керками од 4,5месеци ја ставав во дубан немаше кој да ја причува а и плачка беше многу па таму беше мирна а почна да оди сама на8,5 месеци една недела беше стално на земја пошто тркалцето на дубанчето се скрши и се преметна од него па виде не виде у рокот на таа една недела си стануваше од земјата ке се потфати на масата или креветот и си кружеше така окулу се додека не и текна да се отпушти хахах на годината одеше стабилно и трчкаше а за син ми прикаски преоде на 1година и 8 месеци се одеше сам али за малото првче мораше да се држи за тебе како сигурност а зборуваше се уште нна 1 година чисто а керками до 2 години само мама и тато и баба кај нас важеше тоа правило ако преоди рано касно ке зборува ако презборе рано касно ке преоди
Морам да прашам, зошто и јас ја однесов еднаш малата кај Видоевски, и ваков совет не ни даде. Како тоа „да го вежбаш бебето пред 6те месеци, за да прооди побргу“?? Прво, Видоевски нема шанси да даде совет за „паткање“ на бебето пред 6те месеци, или пред било кои месеци. Неговиот совет кон нас, а и на сите други што беа кај него и што сме разменувале искуства, е: „Оставете го детето на земја, босо, да прави што сака, кога сака - без форсирања, без дубаци, без „проодувања“ и паткања. Оставете го самото да научи како да ги користи рачињата кога ќе паѓа, и како да паѓа на газе. Не е проблем ако прооди прво, па после почне да лази. Се` што нефорсирано ќе направи детето е правилно и природно.“ Би те замолила уште еднаш, ако немаш некое лично искуство со работите кои ги кажуваш - подобро не ги кажувај, зошто тука има мајки кои нечесто се растргнати, со премногу информации и „совети“ кои повеќе збунуваат од што помагаат, зошто секој си интерпретира како сака и како му одговара. И Видоевски не е „почитуван меѓу ортопедите“, ама тоа е за друга тема. И која е поентата на реченицава: „оди ко старо бабе ама оди битно“?
сите така наречени рефлекси меѓу и тоа да ги движи нозете како да прави чекори се најкасно до 2 месеци.после то се што прави бебето е со размислување. така ми има кажано педијатар. така да ако прави чекори пред и по 6 месеци се чекори направени со размислување гледа што праат другите и сака и то да направи.(си ми се исправува на нозе кога ко држиме за рачиња од 5 месеци) исто како што ги емитира и гласовите мама баба и сл како што емитира и изрази на лицето така сака и да почни да оди. на син ми газето му е наназат ама веќе патка иако не лази.
Моира, мислам дека бев јасна досега дека сите мои мислења се базираат на проверени информации, нема ни под разно да се дрзнам да пишувам на вакви осетливи теми врз база на несигурни информации. Ќе треба изгледа да ги натерам да се зачленат и сестра ми и колешка ми па да ви пренесат самите, нема друго чаре. Инаку, советов со вежбање на детето со “одење“ не го слушам прв пат само од Видоевски, го имам слушнато и до други мајки кои ги носат децата на ортопед не во Мајчин дома каде што ги прегледуваат по 2 минути. Исто така и мене ми е познато тоа дека “почитуваниот доктор“ дава различни препораки на две мајки кои една по друга одат кај него, дека се однесува со бебињата како да се кукли, ги превртува во транспортер и си игра со нив со цел да ти покаже демек колку он има познавања. Сестра ми малата ја носеше во Ремедика, ова со Видоевски ми е од колешката, она ми го кажа и баш пред некој ден и го повторуваше на една друга колешка