И син ми е тука негде со твојот, година и месец е и он еве го гледам станува, се држи за кревет, се движи, ама уште не е отпуштен,на другарка малата и е 9 месеци и оди веќе стабилна е,ама до детето е, не сакам да го споредувам, не се грижи ќе си прооди кога ќе е спремен, нема некој што не проодел
Овие се носат откако ќе прооди. Пред тоа босо треба да биде. Башка, дете не се патка, се остава само да прооди.
Босо надвор да оди, по улица, по тревници? Како мислиш дете не се патка кога доаѓа до тебе те фаќа за панталони станува и те влече за некаде да отиде? Прашањето е сосем друго, дали мора да бидат скроз затворени сандали или може и вакви, а не дали се патка или треба да биде босо.
Може и вакви, секако. Ако сака детето. Колку што знам за паткање е сосила исправање на дете да стои на нозе и да оди, а не може самото. Моиве чевли/сандали не носеа дури не проодеа, за паткање, не ги паткав, а надвор не одеа сами, или во раце или во количка беа.
Епа моево не сака у количка, сака да оди доле или во раце и затоа мора да има нешто облечено на нозе, досега имавме два пара кондурчиња на кеги, ама сега дека е топло овие ми се свиѓаа и затоа дали може вакви или оние поцврсти затворени позади да бидат скроз..
Мојата прооде неколку дена по првиот роденден. Недела дена пред роденденот се пушташе по неколку чекори, ама не беше баш стабилна. Сега за недела дена ќе полни 13 месеца и трча веќе по дома. Инаку од околу 7 месеца лазеше и многу спретно лазеше па ја си мислев дека касно ќе прооди оти не сакаше паткање воопшто.
Здрaвo. Јaс сум приличнo нoвa нo сепaк дa си се пoфaлaм декa и ние прooдевме гoдинкa и некој ден сме пa мaмa прaвеше пoстaпaлки пoвелетееее
Во план сум да купам деновиве чевлички за ќерка ми, што мислите од овие две е подобро за проодување? И двете се многу лесни, поготово овие првите
Види дали се меки и дали се виткаат кај прстите. Денес бевме на контрола кај ортопедот,баш тоа ми го потенцираше. Би требало Ипанема да се меки
Овие од Ипанема ги купував две години со ред, одлични се. Годинава пак планирам, на дете му се најлесни за надвор, ем лесно се мијат и чистат ако се извалкаат, и за чудо се прилично квалитетни, не се оштетуваат лесно.
Бев вчера во ХМ , овие на сликата ги немаше , ама имаше други слични , катастрофа беа , немам зборови среќа што не порачав. Сега баш овие денови ќе ги ѕирнам Ипанема
Дали се меки гумени и убаво се виткаат, или како тие за возрасни поцврсти се? И јас сакам да земам за малото, купувам за мене неколку години по ред задоволна сум од квалитетот.
Меки се. За возрасни не сум купувала, ама детските се меки, се виткаат лесно, може на пола да ги свиткаш без проблем.
Сакам да земам за малиот некои сандалки за кога излегуваме надвор. Оние патичињата платнени што ги имаме само му ги потат ножињата. Дали првите обувки за проодување треба да бидат со перниче од внатрешниот дел на стапалцето како што носевме и ние како мали , тоа баш не ми е јасно?
Не треба да бидат со перничиња мислам, ние имаме на кеги и се рамни внатре а обично тие ги купуваат за породување. П. С. Денеска почнавме да се пуштаме по 20тина чкорчиња, оди сам по топки, кога треба нешто да земе клекнува, не паѓа туку застанува и седнува. Проодени ли сме? Кога да правам постапалки? Дај просветлете ме