И јас бев кај него за 4Д ехо, тој ми кажа да не правам хсг, сум немала потреба, инаку 2-3 циклуса пропуштив ради матичната, беше на одмор неможев брисеви да направам, таман направив ми доцнеше 2 недели, сега хормоните сакам да ги повторам пак си отишла на одмор, и извештај за во фондот треба да ми пише, закажав кај Толовски 5000 ден. е кај него. Мене Трајковски не ми обрна внимание, ме откачи набрзина, си кажувам за мене, читам некои го фалат некои не.
Мене Димитров ми бареше ХСГ како едно од основните испитувања за неплодност, и ми потенцираше да биде направено кај што прават со рендген така поубаво се гледало. Толовски, Систина или Плодност.
Вчера кога се јавив кај Толовски ми кажаа дека соработувале со Трајковски. Им кажав дека правев крвна слика со седиментација и 2 ми е седиментацијата, пред 2-3 месеци 3 ми беше, не ми кажаа пред хсг пак да правам, сега во Вторник правев, дали ќе ми прават проблем?
Ама во Систина не бараат мислам. А 4 ивф кога ги правеше без хсг преку фондот ли? И дали правеше инсеминации?
Девојки заврши моето хсг, еден канал ми бил затворен ама се отпушти некој семисептум има ќе видиме што ќе кажат за тоа. А дека е болничко е, ама полежав малце па сега супер сум.
Дали ти побараа кај Толовски изричито да однесеш рез. од седиментација или сама им пријави, па добре дошло. Јас почеток на септември ќе одам на HSG кај нив ама прво морам на брисеви (да ми се врати матичната од одмор секако).
Еве јас ќе ти кажам. Кога се јавив да закажам ме прашаа телефонски за седиментација. Им реков немам. Ми рекоа направи и јави се. Тоа беше петок, сабота сабајле си отидов во Биотек ми земаа крв 140 ден е седиментација. За саат време на мејл имав резултати, им се јавив им кажав колку е седиментација и ми закажаа. Прашав дали да носам некои резултати од брисеви и седиментација, ми рекоа ако ти е се ок нема потреба, во спротивно немаше да закажеме.
Ти пишува особа паника и особа што не трпи баш баш болка. ( зимање крв ми е пекол хахах) Трае толку малце, се на се да е 5 мин макс. Ќе напоменам дека јас сум со проодни канали и болка при процедурата не осетив. Дури и при процедура ми вика др. сега може ќе те здоболи ќе штипнам малце, ама ништо не осетив. После тоа имав некоја тапа менструална болка , која навистина еве јас ја поднесов. Само опуштена биди како на плажа да си хаха Малце е незгодна положбата , бидејќи си легнат ама со делот од стомак према глава навален наназад и чувтсво дека ќе паднев имав , ама не паднав. Е да знаеш дека кога ќе станеш ќе имаш некое благо крварење ама да не се плашиш нормално е од самата интервенција. Уште пред да станеш ти даваат улошка за да не ти протече по нозе. Само опуштено, со лесно и за брзо || цртки.
Јас сега се прејавив кај Толовски, им кажав дека Вторникот правев седиментација, ми кажаа денес нова да правам, а нели треба сабајле на гладно? Да знаев сабајле ќе одев и така одев кај матичната.
Не треба да си гладна. Не си требало може да им кажеш дека во вторникот си правела. Ама можеш во Биотек сега да отидеш и да завршиш работа. Или Авицена или било која лабараторија.
Им кажав, ми рекоа направи денес па јави ни се, во Авицена ми кажаа на гладно ама штом така ми кажале направив сега во 14 часот. Во Вторникот правев крвна слика со седиментација комплет и сега нова ми бараат од денес, Бог да чува се веќе, ме полудеа. Трчај кај матична за извештај и упат за хормони, трчај ваму на жешково, и после зошто ми иде да се откажам.
Какво откажување??? Нема такво размислување. Само напред и ќе ја наполниме труднички комплет од тука сите заедно.
E сега утре пак хормони ќе повторувам, и какви се такви веќе ќе ги поднесам документите во фондот, па што биде нека биде, тоа е. Само што ми стигнаа резултатите 6 ми е седиментацијата, значи има разлика од гладна и најадена, во Авицена ми кажаа на гладно, ама ок, не ми е пак висока, пред 2-3 месеци 3 ми беше, Вторникот 2, сега 6.
Спермограм дијагноза астенозооспермија, ниско АМХ, фсх 11, утре ќе повторам хормони, Трајковски ми кажа 5-6 ти ден од циклус, без инсеминации, Трајковски ми кажа и без хсг, ама тука ме убедија, сепак ќе правам Четврток со Господ напред.