Мајки од каде може да се порачаат такви кутиички или ташнички за ножичките да се стават во нив на престапулка ако ме разбирате за какви зборувам
Jas sum uste vo ocekuvanje Sega ako se drze za nesto togas ode Ja gledam nogu saka da si ja vozi kolickata od tia letnite e ama visoka, se drze za nea i ode i toa brzo a sama uste ne se pusta ima strav A kje prave uste dve nedeli 14 meseci pa kje vidime <3
И јас го земав. За кичмата ми е спас. Бебе сака да оди со него, па кога ќе се умори седнува. На темава јас сум малку во паника, имаме 11 м и 10 дена, гледам и помали од моево стојат сами. Ова на масичка стои ама да има некој да не изгуби рамнотежа па да падне. Прави обиди да станува, ама до килена. Тежок газ, никако да го дигне.
Нема зошто да паничиш мила моја се ќе си дојде во свое време. Не е до газот до мускулите е кои очигледно не се развиени за да стане особено ако ги скокнало фазите на превртување, лазење, седење па станување. Нервниот систем ќе даде сигнал кога ќе биде спремен да застане. Наскоро и тоа ќе биде. До 15 месеци проодуваат. Први стануваат оние кои биле физички најактивни на под па потоа останатите.
@hello-kitty.90 исто како што опиша спиди исто прави синко. Го порачав од Пики бебе, ама мислам дека и ќе се искористи само да се навикни Иначе се исправа сам ако се држи за нешто, а ако е заигран, внесен во играта, сам стои стабилно без да се држи, уствари се држи за играчињата а ако е така не прави обид за да чекори, само ако го држиш со раце патка. Не лази. Дебел газ е и мојов 13.5кг за 4 дена 11 месеци ќе прави
Кај мене е девет месеци и пет дена не се исправа има некои обиди али далеку од завршница. За да ја дигне таа тежина од 13кг ќе мора многу да ја ојача половината и нозете. Е во тој дел ќе и биде тешко инаку лази од шест месеци. Во групава за лазење каде ја носам има едно бебе родено седум дена пред моето значи 9,5 месеци бебево оди без држење. И викам мајка што направи за ова да се деси? Вели од кога е родено е на стомак на 5 веќе лазеше како професионалка, на 6 се исправи и веќе на 9 оди. Носат бебиња од три недели и ги остав на под на стомак. Јас на три недели не знаев дали е ноќ или ден и шта се дешава околу
Сега ја гледам темава па да пишам и јас Бебо за 4 дена ќе полни 11м. На стомак почнав да го ставам од 2-3 месеци, на 5-6м почна да се врти од грб на стомак и обратно. На 7м почна да седи стабилно, а на 8м да станува од лежечка во седечка положба. На 9ипол месеци почна да лази, не се сопира сега. На 10ипол месеци почна да се исправа само на колена, фатен за нешто со рачињата. Уште не се исправа на нозе. Кога пробувам да го паткам не сака да оди, едноставно не застанува на прсти/стапала. Не го форсирам, исто како и за се досега. Од страна почнаа коментарите како требало почесто да го исправам, да го паткам и сл. Ама не слушам.
Нема правило за овие работи. Моево не знаеше да се преврти до 7 месеца. За 2 месеца стаса до одење со држење за мебел. За уште 2 недели, може да оди ама не се пушта, мора да држи нешто. За едно прсте нејзино ја држам и оди слободно. Уште да се ослободи и фали. Од лежење на грб до одење самостојно за 3 месеца. И прво се исправи на нозе, после научи да седи. Сите деца ќе проодат, само во свое време.
И синко после 8 или 9 се сврти од грб на меше и обратно, не се сеќавам точно, стабилно седи од 6м без држење, без перници, за паткање абер немаше до 10м, после 10 наеднаш почна да си цапнува убаво предтоа само тупаше со нозете на празно ако ме сваќате, нз како да опишам. За 2 недели почна да стои цврсто сам фатен за раче или за мебел, ако му се смачи си седнува на газе јас мислев дрка ова тешко ќе бидо кај него бидејќи е потежок, ама е пргав не застанува ич, само клекни стани, и дамо да го паткаш а за лазење сега почнува наназад да се влечка, незнам дали се смета ова лазење, напред не можи. Ништо не форсирам и јас, се сам го оставам, кога ќе му дојди време ќе си прооди.
Mojov od 6 lazi a od 7 stoi sam, od 9 ne odi tuku trca pokraj krevet a sega e 10+ ne saka da patka voopsto.Toni Taleski mi rece i nema potreba od patkanje, vika stedi si ja kicmata, samo dete ke si pokaze koga e spremno za se, bez forsiranje
А за да почне да лази треба ли да лежи на стомак или нема врска? Моево ич неќе на стомак,јас го ставам на стомак,он одма си се превртува на грб. Се сака во раце или да седи и да се игра. И на грб неќе да лежи,а и ако лежи си се врти на една и друга страна и се потподигнува за да стане и седне,иако уште не може,се крева како стомачни да прави. Како почнуваат да лазат,од седечка позиција или како? Се си мислам дека синко ќе го прескокне лазењево
Mojot brat imase 18kg na godinka pa proode malce pred prviot rodenden. Lazese samo vo nazad. I ene go sega visok okolu 2m.
Еве и беба моја од пред да направи месец е на под. На 3 месеци се заврте сама на стомак, на 4 од стомак на грб. Мислев од максимум 6 месеци ќе лази, ама еве 7 месеци има и уште не лази, веќе ме загрижува. Има некои обиди, ама мрзлив и е газот и се откажува за брзо. Инаку секаде се движи со влечење и тркалање. Од дневна во кујна доаѓа со тркалање. Се влече во круг по подлогата со коцки, се тркала под маса влегува, ама не лази. Ве читам на 7 месеци веќе ви се исправаат, а моево абер нема. Инаку сака да седи. Кога е наместена на 45 степени сама се исправа и стабилно седи, ама што знам, не ја оставам долго.
Си нашла начин да се движи, немаш причина за грижа. Некои бебиња и само ползат војнички, не се сите исти. Ако сама се исправи може да седи колку сака, секако кога ќе се умори ќе се навали наназад, се додека е ставена на 45 степени, а не е скроз исправена нема гајле.
Bese mnogu dolg, okolu 85cm na godinka, taka mi kazuvase majka Ama mozam da zamislam kako bese na majka mi, ama i na tebe. Moite ae okolu 10kg pa edva gi nosam dvajcata.
Сите се различни и зависи до детето. Првото едноставно до 1 год ми порасна во раце. Рацете ми ги издолжи до земја. Нит ползеше, нит лазеше само понекогаш чудно се влечеше по подот ако му се кефнеше. Прооди после десетина дена од роденденот, уствари протрча и беше жива напаст . Е затоа сега второво уште на 4 мес почна да ползи а од 6 мес да лази. Од пред неколку дена сам се исправа во положба на седење од под. Првпат не го ни видов и си помислив халуцинирам , знам дека лазеше а јас нешто работев по кујна и се вртам тој седи. Го набљудував и го фатив на дело како го прави тоа . Веќе некое време незнам баш колку и стабилно седи под 90 степени. Упорно прави она ,,колут напред,, (таа позиција), кога ќе го земеш ѕенѕа со нозете - скока во место (сепак не купувам џампер) што значи билда мускули и кај и да е ќе се исправи. Како и да е ова второво кое за некој ден прави 7 мес, побрзо ќе ме растрча по куќата