Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проодност на јајцеводи (HSG)

Дискусија во 'Бременост' започната од mace12, 29 мај 2011.

  1. Makimaki93

    Makimaki93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Јас прашував во државна алерго - тест на пеницилин, меѓутоа тоа бил долг протокол од 2-3 недели, каде првата недела ми земаат крв, и проверуваат реакција со антибиотикот (поточно амоксиклав и оспен, пошто јас на тоа имам реакција, само што никогаш не сум правела алерго).
    Втората недела проверуваат реакција на кожата со грепкање.
    Ако ни едното, ни другото не јави реакција; третата недела те хоспитализираат, и секој ден примаш од антибиотикот, под постојан надзор, за да се утврди реакција.
    Работата е што не објаснуваат добро. Ако станува збор за толовски, тие не сакаат да преземат ризик (пошто си јавила алергија на пеницилин), да не се направи алергиска реакција на контрастот, бидејќи немаат соодветен лекар - анестезиолог.
    Затоа, или направи си хсг на ГАК во државна, или во систина; или земи примерок од контрастот во толовски, напрај алерго, за да правиш хсг во толовски.
     
  2. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Колку плативте за испитување на контрастот од Толовски во Систина и дали веднаш ги добивте резултатите?
    Ви благодарам за насоките кои ми ги дадовте.
     
  3. Makimaki93

    Makimaki93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Мила, јас не направив алерго на контрастот, се одлучив да правам хсг во систина.
    Ама можеш да земеш упат од општ матичен, за алерго тест на контрастот.
     
  4. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Погрешно ве разбрав на почетокот, се извинувам. Тогаш подобро да закажам во Систина, па доколку се појави некоја несакана реакција на контрастот, се надевам имаат соодветен лекар за навремено реагирање...
    Со Божја помош, ви посакувам што побрзо да дојдете до посакуваната цел.
     
    На Makimaki93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Makimaki93

    Makimaki93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Со лесно мила, се ќе биде како што треба :l:
     
    На Hi.there му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Закажав да, ама ова беше со грепкање и таму бев мислам 2 саата чекав за да видат реакција дали ќе има. Е сега можеш и кај нив ХСГ да си правиш, прашај ги за испитувањево, за да не носиш од кај толовски од течноста, дирекно од кај нив.
     
    На Hi.there му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам❤️
     
  8. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас имам испитувано на ист начин за состојки на анестезијата кај нив, претходната година, пред да ме прават операција. Затоа се изненадив кога вчера рекоа дека пеницилин не испитуваат овде туку праќаат во Турција. Ќе се јавам пак во понеделник.
    Ви благодарам.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.179
    Страшно се изнервирав, Систина ми откажаа апаратот им се сервисирал а 9ти ден од циклус, морав одма да вртам во Толовски да барам термин, среќа ми закажаа.. Како сте задоволни од таму? Ве читам повеќето таму одите но да препрашам, рекоа гинеколог они викаат некој Златановски мислам ми кажаа..
     
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    35.889
    Пол:
    Женски
    Јас бев кај Толовски, задоволна сум, не знам кој беше гинекологот, и др. Блажен ми правеа хсг, многу се фини, се објаснуваат, кога ќе штипнело, контрастот кога, се.
    Инаку мене не ме болеше, осетив само штипкање малце, не ни крварев.
    Се напив Дијазепам пред хсг, ми кажаа немало потреба, ќе ти препишат и антибиотик 5 дена да пиеш.
     
    На Hi.there му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.179

    Фала ти многу на одговорот, се надевам ќе пројде се океј и кај мене :l:
     
    На Hi.there и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас веќе неколку дена чекам да потврдат дека е пуштен во употреба. Два пати на ден се јавувам во Систина, со цел да не го испуштам овој циклус.
    Претходно бев решена да закажам во Толовски, но во Систина ми потврдија дека контрастот не содржел пеницилин и моментално ми се единствена опција.
    Доколку не успеам да се снимам таму, ќе направам алерго тест и следниот циклус најверојатно би испитувала кај Толовски.
    Имаат далеку повеќе препораки од Систина низ форумот и цената е дупло пониска.
     
    На Anyshka и Kala22 им се допаѓа ова.
  13. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.179
    Многу некоректно од нивна страна, минатата недела закажав никој не ми спомна дека им е апаратот на сервис, денес на ден на закажано им текнува да кажат, верувам сите што поминуваме низ некој ваков предизвик сето ова ни малку не ни е сеедно па уште вакви одложувања.. и така сум цела во паника и страв како ќе поминам па уште вакви глупости
     
  14. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам.
    Страв е присутен кај сите нас. Помолете се и земете некој седатив за смирување.
    Јас во животот немам користено дијазепам од 5мг, но пред овој зафат планирам. Се надевам дека помага да се опушти мускулатурата, бидејќи јас и на обични прегледи сум напната.
    На крајот сѐ ќе биде добро.
    Со лесно
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    35.889
    Пол:
    Женски
    И јас сум против Дијазепам, ама тогаш морав, и пред да влезам ми се замати хаха, кога влегов од страв се расонив, и не ме болеше, ништо страшно не беше.
    За во Систина прв пат слушам дека не содржел пеницилин, и јас не бев сигурна дали сум алергична, не направив алерго тест, ама амоксиклав содржат пеницилин и имам пиено, па така отидов.
     
  16. Hi.there

    Hi.there Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас им реков дека не знам дали сум алергична и ми рекоа дека нема во контрастот. Искрено, се изненадив и повторно прашав. Се надевам не е недоразбирање, но и ако е така, многу побезбедна сум таму, отколку во Толовски, од причина што имаат цел тим на доктори. На толку читање, размислување и стресирање, само сакам што побрзо да завршам со таа процедура.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    35.889
    Пол:
    Женски
    И јас не бев сигурна дали сум алергична, ама прочитав дека амоксиклав содржат пеницилин, Ако си пиела не би требало да си алергична, ама секако ти си знаеш, ако ти е страв направи си алерго тест. На секого ни е страв, јас за вакви работи што сум плашлива отидов без да направам.
     
    На Hi.there му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.179
    Помина, за среќа не осетив ни штипкање ни болка само како некој притисок долу.. Многу кратко траеше процедурата, и двајцата доктори беа пријатни, јас мислам бев пребледена од страв хаха Испив два Б6 и кафетин менструал пред тоа за секој случај..
     
    На Mydla, Anyshka и Hi.there им се допаѓа ова.
  19. MINA1195

    MINA1195 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2018
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас правев кај Толовски и премногу се фини. Беше еден постар др. Гинеколог.
    Постапката е кратка само треба да бидеш смирена да не се грчиш, јас почуствував само слаба менструална болка и тоа на кратко. Никакво апче не се напив пред процедурата.
    Ти посакувам среќа
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    35.889
    Пол:
    Женски
    Повеќе мене ми беше скокоткање отколку штипкање. Ете помина.