Има број кај Толовски на страната. Јас направив крвна слика со седиментација пред 1 недела пред хсг, потоа кога се јавив ми кажаа да направам пак, тоа беше ден пред хсг, а хсг ми обично закажуваат од 7-12 ден, мене мислам 8-ми.
Мене ми кажаа гладна, ама кога правев крвна слика гладна бев и седиментацијата ми беше 2, јас се јавив и ми закажаа хсг, потоа не знам што ме тераше да се прејавам ден пред хсг и да им кажам дека имам правено пред 1 недела, ми кажаа направи денес и јави се да ни кажеш колку ти е. Се јавив во Авицена, ми кажаа гладна, ама немав време, беше околу 13-14h, и бев јадена, отидов во Авицена, им реков ако ми е висока сабајле ќе дојдам пак, и така хсг имав закажано околу 13h, додека стигнав дома ми стигнаа резултатите и ми беше 6, што е ок, ама има врска ако си гладен, другиот ден пред да одам кај Толовски си ги земав резултатите во случај ако ми ги побараа,ама не ми ги ни побараа.
Фала ви многу за одговорите Му се јавив вчера, за седиментација ми рекоа да испитам на 3ти ден од циклус па да му се јавам. Исто така ми рекоа треба да е под 15, а тука прочитав негде под 12, а и за брисеви не ни ми спомнаа. Баш ги препрашав само седиментација ли ви треба рекоа да. Ќе почекам сега да добијам, треба отприлика за 1 недела па ќе му се јавам да ми закажат.
Среќни празници на сите Апаратот во Систина сеуште не работи, а денес добив нов циклус. Претходниот сум овулирала на 6/7 ден, како што претпоставував. Сега пак сум во трка со времето бидејќи овулирам многу рано и ХСГ - то мора да го направам практично додека сум со циклус. Толовски не ми е опција, поради страв од алергиска реакција на контрастот. Дали имате искуства со Плодност - Битола?
Брисеви не бараат ама за твое лично здравје е добро да ти се чисти. Само седиментација ми бараа и 3 пати ме враќаа, 3 редоследни месеци изгубив зошто никако не ми се симнуваше под 15. Во Жан Митрев не бараат ни седиментација рез, се јавив и таму прашав, само плати и ќе завршиш работа. Ама пак, за твое лично здравје и безбедност, консултирај се со матичен општ лекар во врска со седиментацијата како да ја доведеш под 10 па закажи си кај Толовски.
Кога добивте после направено HSG, дали на некоја и подрани, закасни или си беше редовно и навремено добивање на следен циклус? Имавте ли некои промени различни од вообичаено кога сте на старт на циклус?
И јас планирам да го направам оваа испитување.Читам членки пишуваат нешто во врска со испитување на пеницилин јас сум веќе алергична на пеницилин и гентамицин..Дали би можела да имам некоја компликација? Ме исплашивте некако….
Никакви промени немав после хсг, редовно ми доаѓаше, сега после пункција ми доцнеше 5 дена, ама ништо страшно не се 5 дена.
Не сум запознаена. Денес се јавив да прашам дали апаратот за ХСГ им е пуштен во употреба и рекоа дека сеуште се сервисира. Моја познаничка утре има гинеколошки преглед таму, претпоставувам дека се со вообичаеното работно време.
Направив ХСГ кај Толовски и единствено ме прашаа за алергии на лекови, за седиментација не ме ни прашаа. Е сега докторот кажа дека ми е се добро, но матичниот гиниколог ми кажа дека имам седлеста матка и дека не ми биле проодни каналите, но со контастот ги пробиле. Сега се засекирав што е всушност седлеста матка... Рекоа 2 дена апстиненција и потоа активни односи. Ме интересира дали некоја успеала да остане бремена после ХСГ ?
Здраво девојки Дали после ХСГ кај некој од вас имало доцнење на циклус? Веќе 3 ден никако да пробие, предходно во ред ми беа менструациите.. Вчера наутро и вечерта само имав нешто розево кафеаво и утрово само кафеаво