и јас се сетив и ви го кажав вам. Инаку, во истиот контекст е и советот со непотребно придржување на главчето на бебето, оставање да “седи“ под 45 под надзор пред 4 месеци, исправање самото да си ја држи главата... Со оглед на тоа што на ортопед за малата бев со сестра ми заедно во ординација можам да кажам дека докторката беше многу фина, убаво ја прегледа малечката и даде препораки за носење на повој до 40 дена, со оглед на тоа што малата ја однесовме на еден месец, оставање на меше по неколку минутки после 2 месеци, после 4тиот под 45 степени и тоа бепе тоа. Во врска со тоа колку доктор Видоевски е почитуван или не кажува самиот факт дека навистина се повеќе мајки ги носат децата кај него, дали поучени од шарлатанскиот однос во Мајчин дом или од нешто друго не знам, но ете му веруваат, иако јас не би однела дете откако колешката ми кажа како ја превртувал нејзината ќеркичка во транспортер изигравајќи нешто, како што рече тоа е за друга тема. Она што беше речено оди како бабе е дека бебево оди многу интересно, имитира нешто, изводи, сакав да се нашалам, ама ете треба да се одбираат зборовите дефинитивно, да не донесам некоја мајка до лудило на форумов со некој збор. Јас само ќе повторам, се што сум кажала на форумов е поткрепено со мое лично искуство или со искуство на некој мој близок, во најмала рака слушнато од некого во кого имам навистина доверба, ни на крај памет не ми текнало да си играм со вакви работи, да измислувам, да кројам приказни. Можеби најдобро би било секоја која ќе побара совет да и пишам во ЛП, да не коментирам повеќе на темиве, да не ве зверам а? А и сеуште не ми е местото на темиве, па еве свечено ветувам, Ангел на темиве веќе ја нема, совет ако мисли некој дека му треба од мене имам ЛП нека ми пише, сепак се сметам себе за успешна тетка која успева да излезе на крај со едно блесаво бебуле и имам научено многу работи од периодот додека живеев со неа. Секое добро мајки
Ние проодевме на 12 месеци и две недели. Сега како е веќе постабилна на полни 13 месеци редно беше да се направат постапалчиња во чест на нашето мало сонце. Една убава порака од мојата старосватица беше цел живот да чекори напред и никогаш да не застане. Токму така! Те сакам Сонце мое мало! Нека ни се на здравје стапалчињата! Спојлер
Пред добри 10 год. кога ние бевме ин виво со темава, ми се јави вујко ми (педијатар) и ми пренесе ново сознание за ортопедските кондурчиња. Имено, баш тогаш тој беше на семинар кој го одржуваше светската здравствена организација и тогаш „револуционерно“ на нашите доктори им бил пренесен ставот дека најважно е кондурчињата да се лесни и удобни. Нормално јас реагирав со неверување, демек епа цицибан си е цицибан, а тој само ми пренесе со кое прашање почнал и завршил семинарот - дали познавате некој излечен дустабанлија? Сега кога ги гледам моите први цицибан кондурчиња, за кои татко ми веројатно дал цела плата, можам да кажам дека нити се лесни, ниту се виткаат, ама важно се ортопедски, па споредено со да речеме фродо кондурчиња се како гипсан калап .. а се знае кои се подобри.
ќерками прооде кога наполни 11 месеци сакаше да оди кога беше 9 и 10 месеци многу се трудеше упорна беше син ми пак прооде на 13 и пол месеци.ќерками баш ме зачуди ама со дубалцето беше брза како шумахер ама она е ко жила а син ми беше тромко проодувањето се зависи од детето некој порано некој покасно...
