Бебе ми прооде 12м. и 2 недели е, се пушти во двор, па од радост го истрчкавме игралиштето и плоштадот Е сега нема застанување. По цел ден шпарташе по дома од еден до друг крај од просторијат, ама се престраши вчера и со рачињата во вис го бркаше кутрето во двор Деновиве ќе се месат колачите
Мајки, ве молам за мислење. Бебето патка од 8-9 месеци. На 13 месеци оди стабилно, но се држи со раче. На 14 почна да прави по 5-6 чекори самостојно и сега на 15 м оди сама по сите соби, и сама и фатена за рака, сама се пушта, но повремено пушта раче да се придржи. Кога ќе седне на под, сама не станува, пак пушта раче за да стане. Дали бебето ми е проодено? Да правам постапалки?
Мајко малото е 1 годинка и една недела но сеуште неможе дури и да виси сам многу е нестабилен а не знае ни на газе да падне не може ни да стане сам рака подава и кога оди покрај гарнитура е нестабилен незнам дали има место за грижи
Погоре некој кажа дека ако изброиш 8чекори се смета за проодено Сеуште не се чувствува доволно стабилна, затоа привремено се придржува, но проодена е чим шпарта. И бебе мое чим прооде кога ќе седнеше мораше да се фати за нешто за да стане, но брзо совлада техника за прчење газ и да се поткрене со раце. Прави постапалки! Лесни чекорчиња, само по убави патеки да трчка, исто важи и за бејби на @Chanell*
I nie sme isto vikam zensko ke bide ponapredno more aber nema se drzime za dve racinja strav I e. Brat i na godinkata go setav na Edna raka beshe stabilen i brzo proode. Ustvari sekoe dete posebna prikazna ova vtorovo i so odenjevo i so zborenjevo e mnogu mrzlivo
Моево не прооде, директ протрча. Преку ноќ се пушти, спремна за маратон. Во петок ќе ви се пофалам со постапалки.
Mojata kerkicka e 11 meseci Ja gledam vekje sama se fakja za krevet i stanuva ama ja straa da se pusti da ode a vekje saka sega samo laze i taka pa kje vidime kako samo zdravje iako mi e mala rodena mislam deka mi e mn napredna na 7 mes izvadi zapce pa sega gi ima 3 pa kje vidime kako kje bide ponataki Poz
Џивџи се пушташе пред месец ипол по 10тина чекорчиња неколку пати на ден, па одеднаш престана, се подисплаши и само раче бараше. Пред 3-4 дена пак се пушти одеднаш цел круг околу куќа го изоде. Деновиве низ дома, по улица, низ двор, си оди кога тој сака, ама има периоди кога ич не сака да оди и да се пушта сам, пак бара раче, или на газе ќе си седне. Нормално е вака? Гледам фуфкаџија е, па ваљда кога е поизморен/го мрзи така прави.
Да не има паднато, па се исплашил? Ќерка ми прооди пред 2 месеци, после тоа имаше јак пад во двор на плочки проследен со пиштење до зајдување. Прекина да оди извесно време. Воопшто не ја форсирав, се гледа дека е страшлива. Еве ја сега оди пак и тоа многу стабилно, но оди само низ дома или кога сме во парк на трева. Во двор бара секогаш рака и искрено и мене ми е подобро кога си ја држам зошто покрај неа и јас чувствувам страв и на секој нејзин чекор се притресувам иако е доста стабилна дури ни рамнотежа не држи. Син ми неполни 13 уште не е прооден. И он е фуфкаџија.
Мајки има ли некоја користено каиш за проодување на бебе? Не знам дали би ми требало,па да порачам на време,обично кога сакаат да одат,а не можат сами,па бараат по цел ден да ги водиш,па би било напорно за кичма само си замислувам! Би ми требало,користела некоја,или не?
И ние го добивме на подарок ама супер си го искористив ,скоро 3 месеци.Моето воопшто не сакаше да го држиш во рака ,само сакаше да си оди а не можеше нели ,па каишов супер ни се најде .
Мајка ми купи бидејќи нејзин колега многу го користел со внуците. Јас кога ќе ја ставам малата во него нејќе да оди, си сеснува на земја. Навикната е со рацете да се држи за мебел или за некого за рака, и кога рацете и се слободни седнува на газ зошто мисли дека ќе падне. Иначе е згоден за тој што го држи, скроз исправена сум, не се веднам над неа како кога си патка. Може да го користевме пред да почне сама да се шета повеќе ќе го користеше. Сега така си стои, а малава и сама ќе прооди кај и да е.