Мислам дека не треба да се постари од 6м микробиолошкоте.Мене во плодност само ме прашаа дали имам ни проверија ни видеа резултати нешто.
Сега се јавив во Плодност, закажав за на 8ми ден хсг. Кажаа да не се постари од 6 месеци да. Е сега јас на последниот брис немав бактерија, едино кандида, ама ставав вагиналетки и не повторив брис. Ја препрашав сестрата дали би пречело, рече сте зеле терапија и толку. Сега ми е мисла, да не пречи нешто, не знам леле кажете. И плус, рече ве припремаат за постапката, ставаат анестезија, и после сѐ ве будат, некако сега се мислам, ми е страв, дали да земам анестезија или не. Бидејќи нешто спомна лежете, ѝ викам а колку лежам, па мора да полежите и да немате анестезија вика, ради болки, како ќе се осеќате. Сега сум шуби дуби
@elenaklasik тие кажуваат со анестезија дека е, ама ти нема да си воопшто заспана, само обезболен е процесот со аналгезија. Тоа е припремањето. По 2-3 минути ќе помине дејството на аналгезијата и свесна ќе си, толку е снимањето. Лежиш во амбуланта пола саат од прилика да се стабилизираш и те пуштаат дома. Одма го даваат резултатот, јас барав и доктор да ми го прочита.
Јас би те советувала без анестезија да си бидеш,верувај нема потреба.Прво те примаат, тест за корона правиш,па во соба ти стават канила(мислам се вика) прашав зошто ми рекоа за секој случај да сме спремни.Претходно се проблекуваш ти даваат тие спавача и чекаш да дојдеш на ред.Со количка те носат долу легнуваш на ренген и се трае 2/3минути полежуваш таму,те качуваат пак горе и остануваш да лежиш едно пола саат +/- Во меѓувреме резултатот го сработуваат плаќаш,бараш доктор да ти прочита и тоа е тоа.После со функционираш нормално,односи имавме после 2-3дена. Еве цела постапка како иде,јас правев пред некој месец во Плодност.
пред неколку месеци правев ХСГ во Систина, без анестезија. Болката е повеќе непријатност отколку било што. Ама јас и психички се спремив дека и да боли ќе издржам и ќе се напијам кетонал за да ми ублажи, ама немаше потреба. Лежев некои си 15тина минути, резултати одма и дента мирував. Освен седиментација, друго ништо не ми бараа.
Ми рекоа претходниот ден лесна храна и неколкупати чај од нане да се напијам. А денот на проверката да не земам никаква храна ни појалок. Ништо не смеам ич ич? Ќе патувам, како ќе издржам од сабајле се чудам
Ништо не смее, јас и се прочистував со сируп, така беше процедурата тогаш. Земи си со тебе нешто за после снимањето.
Да не мислиш на катетер, место канила? Ти беше без анестезија, колку те болеше? А бе вака можам да издржам, и менструални болки сум издржувала, и пап тест колку е непријатен, а ова немам појма колку е сето болката.
Скрос исто ми беше како пап тест или како прв ден кога треба да добијам и ми пробива. Мене менструациите ми се преболни првите два дена, па може затоа сум навикната на таква болка/непријатност. Мој совет, не му ја мисли многу, само следи ги насоките и глеј да си опуштена и да си смирена.
@elenaklasik не ставаат катетер, канила во раката ставаат за во случај да е болно за пациентката. Така ја ставаат аналгезијата пред снимањето, преку канилата. Стварно е прекратко снимањето, размисли си, сите велат дека се издржува болката.
Ајде да имаш слатка пролет, со мешле Како помина на постапката, сподели искуство, чувство... Леле некако аверзија доживувам само што ќе помислам. Ептен се кочев и велев ајде дури се спремам психички, можда ќе забременам, ама бидејќи не бидна, морам да го проверам каналчето. Свето пресвето едно и единствено, нека би проодно!
@elenaklasik со лесно да поминеш и за брзо со две цртки на тест после. @Lady...S се надевам ќе е исто и кај тебе, пуштам среќа за позитивен тест.
Фала ти мила фала Да бидам искрена мн лесно поминав јас бев со аналгезија исто во Плодност бев само ми побараа негативни брисеви ми направја ковид тест ми ставја канила во раката полежив 10 тина минути стигнав на ред ,со количка ме однесоа долу докторот беше мн фин (и таму се разборував ) се наместив за снимање и се на се ми се чинеше како да трае 1 минута мн минимална болка осетив дури и кога ке добијам циклус ми е огромно поголема и пак ме кација горе 20 минути си полежив за секој случај ми ги дадоа резултатите ,и дури ми е криво зошто толку се плашев и не сум пошла порано
Супер! Сѐ во ред, баш ми е мило. Сега сигурно полесно ти е. Сега наредно што побрзо едно позитивно тестче.
Не ми побараа во Систина вакво нешто, доручкана бев и кафе се напив. Ова е снимање и нема врска колку што ме информираше докторот.
@elenaklasik мене ми кажаа после 18часот ништо да не јадам само чај,бистра супа,и вода ама ништо од тоа не внесов сабалје ни вода се до интервенцијата...после тоа можеш се патував и јас,се издржува. Имав болки затоа што едниот само ми е прооден а другиот не. Не се секирај ќе поминеш лесно,ќе си кажеш сама зошто си се нервирала и плашела @Lady...S дајбоже две цртки за брзо време кај тебе, самата интервенција на каналите делувала како дезинфекција така да има и голем процент што забремениле после хсг.