Дали кај Толовски на сите ви побараа чисти брисеви? Минатиот медец требаше да одам на хсг ама испадна бактетија. Ја лечев и ебе 3 ден ми е од циклус. Читав дека за брисеви треба да помине еден месец за да видат, да не е мн рано после антибиотици да испитувам.? Прашањето ми е дали ке ме пуштат без брисеви?
И да те пуштат без брисеви, со внесувањето на контрастот ризикуваш бактеријата од вагина/цервикс да се рассее во матка, јајцеводи и јајници. Сама себе ќе си направиш проблем, подобро одложи хсг до чисти брисеви.
Може ли некој да ми каже, овде ли е толовски ко шо дава на мапата? Дека од веро видов и рамстор од десната страна а погоре прочитав позади рамстор е сеа не знам кој рамстор. И дали се сигурни таксињава шо стојат на автобуска?
Толовски е кај фискултурно, му доаѓа позади Рамстор, било кој да прашаш ќе ти кажат. Инаку трговскиот Рамстор што е, а такси тие Вардар мислам што стојат се ок.
Девојки како да се спремам за хсг? Пред 1 месец правев брисеви, имав Еве денес добив и се мислам дали Толовски или Систина. Совет? Цени? И дали може со анестезија? Правев брисеви пред 1 месец, добри беа, имав само gardnerella vaginalis и ставав вагиналети по препорака на гинеколог. Дали треба пак брисеви?
Толовски правев јас, многу фини се докторите, 5.000ден., Систина е 10.000. Не ти требаат брисеви штом си правела пред 1 месец ако ти се чисти, ама читам си имала gardnerella vaginalis, консултирај се со гинеколог дали да повториш, и моите беа пред месец, само седиментација пред 2-3 дена пред хсг. Инаку другарка имаше кандида, ставаше вагинални, само тој брис го повтори и чист и беше. Јас без анестезија правев, воопшто не болеше, само штипкање, ниту крварев.
Фала многу Ќе прашам. Страв ми е заради болката без анестезија затоа. Дали процедурата е како за пап со таков инструмент или? Малку глупаво е прашањето, ама да знам што ме чека.
Многу кратка процедура а болките колку менструални, нема потреба од анестезија. Јас лани правев во Систина 9800беше мислам, после тоа нормално функционирав. Легнуваш рамно на кревет над тебе е ренгенот, не смееш да мрдаш ич, докторот полека вбризгува течност и на компјутер им се покажува одма како движи низ јајцеводи и матка. Јас не правев седиментација, брисеви пред тоа имав чисти, за одпосле не памтам дали ми дадоа некоја терапија антибиотик.. знам само ми кажаа после 1 месец може да се обидуваме дека дури поголем процент бил за полесно да се фати, кај мене се фати ама заврши со спонтан поради мутации и несоодветна терапија.
Јас не ни видов што ми ставија, си лежев, за ПАП и брисеви си исправена, вака скрос легната, и нозете качени, и ми објаснуваа се, ми кажаа кога ќе осетам штипкање, докторите прават се да не осетиш болка. Треба да не си алергична на пеницилин, други лекови и на некоја храна. Јас тука што читав и јас се плашев многу, мислев дека ќе неможам да се движам, ќе треба да лежам тој ден, ама јас тој ден во најжешкото од кај Толовски бев на плоштад, барав фотокопир, па во фондот. Јас за мене си кажувам дека болка не осетив, само штипкање, ама проодни ми беа каналите. На некои и папот им е болен, и брисеви, јас само скокоткање осеќам кога ми земаат брисеви.
Препишуваат цитерал, ама јас дома имав амоксиклав, ги прашав, ми рекоа може, исто дејство имаат. Јас правев пред 1 недела пред хсг крвна слика со седиментација поради тоа во фондот што бараат, прв ден од циклус се јавив, ми закажаа, потоа се прејавив да им кажам за седиментација кога правев, ми рекоа направи денес и јави ни се колку ти е, и одма отидов во Авицена, се јавив да им кажам, рекоа ок дојди Четврток како што ти закажавме. Кога отидов таму ништо не ми побараа, ни брисеви, само ми дадоа да потпишам. После хсг ми кажаа 2 дена одмор, потоа интензивно односи.
Ајде јас да ви го кажам моето искуство. Знали преголема паничарка сум, не трпам болка(колку пати одев и на инфузии, инекции за мендтруални болки). Во петокот брисеви сабајле ми стигнаа одлични и бев денес на Хсг. Кај толовски 5000,во долниот спрат одиш од половина надоле гола и легнуваш со нозете на тиа сталките. Ти ставаат од тоа за пап шо прават инструментот. У мегувреме докторот Блажен најверојатно мноооогу добар и фин ми збореше како оде процедурата и кога ке осетам болка т. Е. Пецкање.кога ми го дтавија контрастот ми рече спушти ги носете и се оптегнав. Јас пред тоа 2 ефридола се напив. Нема да лажам нелагодно е кога ти ја вбризгуваат течноста и чувствуваш притисок, болка нешто измешано и ти праве 3 слики (ренгенот е над тебе го мрда он) АМА сето тоа трае неполни 2 минути. ВРЕДИ, за да не се мислиме да не паничиме и да продолжиме напред. Си реков сама што и да е нека е и болка и све ке истрпам само за да станам мајка. Така да не чекај и оди. После тоа имав пак некои менструални минимални болки ама издржливи и 1 саат ми траеше додека да стигнам дома. 2 дена да почекам и интензивни односи. Проодни ми се.
Одлични се докторите таму, јас па освен штипкање ништо не осетив, го прашав Блажен може ли да се движам, до фондот сакам да одам, ми рече кај сакаш оди, ништо нема да ти биде. После хсг на најжешкото одев пешки до плоштад, и тоа кружев, мислев од кај Рамстор директно, ама дека се гради, отидов, си реков ќе прескокнувам, и тие што работеа таму не ме пуштија, па кружев од околу, среќа што трпам топло, па низ улица Македонија нигде немаше фотокопир, па низ плоштад и на рекорд фотокопирав и во фондот отидов, значи ни крварев ни ништо.
Мене ми кажа дека ми ги отпушил едниот канал бил малце запушен и на првата слика се гледа. За тоа може и имав болки тој и тоа го кажа. Имав крв помешана на влошката малце. И сеа се осеќам малце подуено и мислам цел стомак ми е гасови и ме боли на допир. Ама јас еееептен се истресирав..
Јас не крварев, ништо не ми беше, ми кажа ќе ми потекло лепливо од течноста, ниту тоа немав на влошката. Ти препишаа ли цитерал?
Вибрамицин ми препиша, 2 пати на ден 5 дена. Ама така нелагодно ми е и сеа кога станувам од кревет ме болат јајниците, и си мислам сигурно ми ги отпушил па од притисокот за тоа и ме болат..башка и лепливо имав. Хаха ке удриме јако овој месец.
Е може од тоа да ти е, зошто јас ништо не осеќав, мене цитерал, ама амоксиклав дека имав тоа пиев 5 дена, 2x на ден, се пијат на 12 часа, Вибрамицин знам се 24 часовни, и тоа имав, ама не се напив. Дури јас си реков не правам ручек после хсг, ќе си порачаме нешто, мислев ќе крварам, па ќе треба да лежам, ништо од тоа, да не ми кажеше дека 2 дена одмор, уште првиот ден би имала, ама ај ги послушав хаха.
Девојки дали пред да правите хсг имавте незаштитени односи или се пазевте? Дали смеам да правам хсг зошто ние денес имавме незаштитен. и добар доктор од Систина за хсг?