Толовски. Па секако морам да правам консултации со специјалист ако правам ивф, и ќе видам што ќе каже. Ама на снимката се гледа само матка, јајцеводите воопшто ни малку не се покажаа, ваљда заради тоа рече така докторот. Секако ќе правиме консултација и ќе видиме што ќе кажат.
Девојки дали во други градови на државно се прави хсг ? Докторката на клиника во Скопје е на одмор, сега не знам дали да одам приватно или има некаде во близина, Куманово, Штип ?
Мислам не, на државно само во Скопје. Кај Органџиски во Штип прават, ама немаат рентген, со ехо го прават.
Државно нема. Повеќето од нас тука сме правеле на приватно. Моја топла препорака да си закажеш кај Толовски. За разлика од Систина/Плодност се поефтини, а воедно многу се професионални. Веднаш гледаат дали се проодни или не. Процедурата е кратка, болката минимална.
Женски да прашам од кои инфекции се добиваат зачепени јајцеводи?? Кои се причините ...читав пишува дека од инфекции на интернет ама не пишува од кои инфекции
Мене мојата матична мк кажа дека треба да имаш некоја тешка инфекција за да се јави, како на пример хламидија, трихомонас, гонореа. Кај мене после царски се запушени и 2та.
Со кламидија и ПЦОС (циклус 2x во годината), другарка роди две деца од еден обид по природен пат и двете.
Супер нека и се живи и здрави. Јас само кажувам мојата матична што ми кажа. Евр ја не сум имала никакви инфекции па 2та ми се запушени.
Здраво девојки, сакам да правам ХСГ кај Толовски. Ми кажаа да проверам седиментација и да им се прејавам за да ми закажат. SE ми е 32, дали би ми закажале? Колку е дозволена SE? Ми кажаа можно е да е од заб, а моментално и болка во грло имам па можно било и од тоа..
Toловски толерираат до 15. Знам дека за хсг треба под 12, јас правев вчера крвна слика и седиментацијата ми е 1, да не е многу ниска? Лани на гладно ми беше 2, потоа кога повторив дека ми бараа нова кај Толовски на јадено ми беше 6. Не знам ова 1 да не е па многу ниско, матичната ми кажа се ми било во ред. Не ми треба за хсг, онака правев крвна слика.
Девојки, при ХСГ ако де одлучам да биде со анестезија, каде ја ставаат анестезијата? Имам закажано кај Толовски во вторник.
Кај Толовски мислам дека немаат анестезија.Нека ме поправат ако грешам. Но немаш потреба од тоа, навистина не е болно. Издржлива е и трае само 10 секунди максимум.