За ивф не ти требаат проодни канали. Ама ако сакаш направи си хсг, кај Толовски е 5.000, Систина 10.000.
И те како за нормална бременост ти требаат здрави канали без разлика на кој начин дошло до бременост. Да, за неуспешно ивф и за неуспешна бременост причината може да се бара и во каналите. Инфицирани канали, заоушени канали, полни со течност, хидросалпинх води и до спонтани абортуси и до неуспех при зачнување. Јас сум пример со еден канал со хидросалпинх, со неуспех 5г за постигнување бременост, тој ми е изваден со лапаро, другиот не беше инфициран и остана. Прво ивф успешно. Течноста ако постои може да се излее во матката и да направи проблем и при веќе постоечка бременост. Така што хсг се прави и се проценува дали има потреба од лапаро за да се види состојбата на каналите. Кај мене беше така. Канал инфициран на хсг изгледа како здебелена колбас така го објаснуваат. Запушен канал(со адхезии или хидросалпинх) е доволна причина за лапаро. Сомнително хсг исто така. Одговорите се бараат на сите страни, не само во хормони, и мутации. Добар доктор кој ќе ги види сите агли на проблемот е клучен фактор.
Епа зошто мене Трајковски ми кажа за ивф дека немам потреба да правам хсг? Јас направив на своја рака и проодни ми се каналите. Муабетот ми беше дека ако немаш проодни канали, тогаш ивф. Колку без канали па ете имале нормална бременост. Може и природно па да немаат нормална бременост.
Јас дадов објаснување за канали коишто имаат некаква аномалија, дали запушување, дали инфицираност. Едно е дека се нема потреба од канали за ивф, нешто сосема друго ако има канали кои имаат хидросалпинх и да се оди на ивф. Ете можеби трајковски така сметал. Можеби намло причина за испитување на канали. Ама сепак си направила. Ако немаш проодни, да ивф, ако имаш со хидросалпинх подобро е прво да се извади тој или тие канали. Без канали, да може со ивф да имаш нормална бременост. Јас сум без еден со ивф и нормална бременост. Но според мене доколку има неколку неуспешни ивф причината може и таму да се бара.
Лапараскопија правев пред две години за вадење ендометриозна циста во Плодност кај Таше. Презадоволна од условите, од се генерално. Платив 90илјади денари
Прво треба седиментација да направиш, мене кај Толовски ми кажаа на 3ти ден од циклус да направам. Кај нив толерираат и до 15 седимендација, сега незнам каде ќе правиш. Откако ќе ги имаш резултатите од седиментацијата ѕвониш му кажуваш колку ти е и ти закажуваат од 7-10ти ден од циклус.
Треба да чисто за тебе да си го имаш, ама кај Толовски тоа не ти го бараат, само по телефон да му ја кажеш седиментацијата и толку.
Толовски ако се сеќавам само ме прашаа дали се брисевите чисти. Добив , направив седиментација и им се јавив да закажам.
Утре ќе правам хсг во Плодност, ќе ви пишам искуство. Ми рекоа да носам резултати од брисеви (чисти), да одам гладна, и да сум на полесна храна денес и повеќе течности. 8илјади без,10 илјади со анестезија. Ќе се договорите со докторот на лице место ми рекоа околу анестезија. Држете среќа ✨
Oд 7-12 ден од циклус, пред тоа треба седиментација под 12, толерираат и до 15. Важат 6 месеци. Епа гладна и жедна ти рекле поради анестезијата, јас правев без и со бев најадена, напиена.
Уште не можам да верувам двата канали се проодни!Инаку добро поминав ништо страшно, со анелгезија беше свесна бев. Самата постапка беше 5 мин, после тоа полежав еден час, ми препишаа сумамед 3 дена и си заминав