Мене не ми побараа пак воопшто седиментација во Плодност. Се сеќаваш дека се договаравме да пиеме Дијазепам? Јас не се напив бидејќи ми рекоа жедна и гладна, ако не си со анестезија напиј се.
Без анестезија, и во Систина не барале седиментација мислам, кај Толовски да била 2-3 дена пред хсг, јас правев Вторникот, ама ми кажаа денес да направам и направив во Авицена, блиску ми е, одма додека дојдов на маил резултати ми стигнаа. Ќе се напијам Дијазепам, немам дома, ќе побарам од комшика, во Скопје незнам дали даваат без рецепт.
Јас ќе ти дадам дизеапамче Имам кога пијам во комбинација со нешто за болки во грбот кога ме фаќаат.
Хаха, а бе едно ракииче исто како дијазепамче хаха, е треба и јас за вакви случаи да си имам. Јас не пијам, за болки за глава само Аналгин или Бедоксин.
Со лесно и нема откажување, помисли само колку како тебе и мене го одат патот моментално. Психичкава борба мислам дека е најважна да ја победиме. Со лесно во четврток, многу ќе ми помогнеш ако ми пишеш како ќе поминеш зошто мене ме чека истото за 2 недели.
И ти си моја крвна група? Дијазепам+нешто за болки+ парацетамол, комбинација против болки, температура, притисок..
Јас сама им кажав дека правев Вторник крвна слика со седиментација и 2 ми беше, тоа беше Петокот кога се јавив и ништо не ми кажаа да направам пак, денес кога се прејавив ми кажаа да си направам денес и да им се јавам колку ми е и така се јавив, останува за во Четврток.
Вентор со дизеапам за болкиве. Кај мене кога фаќа грбот или кичма, само таа комбинација е. За висока тем само 2 парацетамола и еден аналгин. Ова ми е од 2-3 доктори што ми се блиски ми е совет.
Јас ништо за болки, освен за главоболка Аналгин или Бедоксин. Кажи ми, малку глупо прашање, кога беше на хсг се соблекуваш како за ПАП и брисеви? Планирам фустанче, па само да го кренам, или не е изводливо така? Па после да не треба целосно да се соблекувам. Хаха.
Носев фустан јас , само гаќите ги соблеков и дигнав фустанот. И за инсеменацијата исто со фустанче бев.. Исто е како за пап, брисеви…легнуваш ,е легнуваш скроз легната со раце поред тебе , прво ти се нозете како за на преглед/ брисеви, после и нив ги спушташ . Легната скроз , само наназад навалена , мислиш ќе паднеш наназад, ама не паѓаш.
Како што поминува време пред хсг повеќе ми е страв и напната сум. Дали после хсг пиеше нешто и дали имаше болки, колку дена крварење имаше? Леле многу ми е страв, јас што трпам болки, ама страв ми е да не се искомплицира нешто. Кога се јавив да ми закажат, ме прашаа дали сум алергична не пеницилин, храна. Колку што знам не сум, мислев на пеницилин дека сум, ама мајка ми ми кажа дека никогаш не сум примила. Страв ми е да не добијам некоја алергија. Можеби е смешно, ама мене страв ми е.
Не паничи. Крварењето не е како на циклус. Нешто како при крај кога ти е. И еден ден додека се изцеди се. Абе терај си го секој ден до тогаш како и секој ден. Јас толку лабава бев , во живот така полабава не сум била. Како за на кафе појдена бев. Мајка ми дека дојде , имавме после тоа нешто работа, она беше така потресенка малце. После хсг пиеме сите антибиотик, најчесто цитерал ( или друг ако имаш проблем со овој лек). За болки ништоо, навистина тие болки се макс 1 саат од интервенцијата и се благо благо менструални. И не е смешно ако имаш некој страв, ама верувај дека после ова ќе се смееш. Ова ти го збори најголем паничар за вакви работи поврзани со здравје и сл. ти збори некој кој не трпи болка што е поголема од депилација на бркови. Само опуштено , верувај ми.
Дома немам никаков антибиотик, освен Амоциклаф и Вибрамицин. А може ли после да одам нормално? Дека од таму сакам до фондот да одам. Дали може да пијам Амоциклаф или Вибрамицин? Незнаев дека после хсг се пие антибиотик, а тие одат на рецепт.
Најнормално функционираш, само крв како последен ден кога ти е и грчеви малце појаки, ама не е дека не можеш да се движиш. Вибрамицин ми дадоа мене и секогаш даваат превентивно пошто сепак е интервенција
Ич не е смешно, ја си лупнав плус 6000 да ми испитаат пред тоа дали имам алергија на контрастот пошто сум алергична на пеницилин. Инаку јасама отидов сама се вратив, ништо страшно не беше
Само гаќите сметаат И стомакот да не е покриен пошто прават снимка, ама тоа само подигаш нагоре и толку
Знам за односи дека не треба 2-3 дена. Ќе прашам дали Амоциклаф можам да пијам. Порано знам се цитерал препишуваа, сега Амоциклаф, баш на мм сега му влезе вода во увото и му препишаа капки за нос и Амоциклаф, 2 само испи и толку, затоа и имам, инаку кај нас антибиотици тешко.