прифатиле? Сега и тоа наново да правам немам кога уствари, не може брис при мензис да се зема. Така што мора од претходен месец да се, нели?
Кај Толовски правевме чистење, па хистерпскопија па повторно чистење, па лапараскопија па пак чистење, и еден многу еминентен доктор да не го имемувам и напиша дека има СЛАБО ПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ, СВЕ ДА МУ Е... И клошарите не ни дадоа директно ин-витро без инсеминации а инсеминациите беа ризик заради хормоните, кој и така веќе се поебаа... Ако мене ме слушате не ја правете мојата грешка, јас на 36години си го ебавме животот потрошивме вагон со пари, не ја барајте грешката или документи за жена, полесен е патот за маж да извади слаба спермс и автоматски идете на инвитро...
Јас правев на 9 ти ден од циклус, се помина во ред, немав запушување,и боли 3-4 минути како појака менструална болка, која ја издржав и без таблета за болка, така да само напред, и кај сите успех
Да, имам читано членка овде одма што остана бремена, зависи од овулацијата. Битно зголемени се шансите после хсг и да биле проодни каналите.
Јас правев ХСГ на 17 а на 22 имав овулација нз зошто ама имам повеќе надеж @kristina.k ми влеа некако надеж кога пиша дека истиот месец останала ,така да стискајте палци на 06.04 да не добијам и да си ги видам II цртички