Ќерка ми прооде на првиот роденден и тоа без дубак,прво лазеше а бидејќе количката ни беше во ходник возејќи ја наваму -натаму и држејќи се за неа сама си прооде без форсирања. Инаку сум против секакви помагала од типот на дубаци и проодувалки баш поради развивањето на моториката ,детето е вака постабилно и подобро проодува. Тоа е мое мислење
Моево почна пред неколку недели сама да се исправува и да оди покрај кревет, го кружи цел кревет дубачето не го користи веќе , сега го бутка и оди така со него .. сама прави неколку чекори ама се плаши уште сама да се пушти .. Почна да се придржува за ѕидовите , ако падне знае на газе да падне да не е смотанка и да паѓа на нос
Штом ќе научи да паѓа, за брзо време ќе прооди.. така што, кај и да е, ќе правиш постапалки (ако ви е обичај де )
Ајде и ние да маниме печат на темава, како што пишав и во друга тема вчера на 11 месеци и 18 дена се пушти, долго време си се движи сам држејки се, но вчера на гости занесен го викаа и се пушти неколку чекори и бам на газе, па се вежбаа после тоа, радости и он срекен, а ние уште повеке со него Денес не се пушта многу сам, само од едно до друго место каде што има да се фати, а на подолги релации пак си лази, но не го форсирам ништо, сабајле со мм од кеив два-три пати го пуштавме од кај мене до кај него и обратно, пак си бапка на газе Е сеа за викедов сакам да правам од тие постстапалчина или како и да се викаат, не ги знам многу адетите, ако може некој нека пише рецепта
ние му зедовме вакви паричиња на синми многу ни ги испофалија и комшиите и продавачките мораше да земиме нешто постабилно, до сега беше со меки пупиња ама веќе цело време е на нозе и трча и ај рековме да му земиме нешто поубо....биле одобрени од америчките педијатри 20бр. се така требало. имаат влошка внатре за мерење и треба да се поголеми еден прст така пиши и на упатцтвото.
Ова моево почна да оди низ цел стан,нормално држејки се за ѕидовите Ние пред Нова Година бевме да и земеме на малата кондурчиња , незнам кој ме убеди дали мм дали свекрвами требало детево да има ортопедски кондури Во продавницата и продавачката ни понуди 2-3 пара кондурчиња и одбравме едни , не беа скапи 1800ден на попуст Лесни се виткат се тоа , ама дали два пати и ги имам облечено , као прво нема потреба од нив по дома си е во чорапчиња со гумички да не се лизга а второ во нив целото е стегнато За проодување ке си прооди и со чорапчиња , потоа коа ке почне стабилно да си оди за надвор ке и облекувам патичиња
Дали треба да бидам загрижена...ќерка ми има 16 месеци и 8 дена да бидам прецизна и сеуште не е проодена. Во се беше спора од аспект доцна почна да седнува, да лази да се исправа сама итн. На 13 месеци бевме на ортопед и ни рече дека е се во ред да одиме повторно кога ќе прооди. Се преиспитувам сама себе дали нешто уткам и дали да ја носам пак на ортопед и пред да прооди сама.
Ајде и јас да си кажам Исто како и кај Демело и моево се пушти да оди на 11 месеци и недела Исто не приметно се пушти од кај баба и до софата .неколку чекори беа ,ама мене срцето ми затрепери Сега исто прави чекорчиња и паѓа на газе Многу сака надвор да ја шетам фатена за едното раче ,ама ова не оди ова трча Смешки е Сега сум во потрага по калапчиња , па неделава пред роденден ке правиме и постстапалчина
детево мое е многу чудно...една недела се пушта самиот, патка патка ќе ни ги пушти рацете и ќе продолжи неколку чекори сам па пак ќе не фати за раце. сабајле сам си слезе од кревет и си тргна и ќе го остаев да видам до каде ќе оди ама тргна накај шпретот и ми беше страв да не се изгори и го фатив незнам што треба да значи ова....дека кај и да е ќе почни сам да оди????
Син ми прооде на 14 месеци. Пред тоа правеше по неколку чекори и наеднаш сам почна да оди. Сега е тешко мене. Оди кај ќе му текне.
Значи ли ова дека јас сум ментално неспособна или??????кога сум проодела на 6.5 месеци ме носеле и на лекар и докторите се чуделе како е ова можно се прашувале? кога виделе дека се е во ред морале и во здраствениот картон да напишат точно кога сум проодела.Денес моето дете има 4.5месеци и веќе покажува мали знаци,само станува,се превртува,се крева од релаксатор па морам да го врзувам оти седи сам а да напоменам дека главата ја држи исправено без да ја клати од 2месеца.Дали ова значи дека и моето дете е како мене напредно или неспособно?Баш би сакала да ми одговориш?Дефинитивно овде не се работи за никаква забуна или заборавање на точните датуми,туку со слки,факти и докази,па затоа те молам дозволи мајките овде да ги искажат своите искуства со проодување и не вреѓај.