ХСГ кај Толовски прават без анестезија процедурата не е болна односно болката зависи од проодноста на каналите а за одзатнувањето самата постапка е таква тие ништо посебно не прават за одзатнување ако се малку запусени со самата контраст на течноста тие тие пробиваат и се одзатнуваат ако се повеќе затнати неможат ништо да направат
Без анестезија, болката е ко циклус кога имап, издржливо и нема ни потреба од нешто да земаш. Бргу се завршува, неколку мин трае се.
Бидна и моето хсг. Да пријавам дека не боли и некои 40 секунди само има тапа менструална болка. Крвца има сега ама белким нормално е. Малце ме помасираа по стомак само. Не се плашете! Храбро, женски!
Убав исходот така? Крв малку да, треба да има два дена. А велиш те масирнаа, зошто? И кај правеше и дали со анелгезија?
Да убав. Ќе видиме дали ќе има и две цртки следен месец. ептен си ги кренав надежите и се плашам од неуспех. правев кај толовски и ништо не ми понудија така да без анелгезија. а ме масирнаа пред третата слика мислам. како кажаа на крај викаат на почеток не пробивало скроз убаво на првите две слики али веќе на третото се пробило. можда затоа м?
Одлично. Што поскоро позитивен тест да си имаш! Сигурно ради минимална блокада те масирнале. Изгледа тој човек многу добро ја изведува постапката. Ете и без анелгезија не те болело а и плус со масажа. Јас значи на Плодност за оваа работа љута им сум. Можеа бар да се потрудат да ме измасираат аман веќе! Ниту мене не ме болеше како што си замислував, ама и јас како што бев без анелгезија и кај мене не поминуваше течноста, иако на двапати шприцнаа, и толку беше. Крај. Непроодни канали (а пази еден канал ми е изваден, им кажав, каде бараа два да пишат на извештајот) и во долен ред: лапаро. Да, јас на дрво берам пари. Се осеќам како само кај мене да не се потрудија доволно, божем толку е постапката и крај, лапаро ќе прајме. А масажи а у нешто, цк. Ќе можеш ли да ми опишеш малку, каква беше масажата, кружна? Какви движења правеа?
Мила масажата не клучна за отпишувањето на каналите еве и јас правев ХСГ и кај толовски и во систина го добив истиот резултат кај толовски ми правеа масажа и муабет едноставно да не мислам на болката што ја чиствував по малку што е нормално а резулатот си беше тај потоа во систина исто не ми правеа масажа си го добив истиот резулатат и на крај направив лапаро така да сите си ја знаат работата ако се малку запушени со самата контраст на течноста и без масажа ке буде добро ако се многу значи џабе е се
Јас правев кај него и 100 пати пишман сум шо не појдов на друго место. Чекав саат и пол на закажан термин, па уште 40тина мин да дојде гинеколог. На крај ниту седиментација, ниту брисеви ми побара некој, ниту ми објаснаа процедура. Ни влечки немаа, боса се шетав од собата за преслекување до апаратот. На крај само ми потфрлија рецепт со антибиотик, без објаснување кога да го пијам, како да го пијам, кога со односи, шо да очекувам после процедурата, ништо... @elenaklasik Ова е само мое искуство, можеби некои други жени се задоволни.
Кај мене сосема спротивно, ми кажа колку пауза, после почесто, љубезни, на време ме примија. Тоа е моето искуство, жал ми е што вие сте поминале така. Сепак треба да се обрне внимание на пациентот и се да му се објасни.
Баш ми е жал мила. Неколку секунди помасираа, ајде да речеме десет. Кружна беше инаку. Инаку со мене имаше добар пристап докторот и ми појасни што гледа на сликите. Платив 4200 денари и не почекав многу, пола час да кажеме ама па и толку усм чекала секаде по приватниве стандард.
Толерираат ли седиментација 12 или зависи од доктор до доктор? Планирам да правам наредните циклуси, ама седиментацијата мислам никогаш не ми е под 10.
Мене не ми бараа. Односно ми побараа да направам хормони и седиментација, со микробиолошки. Ги направив и ги погледнавме тие на преглед и 2 недели отпосле ми закажаа ХСГ без од ново да ги продискутираме резултатите. Варира од доктор изгледа
Да. Блиска моја имаше 20+ седиментација, пиеше антибиотик за ешерихија и сепак и беше пак седиментацијата 17 некаде и со толкава и направија (во Систина).