И јас планирав Толовски, ама циклусот ми дојде денес, порано 1 недела, и денес бев кај гинекологот за хормони упат да ми даде, ми закажа за брисеви во среда, седиментација сестрата ми кажа немало потреба, проверив пред 3 недели и добра ми е, и за кај Толовски ја прашав дали да закажам денес да ми каже кој ден, ми вика чекај да видиме прво брисевите да се негативни, ќе го пропуштиме овој циклус, се изнервирав. После ми вика ако се негативни можело и ден за ден да се закаже, а тука читам одма кога ќе имаш циклус од прв ден се закажува, незнам веќе.
Па може и за еден ден не е проблем тоа.мојата матична мене ми правеше кај Толовски и не беше проблем закажувањето, незнам како работат другите дали сите имаат соработка или нивен доктор прави.
И да,брисевите обавезно негативни мора да бидат инаку ризично е не дај боже ако имаш некоја бактерија.
Знам, и овој циклус тешко хсг. И да се негативни, додека стигнат резултатите и нема кога, хсг се прави од 7-12 ден од циклус мислам.
Сестрата кај гинекологот ми кажа не е проблем ќе закажеме. Среда брисеви, незнам кога ќе бидат резултатите, ми кажа тешко до петок. А петок ќе ми биде 10-ти ден од циклус. Ај ќе си чекам следен. Ама незнам каде прочитав членка пиша до Јуни правеле хсг, после Септември, незнам дали сегде е така, појма немам.
Тоа можете и сами да се информирате директно кај Толовски телефонски,дали летово ќе прават хсг а некаде имаше пишано некоја членка дека и на ГАК почнале пак да прават можете и за таму да се распрашате.
Не е страшно, и ако почекаш еден циклус дај боже негативни да ти бидат брисевите .Мене негативни ми беа и цела среќна дека се е ок кога матичната ми вика ќе мора да чекаме нема шанси да правиме седиментацијата ти е многу висока...28 ми беше а треба нели испод 15 да биде. И си почекав еден циклус со тоа што јадев смеса од Таан,мед,бибер и куркума има антивоспалително дејство и со тоа симнав на 13.
Работеле демек сега пак скоро почнале ама мн строги критериуми и слично...баш погоре негде мислам прочитав .Јас правев во март и ми кажаа дека на ГАК не работи веќе една година а скоро пред некој ден прочитав дека пак почнале ама како и да е секако подобро Толовски со оглед на се како функционира државна клиника, најдобро да се избегнува секогаш кога може.
Работи на Гак. Самата сестра ми рече кога ќе ти е прв ден дојди да закажеме. Викам а ви работи? И онака тивко да да ама само два пати неделно по 2 пациентки. Е сега дали има врска што мене специјалист од Гак ме прати или што и ( срам несрам) преку врскички сум таму незнам.
Јас кај Толовски планирам, Систина многу е поскапено, а и Толовски многу ми е поблиску. Не беа многу разлика со Толовски сега скоро дупло се мислам.
Епа мене сестрата ми кажа да не закажувам денес, да почекам прво брисевите ако ми се негативни, е ќе си чекам, навикната сум.
Толовски е 4200 а Систина мислам беше 9600 така нешто....дупло поскапо а секако нема да биде исплатливо.Се доплаќа само името "Систина"
Девојки здраво, циклисот после хсг каков ви беше. Лани правев хсг едната туба беше полупропуслива. Повторно направив овој месец супер беше тубата убаво се изли течност. Сега месецов добив циклус порано 5/6 дена и крварам обилно. Како некоја засирена крв да се чисти. Вака одамна не сум крварела. Искуство некое ве молам до утре ќе одам на преглед секако.
Истиот ден од ХСГ крварев многу,цел ден како да имам обилна менструација и остри болки.Циклусот после хсг-то ми беше пообилен за разлика од претходните ама не продадов значење, некако очекувано ми беше...
Кај секој различно ете...јас сега после три циклуси ужасни болки,грчеви,како парализа на цело тело...ужас. Поминаа трите најдобри циклуси што ги кажуваат после ХСГ хаха
Срцки здраво...пред се поддршка за сите па и за мене... Со сопругот сме во брак година дена... Ја имав најлошата... Најтажната... Најстресната година позади мене... Дознавме дека родителот ми е болен и набргу почина..не дека не ми било до дете... Далеку било... Но покрај сите проблеми и стресови ете не се фати... Денес бев на доктор... Правев испитување на хормоните се е како што треба... Правевме спермограм тој исто така добар... Сега денес гинекологот ме праќа на Hsg... Демек систина биле подобри... А Толовски не толку... Ве читам и се чудам... Женава никогаш не ми спомнала за брисеви??? Ни денес... Ни пред месец дена... Треба ли да и кажам јас... Дури ме фаќа страв зошто порано не го прочитав ова... Кажете ми цената кај едните и другиве колку е да не знаете? И колку тоа е болно?