Бидејќи седиментација ако е покачена е показател на нешто дека се случува нешто. Едноставно сака да си ок со резултати, за да не внесе некоја бактерија во матка, па после проблеми еден куп.
Штом ти заврши одма направи си. Биотек е некои 150 ден и за саат време имаш резултати на мејл. И одма се јавуваш и ти закажуваат.
Јас немав циклус кога правев седиментација. Правев пред тоа комплет крвна слика со седиментација, бев пред циклус, наредниот ден добив, се јавив кај Толовски, им кажав кој ден ми е од циклус, и ми закажаа на 9-ти ден, за седиментација не ме ни прашаа, и не знам што ми требаше да се прејавам ден пред хсг, им кажав кога правев, а тоа беше пред 7-8 дена, ми кажаа нова да си направам и да им се јавам да им кажам колку ми е. Се јавив во Авицена, ми кажаа треба гладна, а јас бев јадена, и отидов, додека стигнав дома ми пратија на маил, им се јавив на Толовски, и остана истиот термин. Другиот ден пред да одам си го земав резултатот од Авицена во случај да ми го побараат, ама не ми го побараа. Инаку без упат платив 120 ден., немав време да одам кај матичен. За секој случај мора да го имаш.
Не давајте пари за џабе за анестезии и слично, без никакви апчиња си направив хсг, никаква болка не почувствував и целата процедура траеше помалку од минутка. Само бидете си опуштени
Здраво, сакам да направам хсг во Систина, немам страв од самиот чин туку општо од болница... Па доколку некој има време да ми објасни детално како оди постапката (дали проверката се прави во друга просторија или во канцеларијата на избраниот гинеколог, дали се соблекувате во болнички пижами, дали присуствува некој друг доктор или сестра и др.) Би ви била благодарна. Јас сум заинтересирана кај др.Корнелија дали некој имал искуство со неа?
Процедурара претпоставувам дека е иста било каде. Кај Толовски правев, на пола цена е и презадоволна сум. Се соблакаш како за вагинален преглед. Легнуваш, малце те навалуваат наназад и почнува процедурата која трае 2-3 минути, па и толку дали беше. Ти ставаат спекулум, ставаат од течноста или како и да се вика, одозгора со апарат снимаат и толку. Не е болно, да кажам малце непријатно, ама брзо се завршува. Со лесно.
Јас премногу се плашев од постапката, прашував другарки, читав тука и отидов целата исплашена. Јас правев во Жан Митрев без анестезија поради тоа што беше поевтино од Систина, а за Толовски се мислев. Пред самата постапка се договараш со докторот што ќе ти биде, проверуваш седиментација треба да ти е во ред и уредни брисеви и мислам пиев антибиотик пред постапката и после, не се сеќавам. Како ќе ти каже докторот така. Јас носев летен фустан и мислев само да кренам за полесно, ама ми дадоа спаваќа од таму и прво ме однесоа во една просторија и ми правеа екг и ми измериа притисок. Имав покачен притисок од паника, ама сестрата беше многу фина, па ме смири. После ме однесоа во поголема просторија, се легнува на кревет слично како за преглед кога одиш само со главата легната, па го креваат столот. Ти ставаат спекулум исто значи како за пап и ти пуштаат течност. Дојде еден доктор постар, тој го правеше ренгенот или како се викаше. Мене искрено многу ме болеше, но тоа траеше две минути вкупно се на се. Болките се како многу силни менструални болки, ама се завршува многу брзо. Прави слики докторот, ти ја вадат опремата и тоа е тоа. Потоа сестрата те испраќа да се пресоблечеш и ти прави друштво додека се стабилизираш. Значи се издржува, особено ако имаш болна менструација тие се болките. Јас си носев гаќи резерва среќа, ми течеше малку крв, па се пресоблеков. Совет - носи си улошка или резерва гаќи и без стрес. Препорака од др -да не правиме бебе еден или два месеца заради зрачењето. Јас имав лева затната туба, а останав трудна со овулација на лев јајник и инсеминација. Така што да не се разочарувате ако не ви излезе добар резултатот. Се надевам ти помогнав и ти посакувам лесно да поминеш.
Која цена е во Жан Митрев? Не ни знаев дека прават хсг. Па и ЕКГ, и притисок, кај Толовски ништо, само легнуваш, се соблекуваш надоле или фустан ако носиш креваш нагоре, после постапката одма си одиш, ни во соба ни ништо. Мене крв не ми течеше, проодни ми беа.
Мислам околу 8000, стварно не ми текнува сега, јави се ќе ти кажат. Поскапо беше од Толовски, а поевтино од Систина. Да и јас читав тука дека е така, а ваму баш процедура беше. Ама сепак убави услови, чисто и те тинтраат.
Дали после абортус со киретажа сте повторувале HSG, на своја иницијатива или по предлог од лекар и кој бил исходот?
Кај мене после киретажа благо се запушиле каналите, па дека беа малку течноста успеа да пробие без проблем и сега се проодни. Имам читано дека од операција, царски рез, киретажа, ендометриоза може да дојде до запушување, така да затоа и проверив, па на крај навистина испадна дека имало пречка.
Се сеќавам на твојот случај, прв пат од тебе ми се чини дознав за можноста за запушување после киретажа а и Трајковски ми спомна ама кога го препрашав дали да повторувам хсг, ми рече ај не. Ама ова на нога муабет, на испраќање. И ми остана на мисла. Јас веќе сум во обиди за повторна бременост, ама не планирам многу да чекам природно и би одела на ин-витро, а тогаш јајцеводи не ми требаат. Сепак ме јаде црвот која е веројатноста да бидат запушени. Споделете ве молам и други членки
Јас ја проверив проодноста по втор пат после еден царски, две киретажи и плус ендометриоза и проодни беа, среќа