Проодност на јајцеводи (HSG)

Дискусија во 'Бременост' започната од mace12, 29 мај 2011.

  1. Jovana13

    Jovana13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. Зошто ти рекоа да правиш хсг? Имаше некои други индикации или само заради киретажата? Јас имав три спонтани и дури сега сосема друг доктор ми спомна за ова.
     
  2. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    9.586
    Пол:
    Женски
    Мислам им е стандардна процедура во приватниве :) веке рекоа дека било се во ред едноставно се случил абортусот. ..не ни прашав искрено од што сум решена се да испитам само да имам втора успешна бременост :)
     
    На Jovana13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    2.483
    Пол:
    Женски
    Штом ти откриле тромофилија ќе треба клексан да боцкаш. Најдобро направи си една консултација со др Јани. Јас сум сум со генетски мутации и боцкам клексан, пијам метилфолат, метилкобаламин и аспирин.
    Штом немаш пречка за бременост, со клексан се се решава.
     
    На Jovana13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jovana13

    Jovana13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Да, бев кај др. Јани, имам генски мутации и истата терапија ми ја препиша за следната бременост. Јас решив сите други потенцијални фактори да ги елиминирам, кариотип, тироидна, итн, затоа што три спонтани се многу. Ама ми е чудно, зошто докторов ми бара хсг, ако не ми се проодни каналите, како забременувам? Тоа не ми беше јасно..
     
  5. Jovana13

    Jovana13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    И јас го решив истото, после три. За мене одговорот им беше дека е случајност. Се додека не почнав сама да барам повеќе инфо и да правам испитувања за генски мутации, антитела, кариотип, тироидна, итн. Со лесно! :)
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    12.127
    Пол:
    Женски
    Женски, на некоја што правела хсг во Плодност, како ви пишува во извештајот за тубите?
    Во случај кога се затворени, како гласи реченицата?
     
  7. fina

    fina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво јас правев пред неколку дена, луѓето се многу коректни и професионални во однос на побарани испитувања ми бараа пап не постар од 6 месеци брисеви исто така и седиментиција со комплетна крвна слика, постапката е повеке непријатна него ли што боли, меѓутоа дефинитивно има некоја тапа болка кога ја вбризгуваат течноста, не е нешто што не се издржува, предходно ти даваат инекција диазепам и спазмекс, предоставувам за болка, процедурата трае неколку минути, боли но многу кратко некои 30-50 секунди.
    потоа те оставаат 1 час под надзор кај нив во болницата во соба да поседиш т.е. полежиш и си одиш,
    како терапија ми даде антибиотик и вагиналетки заради превенција,
    п.с. се прави после менструација од 9 до 11 ден поточно кај мене на 11 ден.

    доколку двата канала се проодни нема да осетиш болка, јас имав болка само на десната страна бидејки јајникот бил малку позади односно подоле од левиот. генерално нема што да се плашиш, многу се љубезни и се ке ти објаснат посебно др. Верица
    Јас искрено 2риот ден имав тапа болка во јајниците и како подуена бев ден два меѓутоа повеке непријатно.

    ти посакувам среќа и без страв каде и да се одлучиш :) :)
     
    На SunnyGirl2 и Jovana13 им се допаѓа ова.
  8. Hulya1901

    Hulya1901 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, каде може да се направи ХСГ и колку чини отприлика ? Јас пред 3-4 год имав направено во систина и околу 5000 ден мислам дека беше така сега цените како се движат и дали може да се направи и државно можеби? Поз имајте убав ден
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.741
    Допаѓања:
    77.054
    Пол:
    Женски
    Познаничка скоро правеше во Систина и плати 8300ден (без никаква анестезија и сл). А за државна прашуваше и другар што работи таму рече дека не работи апаратот... Може го направиле, да прашаш...
     
    На Hulya1901 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.351
    Допаѓања:
    22.923
    Пол:
    Женски
    Не работи уште на клиника апаратот.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    44.057
    Пол:
    Женски
    Која е цената кај Толовски за хсг?
    Треба ли нешто претходно да се прави?
     
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мислам околу 4-5000, треба чисти брисеви и седиментација.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    44.057
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Poppy.Seed

    Poppy.Seed Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Колку треба да се стари брисевите/седиментација знаете? И треба да се на одреден ден од циклус правени?Здравје Боже летово ќе одам
     
  15. Poppy.Seed

    Poppy.Seed Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Девојки јас малце неука може ама подобро да си прашам отколку да лутам низ интернетов. Допрва ќе одам на хсг, ама да си планирам и финансиски нели :)
    Што се случува ако немаш проодност? Кој зафат го прават и дали те задржуваат во болница или е нешто што трае кратко како процес? фала ви
     
  16. Bebce ❤️❤️❤️

    Bebce ❤️❤️❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2021
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Тоа е краток процес без разлика на резултатот каков е не те задржуваат бо болница потоа со резултатот и со матичниот гинеколог ке бидеш што понатаму
     
  17. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    44.057
    Пол:
    Женски
    Денес бев кај Толовски, задоволна од докторот.
    Ми кажа дека не било добро баш, но сега средиле и се чисти и проодни јајцеводите.
    Тоа на лице место додека ме правеа.
    Кај докторот друг потоа во ординација по резз отидов, тој ми кажа дека матката малку е до неправилна форма, така нешто, и дека секако ќе останам бремена само може ќе треба хистеро.
    Има ли друга метода да се види убаво матката освен тоа?
    Оти до сега никој не ми кажал вакво нешто.
     
  18. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    На 4д најдобро оди за матката,а можеш и хистероскопија да си закажеш па да бидеш начисто со се.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    12.127
    Пол:
    Женски
    Ќе може да ми објасниш делот кога ти ја пуштија течноста? Што коментираа? Прво не влегуваше во каналите, па тие се обидоа да ти отпуштат?

    А за матката може да се види на 4д ехо или хсг или крајно хистеро.
    Можеш да консултираш уште еден доктор за мислење.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    44.057
    Пол:
    Женски
    Не ги разбрав убаво, ме масираа по стомакот на два пати, осеќав болка ко за добивање и притисок некој, и имав крв после тоа малку.
    Само ми кажа дека сега се е ок.
    За матката ќе го консултирам гинекологот па ќе видиме што натака.