Jас би направила за да ми е мирна главата. Ако има хидросалпкнкс е ризик за вонматерична особено при ивф па може ќе треба да се затворат/отстранат јајцеводите, ако има неправилна форма на матката можеби ќе треба да се реконструира или ако има миом да се отстрани. Зошто да ризикуваш неуспешни трансфери и да губиш време за испитување шо можиш да го направиш? Плус ако ти се непроодни јајцеводите, нема шанси да ти бараат инсеминации од фонд.
Анушка абе направи си ХСГ, јас така за нешто кога се двоумам си речам ќе го направам, се’ што е до мене ќе направам да не го мислам после. Немаш лошо од тоа, само подобро може. Кај сакаш да правиш?
Јас правев ХСГ без анестезија, малку непријатно чувство само, осеќаш како менструални болки, ќе полежеш малку и после си функционираш нормално. Мене ми понудија анестезија ама не сакав, за 5 мин.процедура зашто да ме успиваат.
Нема што да те плаши, многу е кратко кај мене дали и 2 мин траеше. Јас воопшто немав болки со проодни јајцеводи, болката зависи од тоа, ако се непроодни има некоја болка. Како и да е, кратко трае. Среќно
Не знам, јас имав септум шо на 4д не ми го видоа, д-р Димитров на хсг-то го виде на прво. Ама и да се гледаат прегради и миоми, проодноста на јајцеводите најдобро се гледа со хсг или хистеро-лапаро.
Мене не ми е јасно зошто Трајковски ми кажа да не правам хсг, ниту инсеминации, го прашав да не ми прават проблем во фондот, само ми кажа дека пишал во извештајот.
Јас правев кај Толовски и јадена и пиена цел ден, во 5 и нешто имав закажано. Буквално 5 мин се многу за процедурата што траеше. Ќе напоменам мене јајцеводите ми беа проодно и освен една тапа, глупа, менструална болка ништо повеќе не осетив. Дури и совети добив. Наредниот 1 саат макс осеќав како слаба слаба менструална болна што се трпи ( јас инаку болка болка не трпам многу и веднаш пијам апови, ама ова се трпи). Со лесно нека ти е.
Не знам, секој со своето искуство, ама и кај мене Трајковски не се замараше многу, гледаше само да ме откачи на брзинка. Млада си, имаш време, ќе имаш деца, толку добив од него. @Ljiljana1986 најверојатно ти рекле гладна и жедна да си ради аналгезијата, нема потреба од општа анестезија процедурата е прекратка. Мене ме болеше колку што имам болки при менструација.
Не е голема и страшна болка. Само биди опуштена, еве можеш пола саат пред хсг едно дизеапамче од 2 мг ако имаш. Само опуштена биди максимално. Јас влегов со мисла во главата што и да биде се третира, само опушти се Бела. И како за чудо сама на себе не си погрешив. Малце е незгодна положбата дека навалена ама толку малку трае што ќе си помислиш кога легнав кога станав.
Мене ПАП тест не ме боли ништо, а брисеви кога ми зимале непријатно ми било, како да ме скокотка, такво некое чувство. А да се напијам Дијазепам пред хсг? Обично сум против и трпам болка, ама за секој случај.
Ќе се напијам и јас а хсг да правиш обавезно. 4 ивф правев без хсг, имам лоши јк, во вонтелесно прочитав за членка која најверојатно клетките не и се оплодуваат заради јајоводите, од таму иде лошиот квалитет и се решив. На толку пари предадени за 10000 ич не е проблем. А закажав и за кај Трајкоски консултација а сега читам и за него негативни коментари. Кај да одиме кај да се давиме веќе не знам
За било кој доктор ќе прочиташ поделени мислења. Затоа е најдобро да одбереш 2-3, да закажиш консултација со нив и да видиш со кој ќе кликнеш најмногу.