Брисеви како може да не спомне?!?!?! Задолжително е....не дај боже ако имаш некоја бактерија кога ќе правиш ХСГ со контрастот ќе навлезе во ѕидот на матката и јајцеводите и поголеми проблеми после,направете си за ваша безбедност
Лелеллелеелеле... Е тек сега се уплашив... Па јас ли треба да и кажам на госпожата ништо не ми спомна... Ама баш ништо... Ај Ве молам кажете ми добар гинеколог оваа само презимето го има како добра и ништо друго очигледно
Оливера Арнаудова е предобра (Деметра Медикал - аеродром) исто и Вероника Кокоромановска - центар,зградата до Толовски рентген
Ви благодарам премногу... Оваа мојава дефинитивно ќе биде сменета... Толкава неодговорност... Немам видено... А според Вас Толовски или Систина за Hsg?
Кристина Парталовска, кај мене ги направи сите анализи и лекување на бактерија во мокрача и самата ми кажа, се ќе провериме, ќе почекаме еден циклус да видиме дали има излив и настапува овулација , па последно ќе го оставиме хсг ( пред се мирна глава од бактерија или инфекција ). Паралелно сум и на клиника со прегледи и таму ми рекоа сега може и хсг за да видиме што понатаму.
Фала премногу... Не оваа мојава... Ајде пап... Оп 600 ден... Браво супер е се... И толку... Веќе 10 години... Никогаш брис ми нема земено... Колпоскопија демек прави и ехо... И викам денес интернистот ме прашува дали ми е добра матката... Ми вика што и е гајле на нејзе каква ти е матката
Оооо менувај ја со време. Па и пап и типизација ( поради мала раничка) се ми провери. И унирина и уринокултура.
Јас кај Толовски правев и сум презадоволна, плус овие две докторки што ви ги предложив соработуваат со Толовски и самите тие ако ги одберете за матични ви ја извршуваат постапката таму кај него.
Иако на секој преглед имаше излив и со тоа знаеше дека настапува овулација,на хсг-то се виде дека едната туба не е целосно проодна. Е сега дали тоа се должи на тоа што бев многу стегната и психички и физички,или резултатот е валиден,нема да знаеме додека не направам некогаш пак хсг , затоа не значи дека ако има изливи од двата јајника , дека не се запушени
Пап и микробиолошки се едни од првите работи што треба да ги направиш при испитување. И онака редовно треба да ги правиме на пола или една година, а не кога правиме испитувања за бременост. Направи си ги, па потоа хсг.
Јас вчера правев микробиолошки брисеви, ме праша дали сакам јас да ги однесам на микробиологија или тие да ги однесат, им кажав да ги однесат, кој ќе се малтретира по шалтери, платив вкупно 1250, не ја разбрав баш, брисевите 550 ден., 250 ден. плакнење со бетадинот, 250 за тие што ќе ги однесат и 200 ден. сигурно за прегледот, значи вкупно 1250 ден., само што ми кажа резултати другиот Понеделник, а читам членки резултатите им биле за 2 дена.
Mene ednata tuba mi bese lani pomalku propusliva. Ovaa godina pak pravev celosno se izli tecnost, i napdot e dobar. A i doktorot ovoj pat se potrudi.
Да, ама друго е матичната да види дали имам бактерија, може некаква терапија да ми даде, и така ќе ми ги однесат и нека ги земат, сеедно ми е од кај ќе ги земам, секако морам да одам кај гинекологот.
Искуство со хсг во Систина? Дали само гинекологот го прави или и друг доктор? И срам и страв ми е, не знам како ќе одам. И дали може со анестезија?
Јас понеделникот правев кај Толовски, кратко и воопшто не беше болно и немаш потреба за анестезија. Јас истата бев уплашена ама се испадна во ред и без паника, само релакс.
Гинекологот и плус доктор што ќе ги прави снимките.Не ви треба анестезија прекратко трае постапката а и болката доколку ја имате.
Јас имам правено во Систина кај Палчевски супер поминав, не беше болно бидејќи каналите ми беа проодни, не знам како е со непроодни канали...