А зошто не си направиш брисеви и седиментација? Тоа за тебе чисто. Мене ми препишаа после хсг Цитерал 5 дена да пијам, ама имав дома амоксиклав, прашав дали може и тие ги пиев.
Тука сметаат дека нема потреба. Инаку денес правев ХСГ, пред да почне докторката ми направи дезинфекција надвор и внатре. Траеше кратко, но премногу ме болеше, ако потраеше подолго мислам ќе заплачев. Проодни ми се каналите.
Мене ми се проодни и не ме болеше, не ни крварев. Ми препишаа Цитерал 5 дена, ама имав амоксиклав и тоа пиев.
Си имала среќа. Инаку јас ренген никаде не видов, ме гледаше преку вагинално ехо. Не знам дали тоа дава исти резултати.
Јас имам ренген снимка и извештај каде ми пишува дека ми се проодни. Ваква снимка, не се гледа убаво од блицот.
Mala konsultacija, izmina edna godina otkako imam napraveno HSG kaj Tolovski. Da prasam dali e stetno da se napravi povtorno Hsg posle izminuvanje 1 god? Sekako go baraat za vaucer, za prviot vaucer mi ja zemaa snimkata, i neli baraat do 1 god da e Hsg rezultatot.
Кој ви ја земал ренген снимката? Мене нигде не ми ја побараа снимката, во фондот го однесов само извештајот од хсг, снимката ќе ја носам сега кога ќе одам кај инф докторот.
Здраво, дали некој скоро правел ХСГ на ГАК? Ако може да споделите искуства и со кој доктор го правевте испитувањето? Од оние кои сте правеле кај Толовски дали може да ми кажете дали и ваш матичен гинеколог оди? Фала
Здраво, дали треба да се носат на увид резултатите од седиментација и брисевите? Им ги кажав телефонски рекоа во ред и закажаа, меѓутоа не прашав дали треба да ги носам со мене дента... За Толовски станува збор...
Јас бев кај Толовски, ми го правеше матичниот гинеколог мој и др. Блажен Толовски заедно. Мене не ми ги побараа, ама убаво е да ги носиш за секој случај.
Здраво на сите , најпрво ви посакувам многу успех и две цртки на сите оние кои што се борат да зачнат. Ќе го споделам моето искуство со вас , после година и пол неуспешни обиди за природно забременување решивме да се испитаме да видиме што не е во ред, сите испитувања кои што ги направивме беа добри и дојде ред да испитам проодност на јајцеводи. Интервенцијата ја правев во четвртокот кај доктор Органџиски, каналите излегоа проодни но имаше многу голем отпор , проследен со силна болка (по коментарите сфатив дека на жените на кои им се проодни каналите т.е течноста протекува без никаков проблем имаат некоја минимална болка, значи тоа е индивидуално) . Пристапот на докторот и сестрите беше на највисоко ниво, размислувам позитивно бидејќи самата интервенција може да делува и терапевтски. Па се надевам и за себе и за сите вас на позитивен тест после оваа интервенција! Со среќа на сите!
И моите се проодни а имав голема болка. Среќа што сето тоа трае кратко. Позитивни мисли само и се ќе биде во ред.
Здраво девојки. Значи вака: на прв ден од менструација се оди кај матичен и ти дава упат за крвна слика за седиментација. Седиментација крвна слика се прави на трет ден од мензис. Потоа се јавувате кај д -р Толовски за да закажете за хсг. Они прашуваат за резултатите од седиментацијата и ако се во ред потоа ви закажуваат за хсг. Хсг се прави од 8 до 10 ден од денот кога сте добиле менструација. Јас денес правев хсг, воопшто не е болно. Предходно читав на форумов и доста бев исплашена. Но нема потреба од страв, значи воопшто не е болно. Исто како гинеколошки преглед е. Малку е непријатно чувството но се издржува. Самата процедура трае 3 минути. Кај мене каналите беа запушени но со хсг докторот ги отпушти. Инаку само пофални зборови за докторот и целиот тим таму. Професионални, љубезни и се објаснуваат. Цената е 5.000 денари. Топла препорака за кај д-р Толовски и мој совет е да не го одолговлекувате прегледот.
Јас чајот го користев, многу ме болеше желудник, не значи дека и тебе ќе те боли, секој организам е различен.