Грешка си, плус 2000 е аналгезијата. Јас се јавував да прашам пред 3-4 недели бидејќи требаше да правам ама во меѓувреме останав бремена.
Женски, дали после хсг ви дадоа антибиотик? Јас прашав во Плодност, сестрата рече не мора, само ако имам болки во текот на денот да земам апче. Инаку во однос на постапката, да пишам и тука. Не зедов анестезија, не ме болеше, онака како менструална болка слаба. Десната туба ми е извадена, левата не помина контрастот низ неа. Матката е ок. Чекам да ги види резултати Таше, ама изгледа ќе треба пак лапароскопија.
Здраво на сите, јас имам едно дете (со царски сум породена) и после тоа три спонтани. Докторот ми препорача да направам HSG, рече дека може ми се запушени каналите од киретажите. Многу се мислам, не знам дали навистина е потребно. Дали има некој слично искуство?
Здраво, јас треба следен месец да правам хсг по спонтаниот од месецов. Како што прочитав е кратка и не многу болна процедура каде со контраст се проверува функционалноста на јајцеводите, т.е дали има некое запушување. Доста членки имаат пишувано на темава..и мене ми е малку страв но и блиска личност беше на истава процедура и ми кажа не е ништо страшно. Убаво е да се провери заедно со другите испитувања за планирање на следна бременост. Ти посакувам позитивни вести.
Здраво дали некоја од вас е правела кај Органџиски и ме интересира во кој ден се прави (ко хормони на 3 ден?)? П.С. пред тоа што имавте испитувано? (пап тест јас до сега се сите во ред, хормони,денес, спермиограм во ред)
Јас знам случај каде што имале правено киретажа па после тоа каналите се запушиле. Незнам дали ова се случува секаде, но штом и докторот те советувсл за тоа направиси. Трае околу 5 мин и пократко, болно не е, но е малку непријатно.
Се прави од 6 до 10 ден кој ден ке си закажеш во сите клиники е исто, инаку требат чисти микробиолошки брисеви и седиментација да испиташ претходно
Доколку сега имаш проблем повторно да забремениш обавезно направи. Првото го родив природно, потоа имав спонтан и ми правеа киретажа. Не можев да забременам и правев хсг. Каналите ми беа проодни но се откри друг проблем кој настанал како последица од киретажата и пречеше на забременувањето. Правев хистероскопоја потоа и еве сега веќе си ја држам втората среќичка во раце. Така да мој совет е да направиш. Зафатот е премногу краток, неколку минути трае. Малку нелагодност ама не е страшно. Се издржува. После ќе си раат. Со лесно
Премногу ти благодарам за споделување на искуството. Јас немам проблем да забременувам, ама ги губам меѓу 7-9 недела. Ми открија тромбофилија, па затоа се мислев дали и хст е потребно. Фала ти и многу ми е мило за твојата среќичка