Не ги прашав ова, чисто сега ме заинтересира. Бев среќна што сега ми се проодни и си испаднав веднаш, а и имаше многу гужва. 5000 денари, и за седиментација што треба 100 денари.
Mene kaj tolovski mi kazaa koga ke dobijam ciklus na vtor,tret ili cetvrt den sa napravam sedimentacija. Eftina e vo biotek 100-200den
Мене па ми кажаа во систина отколку Толовски, дека о почнал да штампа резултати побезбедна опција ми биле систина а мнг се поскапи 10илјади
Здраво Јас конечно успеав да закажам ХСГ во Систина. Терминот ми е утре и кога се јавив да потврдам седиментација, побарав анестезија. Сестрата ми рече дека нема потреба од такво нешто и инсистираше да се откажам. Јас сум напната на секој гинеколошки преглед и тоа најмногу ме плаши. Набавив диазепам од 5мг, кој инаку ќе го пијам прв пат во животот. Би сакала да знам, што друго би можела да земам за болки, за махимално да се поштедам од нив. Не сум личност која користи лекарства, исклучиво во ретки случаи, па немам искуство со нив. Ви благодарам
Јас правев во март и искрено ниту знаев точно каква е процедурата ниту пак читав.Само тоа што ми го кажа докторката постапката како се одвива.Јас не зедов ништо за болки и немав болки иако излезе дека левиот не е скрос прооден.е сега кај секој е различено јас не се плашам тоа што мора ќе биде.Опушти се кратка е процедурата и нема потреба од анестезија
Треба да си упорна и да чекаш со месеци да ти поклопат нивни термин слободен со твои предовулациски денови. Главната сестра е уставна власт таму па мора се преку неа со 300 молења, частења итн. Ќе изгубиш мн месеци и драгоцено време, па и пари. Подобро закажи си 7-10 ден макс. било каде на приватно, како и да си моќна во дадениот момент, за да си го сочуваш здравјето. За жал така е на ГАК. (Толовски е 5000, систина 9000).
Ке ве молам за совет…Имав една вонматерична бременост,веќе скоро година дена се обидуваме да останам бремена но ништо..Добивам различни мислења од лекари и незнам што да правам…Едниот ми вели да направам хсг и ако каналот е запушен со самото снимање може да се отпуши и потоа природно да останам…Друг ми вели ако е запушен одете си на инвитро одма и да се отпуши може да настане уште една вонматерична па уште еден проблем….И незнам што да правам…А од многу жени и сум чула дека што една вонматерична настанала големи се шансите и за втора…. Дали доколку се одлучам веднаш за инвитро има потреба да снимам канал претходно?
Дали правеше без анастезија пошто се мислам и јас за таму? Поточно не било анастезија туку само обезболубање било…
Здраво девојки, Денес правев ХСГ во Систина кај др. Александар Бојаџиев. Процедурата беше буквално минута. Може и помалку. Се чувствува необична болка, но тоа трае секунди и веднаш исчезнува. Јас бев преплашена, а потоа сфатив дека нервозата била залудна. Час пред снимањето испив кетонал од 800мг и диазепам од 5мг. За среќа каналите ми беа проодни. Цената изнесуваше 10 800 ден. Го прашав докторот некои работи кои ме интересираа, ми дадоа цд снимка, извештај и антибиотици кои треба да ги земам неколку дена. Дали некоја од вас одела на контрола, бидејќи претходно во групата видов дискусија за читање на извештај од страна на докторот кој ве прегледувал?
Мхм, а ти ги објаснуваше докторот резултатите? Мене ми ги дадоа подоцна и видов дека пишува контрола. Тоа ме збуни. Пишува дека има присутен септум, но докторот рече дека е мал и тоа апсолутно не смета за забременување. Но, како што можам да прочитам искуства, некаде смета за износување на плодот. Јас прашав дали има потреба од интервенција и рече дека нема. Сепак, ако некој има искуства со ваков наод, би сакала да слушнам.