Posle 6 meseci, na dvata hsg mi stoese deka mi se proodni od kaj tolovski na edniot stoese hidrosalpinks. Za laparoskopija se odluciv po sovet od dr od new born za da ne gubam na vreme, doznav deka mi se losi i dvata jajcevodi i za zal mi gi izvadija. Sega se spremamm za invitro zosto ne sakam da gubam vreme
Луѓе едно важно прашање, дали пред оваа процедура некој правел алерго тест? Страв ми е да немам некои последици, планирам во Систина да правам
Ако си алергична на Пеницилин направи си, во Систина прават. Јас не направив, мислев дека сум алергична на Пеницилин, ама прочитав дека и Амоксиклав спаѓа во групата на Пеницилини, а сум пиела Амоксиклав и баш и на упатството пишува да не се употребуваат кој е алергичен на Пеницилин.
фала мнг, среќа не сум, малку сум загрижена за самиот контраст/бојата што ја пуштаат да не ми создаде некакви последици, да не имам алергиска реакција на тоа ама со господ напред. Се распрашав по лекари ми кажаа до сега немало потреба за алерго тест
Не се грижи, процесот трае многу кратко. И јас бев испаничена, мислев кој знае што ќе ми биде, па ништо не ми беше, се напив Дијазепам пред интервенција, ми кажаа немало потреба.
Јас бев доста испаничена околу алергиските реакции, иако само еднаш имам пројавено на состојка во вакцина. Толовски ми рекоа дека ако не сум сигурна за пеницилинот, да направам ХСГ во болнички услови. Затоа се решив Систина. Им напоменав дека немам испитано и рекоа дека нема проблем. Инаку испитувањата за пеницилинот траат две - три недели, бидејќи резултатите ги праќаат во Турција. Меѓутоа, напоменаа дека за ХСГ користеле јод (ако добро сум разбрала). Процедурата е многу кратка. Фала му на Бога немав никакви реакции. Доколку си личност која често пројавува алергии, најдобро консултирај се со сестрата на докторот при закажување. Со лесно
Нема врска со гладна и жедна, јас имав закажано во 13 часот, па бев појадувана, има членки што има закажале и подоцна, па не биле ниту гладни, ниту жедни.
Во ГАК само рано наутро во 8се прави и ми напомена сестрата гладна жедна биди пред постапката и пред ХСГ во wc мораше да одиме да бил празен мочниот меур Така ми рекоа
Секаде е различно, јас прашав по телефон кај Толовски, ми кажаа нема врска дали сум гладна и жедна, и си бев и најадена и напиена.
Исто и Систина. Ми напоменаа дека не прави разлика гладна или жедна. Всушност, доколку се напиеш седатив, воопшто не е препорачливо да го земаш на гладен стомак.
Дали некој правел хсг во плодност да сподели искуство од резултатите сакам таму да правам ве молам за мислење
Здраво, превено хсг на ГАК, каналите минимално проодни со адхезии, од кои најверојатно десната туба залепена.Дали некој имала нешто слично? Дали со инсеминација би било успешно или да се оди на ин витро директно? Ви благодарам.
Јас правев сега во понеделникот, бидејќи бев со анестезија требаше да бидам и гладна и жедна, резултатите испаднаа добро, ми беа малку запушени и најверојатно кога ги отпушија тогаш и ме заболе. Другото се беше во ред. Исто така да напоменам ми бараа микробиолошки
Правев на Клиника, умрев. Прекинаа, рекоа дека најверојатно ме боли бидејќи едниот не е прооден. Но, уште поголема болка имав кога правев претходно, а тогаш се' беше во ред.
Јас имав адхезии на едната, ја извадија, на другата и направија ресекција, нов отвор. Инсеминациите беа неуспешни, прво ивф успешно.