Прашај ортопед дали ги препорачуваат овие со патент одоздола. Мислам дека читав тука по темиве дека не биле препорачливи ни за проодување ни за после. Секако дете босо треба да прооди.
Вчера бевме на ортопед. Бебе е 8 месеци, лази веќе некое време, седи, се крева п пак лази и почна да се крева вертикално држејќи се за нешто (масата најчесто) и така стои на колена. Ни кажа и дека очекува да прооди порано и да не користиме нк дубак ни џампер (и до сега не користевме) туку да го оставаме само како и до сега. За породување ни кажа кондурчиња меки напред и да, да оди бос колку може повеќе на трева, песок итн. Ја сега со лазење едвај го допазувам, па кога ќе прооди журка, ќе се бркаме по дома.
Бебево на 10.10 прави годинка, ако се очекува да прооди околу 13 месец, тоа е почеток ноември дали е во ред за зимата да му облекувам чизми? Таму јануари,фебруари? Значи од прилика после 2,3м од проодување? Претпоставки,предвидувања Ги гледам на попуст се чизмиве и многу ми се бендисаа,ама не знам дали да ги купам да не останат необлечени? И не знам напред какви се,дали се виткаат кај прстите Ги има некој?
Мајки постапалки се дава кога ќе почне бебуле да се пушта само или кога скроз самостално ќе може да оди ?
Не сакам да го фораирам синко, но се грижам за него и го гледам а не знам како да помогнам. Веќе сме полни 13 месеци а сеуште не одиме. Лази од 9 месеци, сака да го паткаш, се исправа сам, оди по гарнитура, на врата или мебел ќе се исправи, а сам да се пушти не сака... Ми се нема исплашено, не паднал да речеш ама како да му помогнам да се пушти конечно...
Сте го паткале досега. Сега за проодување ќе почекате. Додека цела мускулатура и нервно не се оспосби со чекорите кои сте му ги скокнале. Прво треба да научи да паѓа со паткање тешко тоа. Кога ќе почне да оди директно на глава ќе ви паѓа. Јел скакнат чекор. Од одма оставете го само детето. За месец дена се ќе научи и ќе се пушти.
Он цело време се движи во монтажното, се држи за двете страни и со едно раче и на ламинат кога паѓа си паѓа на газе И знае одма сам да стане
Процесот на учење паѓање е најбитен за движење. Само така може да прооди едно дете. Тргнете ги рацете од него ќе поплаче вечерва и потоа ќе се навикне да се движи сам. Стимулирајте го од еден до друг да оди, но никако за рака или да го паткате. За брзо ќе се пушти сам. Само вие го назадувате.
Не се секирај. На денешен ден прооде син ми на година и 3 ипол месеци. Ќе го осетиш кога ќе биде спремен. И јас истите прашања како тебе си ги поставував. Го приметив дека кога ќе се занесе во нешто прави чекор два. Му ја пуштив топката и тргна по неа. И пушти го и сам да се движи, да се држи за да стигне ид една до друга точка, да се снајде. Ако го држиш за рака барем за една само држи го, полека да ја превземе контролата врз својата рамнотежа.
Не може сите деца да проодат пред година. Оставете ги да растат и да се развиваат во нивно темпо. Ако прооди на 1 година а не е спремно за тоа, само вашата психа ке е задоволна, не и детето. Ваше е да ги стимулирате децата низ игра, а не со методи како паткање и ставање во дубак. Ортопед вели, гледаш ли некој надвор да не оди? Не, и паметен и глуп одат, а не се гледа кој кога почнал да оди.
Џабе зборат ортопедите. Кога си врзуваат родителите во крпче. Јас се жалев некни. 15+ сме и не е проодена. Не користам ни дубак, проодувалка и не ја паткам. Ја оставам сама, иако сум нестрплива. Јатрва ми ја, става малата од 5 месеци луѓе во дубак. Тоа дете кога е во раце, скока само хистеричнобсо нозе. Уште незнае само да седи, цело е скифлено. Во вратот е како грпка да има. Не лази, и никогаш не е ставено на земја. Ама не, јас сум глупата со заостанато дете во развој
Најтрагично е што родителите не веруваат дека од дубак може да дојде до огромна штета. Како и од растењето во раце. Демек ние ставани сме во дубак и ништо не ни е. Од една страна доктор вели не, од друга страна родители велат ништо не е, супер си е детето. Јас синко не го ставав во дубак и сите ме сожалуваа, наводно рацете ми паѓале, не веруваат дека цело време е на земја и се играме со играчки. Најбитно е детето да е здраво, ке прооди, не се секирај мајка.
Во почеток плачев многу, зашто свекрвата не штедеше на погрдни коментари позади мој грб за детево. Ама сега веќе не. Гледам стабилна е, секаде стигнува. Прави се како треба. Кога ќе и дојде времето ке прооди. За два месеци порано, да и направам за туѓ атер доживотни деформитети. Не фала. Кога е спремна она нека трга.
Се ке направи кога ке е спремна. Синко од 6 и пол лази. Како брзо и стабилно лазеше, јас мислев на 9 месеци ке прооди. Ама тој на 11 месеци почна да пушта чекори а сега после година прооден е според ортопедска дефиниција.
Денеска сум многу среќна син ми ги направи првите чекори сам Кога се прават постапалки сега или кога ке почне убаво да оди?
И НИЕ ПРООДЕВМЕ..мн ми беше став малата е 1г и4м(наскоро ќе прави),почнав да се плашам другите 2 керки на годината одеа...туку околу постапалките се прават на млада месечина..го применувате тоа или не...сега е полна па следи трета половина па млада(колку што читав)....најдов на фб мајабеикери од таму да нарачам сакам па ме интересира дали сте пробале од таму некогаш за изгледот немам зборови