Ете не сум знаела, баш ќе ја прашам мајка ми дали направила нешто за мене пред 40 години Мислам дека поп врска нема со ова, освен да каже од лично искуство жена му што прави бидејќи на ниеден начин ова не е поврзано со верата.
Мислам дека во муслиманска вера гледаат за постите, мислам дека им почнуваат на полна месечина, на новина..па останало и кај нас некои адети и верувања, свадби и некои такви случувања да се прават на новина во смисла да не е на расип, на растур настанот, него во новина.. Инаку јас многу малку имам испоштувано од тие наши адети па фала богу се е во ред со децата.
Ништо, јас од Струга прв пат слушнав за постапалки кога се мажив тука во Скопје. Шо знам ние Стружаниве и без постапалки супер си ојме амааа мерак е демек сега да се пофалам и ја и да сликам со колачиња, па чекам да заојт.
Старите правеле бело за заби, да се бели. Од таму е сутлијаш. Инаку, чиста забава, никакво значење, ниту месечини, сонца. Исто и за стапалките. Мерак. Радост. Толку.
Ве молам за совет и помош! Ќерка ми има 18 месеци и не сака да прооди. Оди со држење и со задржување по мебелот никако не сака да се пушти.Ја виде доктор рече дека физички се е во ред. Дали некој има слично искуство многу сум загрижена и не знам како да и помогнам ..
Јас синко го носам кај Антоније, ортопед од кој сум презадоволна. Ако си загрижена, однеси ја да ја види. Ке ти објасни и како да и помогнеш, како да ја стимулираш.
Не му се секирај големата ќерка ми прооде на 18 месеца, предтоа се плашеше и беше страв. Два три чекора и одма седнуваше. Ќе се испушти кога ќе биде спремно бебето. И у дубак ја ставев и на под лазеше. Ќе си преоди кога ќњ и биде време. Сега малото ми е 11 месеци. Лазе оди по мебел. Постабилна е она од доткаи. Гледам на секудна се заборава дека стои и не се потпира никаде па ќе си чучне на газе. Ако е се у ред без паника.
Исто.. 3 пати се пушти сама по 5-6 чекорчиња и на газе оп, малу закенка и другиот ден ништо, ако ја пуштам одма се тресе и почнува да кенка, за мој трењерки се држи и оди супер ама да се пушти пак не..
Исто,на 15ипол прооде Не беше мрзлива колку што беше страшливка затоа сега ми наплаќа на 2 години како торнадо е