Утре имам закажано за хсг, некој совет нешто ? Улошка да си земам знам, не се плашам од болка ама може еден бруфен нешто да се напијам од дома. Др нешто има или тоа е тоа ...
Само опуштено. Болката е минимална и трае само неколку секунди. Немаш ни потреба да пиеш апче. После хсг може да имаш минимални менструални болки. Понеси си улошка и толку. 5 минути работа е тоа.
Каде ќе го правиш ? Јас си земав влошка и влажни марамчиња, бидејќи малку прокрварев одма после станување, ама ми рекоа нормално било. Јас правев кај Толовски, не пиев ништо, никакво апче, па поминав одлично, односно не почувствував никаква болка, туку некаков благ притисок како кога го осеќаме мешето пред да добиеме. Целата процедура трае 1 минутка, искрено подолго ќе се облакаш и соблакаш легни си таму опуштено Јас отидов тазе уплашена од некои мислења овдека, мислев ќе се умира, ама откако излегов од таму си велам какви анестезии, какви апчиња, ова ништо не било, ко на преглед да сум била
Zdravo, Dali ke moze info kolku cini HSG vo Sistina, postojano SE zafateni na Telefon nemozam da dobijam informacii od niv. Fala
Кај Толовски и јас. Е добро може да земам да си имам за секој случај и марамчиња. Уф незнам , некако незнам шо сакам да испадне, ако испадне се во ред таму пак останувам да незнам што е проблемот пак испитувања чуда... Само да помине се со лесно. Па ќе му ја мислам потоа.
Мене ми дадоа да се избришам и улошка, ама носи си. Не е воопшто страшна процедура. За 2 мин макс. си готова.
Мене кај Толовски ми кажаа само два дена да одмараме, потоа да си имаме интензивно, зошто после хсг во случај каналите да биле запушени ги отпушуваат и прочистуваат со контрастот и можно е да дојде до забременување, многу останале бремени после хсг.
Леле и ова ли го поскапеа? Јас кога правев кај Толовски платив 5.000 во Август, во Систина ми кажаа дека 10.000 било тогаш. Не се нормални со цениве.
и јас првото хсг пред година ипол го правев кај Толовски. околу 4500 мислам дека тогаш беше. А систина дупло поскапо. Меѓутоа јасноста на снимката е 100 пати подобра во Систина.
Бев на ХСГ, докторот рече за второ ако сакам да имам, одма да спремам документи за вештачко.... Комплетно непроодни воопшто не се гледа ни почеток на јајцевод...
Те прочитав низ темиве, баш ми е жал, но не очајувај, има исти случаи како твојот, па си останале бремени со ивф, дури и со вадени јајоводи и какви ли не приказни... Е сега, тежок е тој пат за одење, ама не е невозможен, само позитивна мисла и се ќе биде во ред.
Фала ти за убавите зборови. Искрено малку неспремна бев, мн ладно ми го кажа докторот одма по снимката ни коментар за проодност ништо туку зборовите беа ако сакаш второ спремај си документи за вештачко и толку беше. Гинеколог мислам беше тој шо го кажа тоа не знам кој , после радиологот ми кажа дека се непроодни и така. Инаку процедурата не беше воопшто страшна или неиздржливо болна и кратко траеше.
Каде правеше? А да си разговараш ти со специјалист за неплодност, можеби нешто со лапароскопија може да се среди?