Туку кажете ми проодувалките колку се искористливи и практични, госпоѓицата се исправа оди ако ја држиш за рачиња НО НА ПРСТИ и со телото поднаведната напред, се мислиме да и купиме проодувалка. Совет од вас и слико кој модел е најполезен. Тенкју лејдис!
@Saraa имам проодувалка, но не сум задоволна, кога бираш гледај назад да има подолга и цврста рачка. Поздрав.
Јас имам ваква, но рачката не е добра, 1200 беше мислам. А, во Нама имаше добри по 2500 мислам како Мињони, тие би ти ги препорачала јас.
Не прооди со ова. На почетокот прво си пушташе музика, и сега кога оди веќе, става кукла на него и го бута Или си седнува и си го вози низ соба.
@Saraa јас го имам ова. Мојов е 4 дете што го користи, супер е. Ако веќе сакаш да купиш, мој предлог е баш оваа проодувалка, ама каде ја има, не знам. Инаку, и без проодувалка ќе си тргне самото, верувај.
Ние уште малце ќе правиме годинка, син ми се исправа по кревети се движи по кревет (секако мали сме за проодување) и се фрла на газе или на рачиња паѓа и си лази. Мене ме боли него не и цело време сме така . Почна преку перница на кревет да се качува. Секој ден е се постабилен (да не го заречам) се си мислам готово ќе се пушти
Мојава цуца почна да се пушта да оди, прави чекорчиња, а некогаш и цела соба ја изодува. Не е баш стабилна, па мора да има некој зад неа. Гледам нема страв ич. Она што ме плаши е што не знае да паѓа, секогаш сум зад неа, но доколку би паднала би било директно на глава. Вежбаме и и покажувам да паѓа на газе, ама тешко оди. Поискусни, споделете некое искуство како да ја научам или да чекам да биде сама спремна?
Имаме година и 2 недели, уште не се пушта да оди. Ако ја држам за рачиња, да, ама на прсти најчесто. Оди држејќи се за мебел и застанува сама одвреме-навреме и си паѓа на газе кога ке изгуби рамнотежа. По цел ден прави падни-стани. Примеќам дека секој ден е постабилна и си велам ке биде во скоро време. Ми прават притисок сите околу мене, ајде уште ли не оди, е зошто, ко да мора да прооди до роденденот, не можам да ги слушам.
Нека си зборат, ќе си прооди само ќе и дојде. Мојов на 1 роденден немаше ниту еден заб, прооде на година и пол. Истото беше и кај мене. Како нема заб а година има? Како ќе го пушташ во градинка не оди? Наполни година и уште не оди??? Абе што да ти кажувам. Затоа ич да не си се замараш, нека ни се живи и здрави, се ќе си направат кога ќе им дојде само!
Какви обувки се најдобри за проодување? Анатомски, ортопедски или рамни што се виткаат? Денес ги направи првите чекорчиња сама.
Низ дома по чорапчиња гумирани одоздола што се. Во лето што велиш најубаво се проодува само тој период да се погоди...мојава боса низ двор трчаше или по чорапи...еднаш и низ мало цел круг, плачеше пиштеше неќеше по сандалите да се вратиме и боса. Обувки за надвор само. За проодувалкиве читам....нас не ни користеше многу...откако проодевме повеќе ја извозивме...битно ја искористивме...не за да проодиме ама потоа си играше со неа...уште знае да ја земе и да си ја вози.