Нашиот ортопед вика навремено родени нормално е да проодувале од 12-18 месеци, зависи и детето какво е и дали на пример е држено во раце, или ставано на под да си се вртка и да вежба. Кај нас (10.5 недели порано родено) нормално би било и до 2 години, да не сум се секирала, ама гарант порано од тоа ќе било. Ќе видиме, здравје само.
Синоќа биднаа нашите први чекорчиња! Мноооогу порано, ептен порано од очекуваното! Та пишав овде дека е мрзле бебе кои тек на 12 месеци се исправи, а ете ј сега на неполни 13 месеци ми се прави шизик и дава чекорчиња колку да ми докаже дека ја потценив, она можела брзиснки да се научи да оди! Не дека оди де, ама 5-6 несигурни малечки чекорчиња, она збунето фаце и сини очиња кои светат од изненаденост и среќа! Нема мерна единица која би ја измерила среќата на една мајка кога ќе ги види тие несигурни чекорчињ! Одма ти поминува низ глава тоа прашање -тоа е тоа нели? убаво видов нели? сама изоди од фотелја до кревет? Па уште сто пати ја пробуваш истата маршута се до моментот кога на беба ќе и скисне да ти докажува дека стварно направила 5-6 чекорчиња, па седнува на земја и не крева газе повеќе, ти се инаети и уште да ти каже- доста е, ја претера мамооо, ова го направив за да сфатиш дека можам и јас како другите беби, и стига на сите кажуваш дека сум мрзле! Можеби лигавешки се испонашувам сега, ама остај те ме да се нарадувам бе, истрпете ме, ќе ми мине! Ќе пишам кога ќе се усоврши и официјално ќе прооди, ова сега го рачунам како обиди за да оди! 5-6 чекорчиња, ништо повеќе!
Лесни чекорчина...сите се лигавиме,мајки.... И јас реагирав така,па ја ставав така да видам дали навистина оди...па за инат ќе лазеше и не одеше. Еве ја сега парадира низ соба и гордо се смее.
ох ние сме 14+ и мрзливи сне ... абе си оде по кревет по маса и си стое така само ама не сака чекорче да даде.. си седнува и си лази .. полесно и е .. едвај чекам да даде некое чекорче.. батко на оваа возраст трчаше по дома ама оваа малава јок .. лесни чекорчиња на ситеее
И бебе мое прооде Од пред месец некаде пушташе чекор и оп на газе, ама ми беше страв да не се повреди, па ретко му давав така сам да станува Денес истргав на страна масички и други реквизити и го оставив на под, а јас отидов кафе да си ставам. Кога бебе оп станување од земја без да се држи за нешто и по мене Точно на годинка прооде
17 месеци веќе ќе направи за некој ден син ми и некако слабо со одењево, на 17ти февруари точно почна да оди, за одење рачунам баш одење, не 2-3 чекори и тоа траеше една недела, сега пак само лази за одење пак бара да биде држен за раче или барем за блузата да го држиме, престана да се пушта сам . Он со се каснеше по малку ама не мислев дека ќе прооди па ќе прекине, а таман со толкава радост купив и калапчиња за колачиња . Таа недела кога одеше се јавив кај ортопедот и ми рече ''ќе си прооди сега убаво, таман за еден месец дојдете'', ама детево се затаи сега. Не знам дали да закажам преглед за да видат зошто толку доцни детето, а не е малку 2000 за да ми рече, сепак дојди по 1-2 месеци. Што мислите вака од искуство со вашите деца, за секирации ли е ситуацијава или минливо е, неговите врсничиња веќе одамна трчаат, баш сум веќе во паника за одењево .
Ќерка ми на 16м прооди. Многу ми беше неубаво кога гледав скоро сите деца на година одат, ама откако се пушти надокнади и за тоа време. Мислам дека каснеше поради дубакот, често ја ставав во него и многу и беше лесно секаде трчаше со него низ сите соби, или со лазење. @RedRevolution Да не има паднато малце посилно па да се има исплашено? Јас мислам да почекаш 1 недела да видиш дали ќе се пушти. Ако нема промена однеси го да бидеш мирна, иако мислам нема простор за паника чим еднаш се пуштил да оди.
Нема паднато во одење, а дубак многу малку користеше, на 11 месеци го ставивме во дубак зошто се исплашивме дека нема да прооди, со него почна да се движи за една недела и го користевме до 13 месеци, после почна сам да се исправа и да се движи покрај маса, гарнитура и одма го дадовме дубакот. Ортопедот на 6 месеци ми рече ''колковите се развиени како за 12 месеци'', па според тој резултат сега по телефон ми вика ''супер е, ќе прооди, не се секирајте''. Ќе чекаме, тоа е, штом за рака оди, ќе оди, само кога, не знам. Јас се плашам да не е невролошки проблем во прашање. Може претерувам, си правам филмови, ама посилно од мене е.
Нема зошто да си правиш филмови. Ќе прооди, некои секако поарно, други подоцна проодуваат. Се толерира до кај 18-20 месеци мислам. Ако имаше некој проблем, сигурна сум дека ортопедот ќе приметеше.
Таман реков и еве го денес пак оди утре може пак нема да сака, е не му се секирам веќе, колку му се оди нека оди, сеа колачиња ќе си праам
Вака правеше братучетка ми, ама си беше и остана мрза беше и дебелко, тромаво бебе, па и тоа имаше удел, знам накај 2год она убаво, асално идеше без да примени лазење, долго и се потпираше, пофаќаше ако имаше можност, никогаш не и пречеше да седи у количка, буквално ја тераа да оди. Мрза бе Не си прави филмови без потреба. И касно и многу си го држела во дубак, јас мислам и тоа има удел, не ви помогнал, него одмогнал. Прави стапалките и почасти не
Па така некако и мојот буцко, ако го извадиме од количка он со задоволство ќе оди, ако не, со саати ќе си се вози, не бара да стане во ниту еден момент, вчера од 14ч до 18ч во количка си уживаше, морав по продавници, гајле си нема детето .
Син ми денес официјано прооде Еве месец се пушташе по 3-4 чекори а денес иде без престан ) 13месеци сме