Јас завршив со вонматерична сега чекам да си дојдам на себе и да направам хсг. Што е потребно од документација и кај е најдобро да правам? Боли ли многу, непријатно ли е?
Прочитав неколку страни наназад, сите сте правеле хсг после 6-7 ден од менструација. Јас звонев кај Толовски пред малку, ми рекоа на 2-3 ден дека се прави Брисеви и седиментација да однесам. Ме интересира дали после ова испитување се функционира нормално или пожелно е да се одмара некој ден?
Грешка да не имаш разбрано. Седиментација на 2ри-3ти да испиташ, брисеви од претходно. И кога ќе добиеш да им се јавиш за закажување.
Нема шанса да е на втор трет ден од менструален циклус. Да не имаш сфатено поинаку? Не може да се изведува дури имаш менструација, мора да е исчистено крварењето. Провери пак за сигурно. Освен јас нешто плус ако не знам.
Да, да и мене на 10ти ден ми кажаа да одам. Важно е да нема крварење. А овој др Толовски од ГАК е? Оти имам инфо од денес дека сеуште апаратот не им работел на ГАК.
Јас правев на 10 ден 2 или 3 ден да де испита седиментација подобро да прашаш уште еднаш бидејќи додека има крварење не може да се прави јас два пати правев еднаш кај Толовски еднаш во Систина
Па првите снимки ги бев пратила во фонд а требаше да ги види докторот и требаше да ги барам во фонд и јас се одлучив да направам нови инаку имаше 6 месеци од едни до други
Се јавив у Систина за да потврдам цена, 8200 ми рекоа. Заѕвонив пак оти забораив да прашам дали требаат чисти брисеви и седиментација, ама не ми кренаа. Инфо некоја ако знае?
Да требаат јас кога правев ми рекоа чисти брисеви и седиментација но не ми ги побараа тоа за бара за недај боже ако има некоја бактерија да се не пренесе во каналите при вбризгувањето на течноста мене такс ми имаат објаснето...направи си ги за твоја безбедност и сигурност
Обавезно чисти брисеви а за седиментација мене тогаш кога правев 12 ми беше им кажав по телефон ми рекоја ништо страшно дека превентивно антибиотик давале и ми дадоја вибрамицин а за брисеви јас правев 5 или 6 ден од циклус пред да правам хсг тогаш можиш и седиментација.
Фала ви @ija мора брисевите и седиментацијата да се направени во Систина? Прифаќаат од друго место? Јас 5ти и 6ти ден обично уште крварам, не знам во ред ли е да одам тогаш за брисеви...
Не мора во систина тие не ги ни гледаат само ме прашаја дали имам а за брисеви матичниот ќе го прашаш кој ден да ти земе брисеви битно пред хсг убаво е да се направени за тазе да ти се чисто за тебе да си знаеш дека немаш бактерија.
Јас на 5 ден уште малку при крај бев со крварење и матичниот ми рече можи да ти земам немало гајле рачунај два дена треба да стојат во микробиологија така да испланирај си на кој ден ќе правиш хсг и кога да одиш за брисеви.