Па накај годинка почнуваат да се пуштаат, а некои и порано. Синчето на 11 ми прооде, а малава точно на 1год. И двајцата така од таа возраст се исправаа, па после шеткаа лево десно по маса, креветче, па држејки се со едно раче веќе баш чекорчиња. После зависи и како се опуштени, битно да не се форсираат, така сами да си се вежбаат, само безбеден простор да има, ке си се снаоѓаат сами, ке си тупнат на газе понекогаш, ке научат да се потпрат на раце напред кога ке изгубат контрола, па од седење без да се фатат некаде ке стануваат и после веќе си се пуштаат Инаку малава е сега 1год и 20 дена, шета низ дома боса, по чорапи... а и облечам патичиња губи повеќе контрола, потешко и е некако во патичиња, кондурки..
Оние кондурки со патент за проодување ги носите цело време или??? Дома подобро е босо да е додека проодува или со нив?
Продавачката ако е ортопед тогаш може да ти каже како е правилно. Ама не е. Само босо по чорапчиња, јас му облекувам и од оние со кожа одоздола.
Значи кога ќе си се почуствуваат спремни ќе си тргнат..ајде сега и постапалчина на роденденската маса.
Море го брка (ишка) во вистинска смисла. Вчера се туширам и слушам викање. Мислев плаче, на две на три излегов. Она со татко и игра, вика, се радува!
И мојава е викачка кукле и тоа голема,по цел ден вика,мрмори,уста не затвара. Можат да бидат другачки.
Мене ортопедот ми даде совет дека дете проодува босо (по чорапчиња) зависно од временските услови. Дете проодува дома, не надвор, така да нема потреба од кондури за проодување. Кога ќе прооди за надвор да купам кондури кои лесно се свиткуваат кај прстињата, да немаат патент од страна, да бидат цврсти од позади од петата нагоре и да немаат никаква влошка. Никад не верував дека толку слепо ќе слушам доктори и се чудев порано, ама ете, арно викат дур не искусиш не можеш да знаеш. Ми донесоа дубак/џампер/проодувалка три во едно, и ете го си стои така и си фаќа прашина.
Истиот совет го добив, ваљда кај истиот ортопед сме биле И ми рече оние колички со волан на буткање да ги запалам... А јас три дома имав