подобро јавете се на матичен, јас малку неколку капки крв имав и толку беше се, првиот ден премногу жежок ми беше стомакот но се ова првиот ден после како ништо да не било подобро јавете се на матичен или пак нешто ако не биле проодни па сеа уште да имате проблем нз
Девојки, според вас каде да се направи хсг, Систина, Плодност, Толовски? Каде е најефтино и од каде сте најзадоволни? Ако не останам бремена и овој месец планирам да направам хсг, без разлика што имам една неуспешна бременост и се обидуваме 7-8 месеци
Правев лани декември, беше 4200ден како што се сеќавам. Мислам дека читав после дека е покачено на 4500, но нека потврди некоја што била скоро.
Јас правев во Толовски пред една недела. Брзо и многу професионално. Ми го правеше мојот матичен гинеколог заедно со радиолог Блажен Толовски. Платив 5000 денари.
Инаку што читав тука како многу болело, па крвареле, многу ми беше страв, пред да одам се напив Дијазепам, кога влегов внатре од страв ни апче не ми делуваше, не осетив никаква болка, ниту крварев, ми кажаа кога ќе имам штипкање, само тоа го осетив и толку, не ни крварев, мене проодни ми беа двата канали, Блажен Толовски ми правеше, многу фин, се објаснува. Го прашав дали ќе можам да одам (дека тука читав со придружба биле), ми рече нормално кај сакаш оди. Инаку 2-3 дена пред хсг треба седиментација да си направиш и чисти брисеви да имаш (тие важат 6 месеци).
Пред 1 недела правеше моја старосватица во Систина, рече дека осетила многу јака болка и едвај издржала, ама сега и ги гледав резултатите и видов дека има преграда и запушени малку каналите, па најверојатно ради тоа ја болело многу, изгледа болката е појака кога ти се запушени колку што читам. Фала ти за советот мила, ќе се напијам и јас некое апче пред да влезам и најверојатно ќе биди кај Толовски, дупло поскапо е Систина и не ми се даваат плус 5 илјади таму. Пап тест правев во Август, чисто ми е се, ќе ми го важат или треба нешто друго? А што е тоа седиментација? Може е глупо прашањето, ама прв пат слушам.
Јас правев комплет со крвна слика и седиментација пред 1 недела пред хсг и ми беше 2 (нели на гладно треба крвна слика) и мислев ќе ми важи, се прејавив, ми кажаа од кај Толовски нова да си направам и да им се јавам колку ми е. А немав време, бев кај гинекологот, натака навака и неможев упат да земам од општ матичен, се јавив во Авицена ми кажаа на гладно, а беше 13-14 часот и бев јадена и така отидов, им кажав и така утре кај Толовски имам закажано во 13 часот ако не ми е добра седиментацијата ќе дојдам сабајле, додека дојдов дома ми стигна на маил 6 ми беше, значи има врска на гладно и јадена, треба под 10 да е, негде читам и до 12 седиментација им правеле хсг. Побарај упат од општ матичен за седиментација и можеш во Авицена, Синлаб, кај сакаш, јас без упат дека немав време кај матичниот платив 120 ден. приватно. Резултати помалку од 1 саат готови. Не ми побараа кај Толовски, само по телефон ме прашаа колку ми е, ти даваат таму потпишуваш пред хсг.
Фала ти премногу мила за одвоеното време да ми објасниш , фала ти многу и @intj_girl Уште ова, чисто ми беше се за брисеви, тоа треба како лист да си го земам од кај матичната и да го носам со мене кај Толовски? Исто и за седиментацијата така?
Треба да си земеш, мене не ми ги побараа кога отидов, ама за секој случај, брисевите од кај матичната ми беа земени уште пред тоа, и седиментацијата си ја земав од Авицена пред хсг.
Девојки во вторник имам закажано за ХСГ. Јас не живеам во Македонија и имено не ми побараа ниту чисти брисеви, ниту крв ќе ми земат за седиментација ( јас веќе можеби 2 години имам забрзана седиментација) ниту пак даваат антибиотик. Ми рекоа само да се напијам некое апче за болка 1 саат пред да дојдам. Јас сум алергична на многу лекови, па би можела само парацетамол да се напијам и евентуално плус дијазепам. Може ли ваше мислење ? Дали имам простор за загриженост?
Јас правев ХСГ скоро без претходно да земам било каков лек. Ме болеше ама не беше неиздржливо и плус трае максимум 5 минути. Убаво е да си направиш микробрисеви и седиментација чисто ради тебе, процедурата вклучува вбризгување на контраст па ако имаш инфекција да не се прошири во матката.
Мене поради алергија на амоксиклав ме натераа да испитам алергија на контрастот. Чим си алергична на повеќе лекови, незнам како им е пракса таму ама прашај си чисто. Иначе за болката издржлива е ама секој човек има различен праг на толеранција, мене плус и запушени ми беа имав болка ама се трпи кратко трае.
Не се плашам толку за болката колку за тоа што нема да ми направат брисеви барем, да не имам случајно некоја бактерија или пак барем да ми дадат антибиотик после снимањето. Затоа пишав, да не имал некој случајно слично искуство и дали може да биде опасно.