Лееее фала ти многууу Незнаев што се смета сега нарачувам постапалки Бебе е 10м, а и ортопед кога бев последно ми рече за брзо ќе прооди Се превозбудив исто кога го најдов запчето
И кај мене второто прооде брзо, на 10 месеца почна да се пушта,веќе на 10 и пол месеца сама шеташе низ станот Има жилави дечиња Таман за 1 месец ќе може и надвор постабилно да си шетка Само оставај го почесто босо дома
Малиов пред две недели прооди сам се пушташе све како треба.. Еве два дена не сака да се пушти сака само за рака да го држиш и ќе шета сам го оставам чекор прави и клекнува за да лази. Нормално е ова или што може да биде?
Бебе мое од кога наполни 11 месеци почна да се пушта по два три чекора, се префрлаше сама од едно до друго место беше доста претпазлива. Вчера неколку дена по првиот роденден кога дојдовме дома од градинка бебе мое се пушти да оди... Сега нема застанување Мама ќе спрема постапалки деновиве да части
Бебе веќе од 11 месеци почна да се пушта, нестабилно, сега е 13ипол месеци постабилен е се пушта сам, прави доста чекори сам, практично оди но не стабилно, мора да бидам нонстоп на штрек, се шантра. Веќе цел месец е така, што и ме плаши, ваше искуство? Инаку му ги земав овие сандалки, незнам дали е ок, зашо прочитав не требало со перниче, но незнаев
Јас му земав од Колев и Колев со патент во средина и многу лесно се виткаат т. е. тие и се за проодување и со рамна влошка се. Секое дете е различно моето на 8 и пол месеци почна да се пушта по малце после 2 недели почна повеќе и еве сега на 9 и пол месеци сам оди, али на другарка исто е 13 месеци и се нема пуштено уште сам страв му е. Кога ќе биде спремно ќе ти покаже самото дете.
Како е правило за правење постапалки? Син ми се пушта 2 чекори и седнува. Оди само ако има за што ја држи едната рака. Ова се смета проодено или треба постабилен да е?
Причекај нека стане стабилно пуфчето па направи си стапалки. Мене ми се случи да "раздадам" па падна , се исплаши и после еден месец теебаше да прооди саглам.
Јас да побрзам иначе бабиШтана се пред мене прават. И сега не кажувам на никој дека напрајл чекор пошто одма ќе напраат постапалки затоа прашувам Ќе почекам секако уште малку нека стане постабиле .
Процесот е почнат и не се знае кога ке прооди. Според ортопед проодено дете станува само од земја без да се држи и продолжува да оди. До оваа фаза има уште доста. Синко за мебел одеше 2 месеци, брз струја, пушташе по два чекори, а се пушти на 11 месеци. Ама ниту еднаш не падна затоа што беше многу претпазлив. Е кога се пушти имаше период од недела две кога почна пак да лази а оваа фаза ја има кај многу многу деца. Ем оди ем лази. Знам деца кои од чекор два до проодување преминал во една недела. Постапалки прави кога ти е мерак.
Проодено е кога може сам да отиде од еден крај на собата до другиот и да се врати(ова според ортопед). Јас ги направив кога почна сам да се пушта по малце и во рок од 2 недели стабилен беше веќе
Од каде купувате патики за проодување освен во Кеги Колев? И дали има чизмички повисоки зимски такви како за проодување?
Не се препорачува чизми за проодување. На моето му облеков еднаш за на снег после 2м од проодување ,ќе се утепаше Во спортските продавници барај патики,од моделите со мрежичка што лесно се виткаат кај прстите. Како за трчање.