Sega od pred malku, pomalku krvaram, za menzis. Treba tret den povtorno da ispituvam hormoni, pa da pravam hsg. Koj den mi e tret, četvrtok ili petok? Hsg otprilika koga, mi trae max 3 dena?
за Хсг мене во Систина ми кажаа од 7ми до 10ти ден од добивање... со направена седиментација не постара од 3 дена од закажаниот термин ...со среќа
10 000 ден....кај др Корнелија бев...сите пофалби за докторката... објаснува се како што треба ... што прави како прави... многу човечна...плачев од среќа...ја испогушкав... како да ми кажаа трудна си без паника... моја препорака е да си се напиеш дијазепамче пред да идеш за да те опушти ( иако мене искрено не ме опушти) и спазмекс.... со среќа... чекам добри резултати
Мене гинекологот ми кажа за седиментација не треба да имам циклус, правев пред 2 месеци ми беше 3 ама сега мора пред хсг.
Така ми рекоа од Толовски. Вчера не го ни побараа резултатот од седиментација, инаку топла препорака за хсг кај Толовски беше присутен и д-р Блажен Толовски кој е многу позитивен и ме смири пред хсг и д-р Кокоромановска.
Таму планирам, чекам циклус, и седиментација да направам, пред 2 месеци ми беше 3, сега од стрес кој знае како ќе ми биде, а одма кога доби се јави да закажеш? Зошто кога ќе ми заврши планирам седиментација, нели препорачуваат 3-4 дена пред хсг да е. До сега од кога требаше хсг, ама матичната на одмор, после одмор ми закажа за брисеви, тоа што е, ај месецов сигурно ако седиментацијата ми е добра.
Првиот ден од циклус одма се јавив и ми рекоа направи крвна слика со седиментација за да закажеме. Ги прашав дали треба да ми заврши па да направам седиментација ми рекоа не додека си во циклус треба да се направи. Јас направив на втор ден, штом ги добив резултатите им се јавив и ми закажаа за на 8 ден.
Само што правев хсг во Систина, кај др. Снежана Булиќ. Воопшто не болеше, едино глуп осечај Али сега многу крварам па си чекам резултати и да ме следат малку... Иначе сабајле седиметацијата ми беше 22, ама као ок било, чисти ми се брисеви, пап уреден и стерилна уринокултура
Ти кажав дека не е страшно јас не крварев ама болки во стомак очекувај наредните 4 дена како менструални... Подуеност... И повеќе мокрење од вообичаеното... Добри ли се резултатите?
Ќе крвариш еден ден само, нормално е, како што ми објаснуваше др , сега ќе те здоболи може, ќе те штипнам малце. Ќе помине за неполни 24 часа.
Знам како е, ама ќе помине. Јас па од хсг по молови бев нешто баравмe, свиткана идев цела од болки, ама ќе помине до вечер како нова ќе бидеш.
баш ми е мило што резултатите се добри... ептен ме израдува... болки имав...ама толку јаки не искрено... напиј се спазмекс...кетонал... мене уште од време на време ме сече кај јајниците... што би рекла докторката сепак е интервенција
Уште незнам што да правам за хсг, конечно денес добив, ми доцнеше 2 недели, Трајковски ми кажа да не правам, сум немала потреба, напишал во извештајот, а матичната ми е на одмор, незнам дали да си закажам.
Здраво девојки, утре ќе правам хсг, ми рекоа жедна и гладна да сум, ама нема да сум целосно успана туку само обезболена, така ми објаснија. Правела ли некоја од вас хсг на ваков начин. Колку боли, колку трае? А читам дека и после процедура сте имале болки, многу ми е страв.
10тина мин е процедурата пуштаат течност полека низ јајцеводите докторот гледа на камера дали проаѓа секаде слободно ова е малку непријатно како менструални болки, некое остро сечење ама се трпи. Потоа јас имав болки само 30тина мин и си функционирав многу нормално. Не се плаши. После самата ренген снимка ја толкува ренгенолог за финална забелешка дали треба некоја интервенција дали има некој проблем и слично бидејќи се гледа цела матла. Проодноста ја гледаат веднаш.