Боса по доѓа на чорапчиња.за надвор незнам некои меки напред што се виткат лесно.и моево прооди но за надвор уште немаме најдено баш такви што му одговараат да оди лесно има едни мекички за по дома и со тие го пуштам малку низ двор знае да оди душичка
Мамички дали се гледа млада, полна месечина за правење постапалки. Ние еве веќе недела дена се пуштаме по 7-8 чекорчиња,потоа се спушта и продолжува да лази. Мислам дека се смета дека е прооден веќе ,така ли?
Да.еве сега од четврток е новина.можеш во недела или четврток да направиш.здравје и ние во недела ќе носиме постапалки.тогаш сите се дома.
Имаме 15 месеци веќе еден месец кај што се пушта по неколку чекорчиња и продолжува со лазење, незнам дали има место за паника, зошто сега ми изгледа како малку заплашен...гледам како скоро сите деца на негова возраст трчаат па ми стварапаника,зошто уште не оди сам??
Мами не се сите деца исто. Моето прооде на 11+ на другарка ми на 17+ Никое не останалоо без заби и непроодено. Не се секирај,се во свое време. Ко ќе се чуствува спремно ќе пушти чекорчињата а мама ќе прави постапалчиња. Ве гушкам и без секирации.
Не се сите деца исти. Некои порано се пуштаат, некои покасно. Некои се поплашливи, други посигурни. Штом заодел, не се секирај. Ќе се пушти лека полека повеќе, кога ќе биде посигурен.
Незнам дали ти е за утеха...моето е 16 и не оди. Од скоро почна по неколку чекори сама, но сега пак бара рака...уште се плаши, претпоставувам. Но чим почнало, мислам нема место за паника. Кај да е, ќе се пушти.
Дали сте имале искуство со зафрлање на едното ноџе на надвор? Како да се изјаснам, значи оди и левото ноџе некогаш го врти на надвор ...
Мајки да ве прашам, моето бебе има 8 и пол месеци. Какви чевли да и купам сега? Или рано е уште за чевли, од есен па натаму?
Здраво мајки , веќе цел месец се пушта да оди ,прво неколку чекори сега може да го изоди и цел стан . Но не секогаш,не е стабилен и морам да одам позади него,се случува да изгуби рамнотежа и незнае да седне /падне на газ . Значи ако не сум зад него како штица си паѓа. Нема ич страв се пушта цело време како сигурен да е ,а сепак не е. Што знам како правилно треба да биде . Сите ли така проодуваат ? Како да го научам да си седне кога ќе изгуби рамнотежа ? И дали ова се смета за проодување ,јас чекам баш стабилно да почне да оди па да правиме стапалчиња. Инаку сега сме 12+ .
Stom se pusta znaci proodelo deteto, neka ima lesni cekorcinja A za stabilnost - ehee, proces e toa, meseci ke pominat...Treba da se uci na gaze da pagja...
Обично децата проодуваат откако ќе научат да паѓаат. Затоа е пожелно од 5-6 месеци да се оставаат на земја, да се јакне мускулатурата и да се учат на паѓање. Стабилноста во одењето ќе си дојде со тек на време.
Напочеток сите така паѓаат , лесни чекорчиња нека има првен сега вака па по некој период на газе ќе седнува па после и раце ќе пушта напред да се задржи , неколку фази се , па ќе си продолже без плачки , Мала еве а 15м е , проодена е 3м дури сега веќе не оди ко шатче и трча дури еве а недела две И мене истото ми го кажале , дури не науче да паѓа , и преплаше ,нема да е опуштен Можиш да си правиш постапалчиња јас мислам , веќе оди дечкото
@Lattina @Annath @Poppins Фала ви на советите . Он седнува на газ само кога се држи за нешто а така сам незнае и кога ќе изгуби рамнотежа се труди да ја задржи лево десно, со рацете и несака да си седне . Му покажувам сега се трудам . Инаку од 4 м сме на под на коцки. Плус и си лази ,не е дека не е извежбан . Како и да е ќе се научи убаво со тек на време.
Ај и за мене еден совет. На почеток на месецов прооде, се пушти сама од раце. Направи повеќе чекори. И наредните денови се повеќе и повеќе. Од маса, од кревет се пушташе. Надвор за едно раче оди одамна. Ама последниве денови. Неќе ни да стои без да ја држам, одма седнува на газе. А јас веќе напраив постапалки мислејки дека сега само ќе јакне се повеќе и повеќе. Прави она пак по некој чекор ама не е тоа тоа. Иначе и на газе знае да паѓа, а и за нанапред пушта рачиња. Некој со вакво искуство?
Падна ама не во одење. И јас си викам до тоа е. Она уште пред еден месец правеше чекор два, ама не го рачунам тоа. Сега дека сама се пушти, па можеше од соба до ходник да отиде сама. А за едно раче лета, надвор само бара да оди. По цел ден ја оставам на земја, не лази, стручно се врти на газе, пробува и од земја да се исправи да стане. Читам за свекрвите. Ја на мојана не можам да и објаснам дека нема потреба нон стоп да ја држи. Луѓе ја држи за цела рака, кај лактот, плус за грбот. Кога стои потпрена за нешто исто. И помага да стане иако детево знае. Кога ја патка пак цела рака и ја фаќа иако малава само малце површно те фаќа за прст колкј сигурност да има. Кажано е ортопедот вика сама што повеќе, тетки стринки баби да не ја рчкаат многу многу(вистина ни кажа) и не и не... Коса ми се крева. Пред некој ден таа стои потпрена со една дадичка(2 год) таа ја држи, ќе ја бутнела. Викам мора некој да ја бутне некогаш, доброо нек ја бутне и се налути. Ја тера со сила да оди у друга соба. Јас немам сили за расправање веќе. Не знам ни што да измислам веќе. Секое гледање викам остави ја не ја држи. И така, еве сега сака да дојде, а знам само ќе ми го вознемири детето.
Мaјки ќеркичкaтa се пушти, 14 и пoл месеци, време е зa пoстaпaлки хепи сме сите пoгoтoвo мм, oн летa хaхaх никoгaш не сме јa стaвиле вo дубaк, ниту сме јa пaткaле ниту чевли сме и купиле...се испрaви oд еднa мнoгу интереснa пoзa сo рaцете нaдoлу сo гaзетo нaгoре и oпa нa нoзе...и сaмo влече предмети пo неa мече тoпкa се штo ќе и де нaјде и шетa низ стaн