@BoaVista @mariz исто и одење само по рамна површина не на кревети, не паткање, не проодувалки, само кога е детето спремно тогаш
Да Синко има искривеност 10цм на стапалцата, а друг ортопед рече нормално е и само од себе ке се средело тоа. А Антоније ни даде вежби да правиме, рече колички на буткање никако и за двајцата, скокање по кревети никако, трамболина никако.
Моето синче на 10.5 месеци почна да се пушта сам по 7-8 чекора, се рачуна ли ова за проодено, не дава да го водиш за рачиња, оди сам покрај намештајот со тоа што откако се пушти прв пат да оди без да се држи почна да вежба цело време сам се пушта, каде не е сигурен си седнува на газ и си лази, оди многу несигурно мислиш ветер ке го дувне ама многу е интересен.Да правам ли постапалки?
Јас не би правела. Сеуште е рано. Мојава убаво си оди и шета низ собите, уште немам правено постапалки. Они се најмалце битни тука . Битно е да оди убаво, а не по 6 7 чекора да се пушта
Јас би направила кога би направил 10тина без да паѓа, па не треба да чекаме да трчаат за да направиме. Постапалки се прават за првите чекорчиња, за лесно понатака да чекори, а ако чекаме за протрча веќе тоа не се први чекори. Јас направив кога веќе сама правеше по 10+ чекори и шашаво одеше со раце во вис, ке се заклатеше и ке клекнеше и пак ке си станеше и така си се шеткаше со клекни стани.
Прави си Постапалчиња се прават кога ќе се пуштат првите чекори , за лесно да им тргне како што кажаа и другите .. А дури почне убаво да оди и да не паѓа , треба малку поеќе време , првиот месец/два го усовршуваат правилното одење .. Лесни чекорчиња
@kukla21 и јас вчера мислев да пишам и изумив од обврски. Лесни чекорчиња на бебка, сега и мама повеќе ќе вежба трчајќи по неа Мојава уште сама не се пуштила, ама оди фатена за мебел, гарнитура, или за рачиња ако ја водиме. Како и да е, пловиме натаму и ние
@kukla21 Лесни чекорчиња на дунде . И мојот се пушти . Се пушташе он и претходно ама ние со раце околу него за секој случај бевме. Во игралната си се пушташе сам па го оставив околу кревет без да сме ептен околу него и се пушта. Неколку чекори па знае и да подзастане па да продолжи, или убаво да се залета. Сега пробува да стане од седечка положба . Иначе и во дубак го оставав и за раце не држеше и шеташе. Ама само со чорапчиња со гумички а за надвор меки патичиња. Јас се мислев за постапалки ама нарачав. Стварно нема смисла да го чекам баш убаво да заоди. Тоа е исто како да чекаме да порасне цело запче за колачиња.
Прашањево ми е сериозно, не се зафркавам. Кога почнуваат да проодуваат децата? Не знаев дека прво протрчуваат, па после проодуваат. Од првиот чекор само трча, без разлика дали е пола метар или цела улица во прашање малава буквално цело време трча. Најмногу ме интересира ова бидејќи паѓа па колената и се со крв и модрици. И сите деца ли така трчаат? И до кога?
Леле и мојава трча, не оде. Среќа на газ паѓа. Она одеднаш почна да оде, т.е .трча, пред тоа по два три чекори и тоа со занесување ги одеше. Мислам дека сите деца трчаат прво, после се научат полека да одат. Не знам зошто така.
И моето трча и паѓа на газ или се задржува со рачиња.Мислам дека се премногу возбудени кога почнуваат да одат и затоа брзаат.
Моево се нанапред паѓа ја искрши главата веќе. Ретко се задржува на рацете бидејќи цело време и се зафатени со нешто, од храна до модни додатоци...
Лесни чекорчиња на малишаните @kukla21 и @Minnie-e ! Инаку за прво запче се прави сутлијаш, само за проодување се прават колачиња-стапалца