Здраво девојки,јас нешто да прашам,на 10 октомври имам закажано хсг,меѓутоа уште ми нема дојдено(бидејќи нели се прави после менструација) прашањето ми е дали некој знае дали можам да напрам иако не ми дошло ?
Хсг се прави после циклус, на 9 ти ден. Да не имаш на клиника закажано штом вака со определен датум си? И седиментација ти треба нова ( идеално 2-3 дена пред хсг).
Мора да чекаш да добиеш. Знам како е таму со термини, два пати неделно по две. Ужас… Кога се договарав со др за инсеменација, јави се за хсг и кога се јавив нема место. Ако си во можност откако ќе добиеш јави се кај Толовски, 5000 ден е. За разлика од Систина е поефтинко. Или ако имаш среќа на клиника да добиеш термин.
Кога ќе добиеш прв ден јави се, ќе ти закажат, и седиментација треба да си направиш 2-3 дена пред хсг. Јас правев кај Толовски, многу фини докторите, прават се да не осетиш болка.
Здраво на сите, би сакала да прашам како оди процедурата за ХСГ на клиника? Од друг град сум и искрено немам можност за приватно. Ме интересира како се закажува, за колку време се добива термин, кај кој доктор, колку чини и дали е со анестезија или без? Секое инфо ми е добредојдено, Ви благодарам однапред
Јас правев во Јуни, мене ми е бесплатно (крводарител сум) инаку 700ден мислам, ми дадоа упат за гак од матичен горе на 3спрат со сестрата се договараш и ќе ти звонат на тел еден ден пред хсг инаку ми рекоа да им однесам чисти микроб Брисеви и седиментација под 10 и крвна слика бидејќи од друг град мене ми рекоа само таа ден да отидам исто на 3 спрат ми земаа анамнеза они претходниот ден си отвориле историја за мене и потоа се упативме на радиологија 2 бевме и сестрата, дојде докторот и не снимаа само вторник и четврток прават наутро резултати по 2 недели добив
Јас вчера правев хсг и ова се резултатите десната туба се исполни делумно и не пропушти контраст во околината. Дали е лошо ова? А левата е ок. Ми рекоа да пазиме месецов да не правиме бебе а читам тука дека после 2-3дена се обидувате. Инаку ме болеше многу ќе се онесвестев од болки. И денес ме боли и крварам.
Во колку саат најрано на ГАК можам да одам за хормонски статус? Дали некоја знае, заборавив гинеко. да прашам, а утре треба да одам сабајле.
Доволна е едната туба да е проодна и можеш да останиш природна бремена има девојки и без ниту една туба па останале со инвитро бремени има и со две туби проодни па не можат да останат бремени, ако немаш некој друг проблем не се секирај опушти се и ќе си останиш бремена и психата има голема улога за да се остани бремена затоа опуштено и ќе биде.
Дали имавте болки наредните денови после хсг? Јас осеќам како болка и пецкање во јајници веќе трет ден, крварев првите два само. Дали треба да се јавам на матичната? Или е нормално?