1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проодување кај детето

Дискусија во 'Бебе' започната од del-fin, 21 февруари 2011.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    Има еден модел адидас што изгледа добар,

    https://www.dsport.mk/adidas-decije-kid-cizme-activesnow-crdy-i-n81187

    Ама не верувам да ги носи доволно долго за да ги купиш.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.920
    Допаѓања:
    18.034
    @srekice ги имаше овие за малата,мислам дека не беа баш ок за одење?

    Инаку да, баш денес средував плакар на мали,ги гледам чизмите 22/23. Он сега носи 24,до зимоска може до 26 ќе стигне. Лани му беа малку големи,сега мали. Буквално за едно носење ги купивме,среќа што не беа многу скапи
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    Јас па лупнав пари за тимберланд кои не сакаше да ги носи. Откако прооди се најки земам меки и прелесни а чизмиве тешки и глужд фиксен. Па и не сакаше снег.
    Годинава повеќе од 1500 не давам. Сега и не му расте ногата брзо, ако начекам на попуст ке земам било кои.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    A се зема 1 бр поголем од тие што носи? Пример сега носи 17, кога ѝ ги купив пред месец и пол беа малку големки сега се таман (ова обични бебешки сандалчиња). Не е уште проодена но есенва сигурно ќе прооди зошто веќе извесно време се движи фатена за гарнитура или масичка, шета по нив. Немам претстава колку брзо им растат стапалцата.
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    1 цм поголеми. Значи од палчето до крајот да има еден прст простор. Синко на 3 месеци менува обувки. Кога прооди 22 носеше.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.920
    Допаѓања:
    18.034
    Да, едно бројче поголемо. Но мора да проба, пример Рибок и Адисас имаат различем калап, рибок поголем.
    Мојот почна со 19-20 (лани во октомври), сега е 24ка.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.823
    Пол:
    Женски
    Чевли се купуваат откако ќе прооди детето, а треба да прооди босо.
    Не ви го кажал ова ортопедот?
     
    На MacenceEna и Jana06 им се допаѓа ова.
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Знам тоа ама прашувам пошо секако ќе купам есенски патичиња за надвор (и кога ќе седи во количка сигурно нема босо по чорапи да биде) барем да бидат такви како за проодување.
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    Конкретно обувки за проодување нема, кога ке прооди има патики соодветни.
    Има некои со мек ѓон ама тоа е само реклама.
     
  10. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Нас ни се погодија. Тазе проодена беше,ама супер и беа. Иако не би земала пак. Она се движеше добро,ама сепак се крути.
    Сега терех земав.

    @MilaSs12 Јас земам само пола цм поголеми. Така и Талевски ми кажа. Мојава со еден поголеми ке се убие:D. Плус и на Адидас стои колку треба да е ногата на влошкатаа. Црниот дел треба да е исполнет со прсти.
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 1 септември 2021
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев на ортопед ми објасни како да лежи ногата, со тоа што од палчето напред треба да има 1 цм. Синко има баш долги палчиња и ова нацртаново не го опишува неговото стапало.
    Кога му почнувам нов пар се сопнува ама ги навикнува за кратко време. Два три дена.
    Откако е прооден почна со 22 и сега е на 26ка, само што почна да ги носи. На 3 месеци му се смалуваат а секогаш има 1 цм напред.
     
  12. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Мојата нема шанси. Ке се утепа со сснтим поголеми. Инаку на влошката е пола поголема,а кога ке и облечам патиката уште бааѓи место има. Плус ми остава отисок на влошката, така знам до каде и е. Твојот синко големо ноџе има. Добро машко е. Мојата мали има,од март ги носи 21 Адидас:D
    22 и земав за зима,ама големки се.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Дали има врска дека ако бебето почнало порано да лази и порано ќе прооди? Ќерка ми од 7м лази, од 8 се исправа и од 9 се движи фатена за мебел. Како струја е брза и во лазење и во движење по мебел. Се пушта по неколку секунди да стои во место,10месеци е сега. Сите ми викаат ќе прооди до годината, ама мене ми изгледа дека има уште доста за да го совлада тоа.
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    Можно е, синко почна на 6 и пол да лази и на 11 прооди. На 10 и нешто пушташе по еден чекор без раце. Месец пред тоа беше струја и по мебел. Ама многу претпазлив беше и ниту еднаш не падна.
    Некои во една недела почнуваат да трчаат. Нема правила.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    Моето на 8 почна да се исправа, до 9 веќе шибаше фатен за нешто. Сите тоа ми збореа - аа брзо ќе се пушти сам! Еве го уште малку годинка, уште не е пуштен. Сега тек премина во фаза кога сам ја пушта едната рака кога го држиме ние, ама сам никако не се пушта. И немам намера да го форсирам, кога ќе се осеќа спремен ќе се пушти. И во моментов мислам дека скроз нема потреба да се држи пошто е прилично стабилен, сам стои во место, ама не е доволно сигурен и спремен да се пушти сам. Ќе го почекам :D
     
    На azelea и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  16. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе те изненади преку ноќ :D Така мене со исправувањето ми направи, од нигде никаде си се исправи во креветче како од стално да си се исправала, без да падне. Кога ја видов ваква бев :o
    Сега е во фаза-се исправа фатена за гарнитура, се пушта по некоја секунда да стои сама во место, па паѓа на газ или само чучнува, и одма пак станува. Само тоа прави :D Се пушта и по некој чекор без да се држи кај аголот од гарнитурата ама тоа ептен секунда трае. Пред неколку дена една мала лесна табуретка ја тургаше низ дневна како количка да бутка :rofl: Помислив да земам проодувалка од тие што се како за буткање само, пошо гледам дека сака да оди, ама дали ортопедиве го препорачуваат тоа? Дубак знам дека не, ама за проодувалка не сум слушнала и на мисла сум дали да земам.
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.610
    Допаѓања:
    18.175
    Пол:
    Женски
    Реално детето ке си прооди кога е спремно. Не можеш да исфорсираш такво нешто.
    Ништо не ти треба. Проодувалка само проблем ке ти направи. Детето ке има лажна потпора и може да дојде до повреди. Нека си оди по мебел и ке си се пушти кога е спремно.
    На синко ништо ништо не му купив.
     
    На Izzy_0504, azelea и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Мене ми ја туркаше масата низ цел стан и му земав една интересна со игри на неа монтесори принцип. Не сакав такви работи ама па веќе се пушти он,стабилен е, прави 2 3 чекора сам и се спушта па затоа одлучив да го земам. И сега парадира низ дома. Малце сам,малце тоа го бутка. Ама пак над глава му висам со проодувалката затоа што малце и може да се фукне со глава или да се преврти. Многу ми се нестабилни.

    Инаку почна да лази на 8м негде, на 9м седна стабилно и почна да се исправа, на 10м веќе се движеше држејќи се еве 11++ се пушти, а сите доктори ми рекоа ова не проодува крупно е. Зависи од детето.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Мојов кога почна да се пушта, баба му му купи камионче така доста поголемо и имаше рачка позади и покасно сфатив дека е нешто како проодувалка. Сакав да му го скријам да не скрши глава ама еднаш се залета и виде дека може да падне и одма имаше промена - стана многу повнимателен. Веќе не се потпираше на камиончето туку тој почна да го управува. Така да, не се секирај штом веќе пушта чекори, оставај го да изгуби рамнотежа да осети опасност од повреда ама сепак нели очи и на газот.

    Не знам како беше прашањето точно од првата членка ама мислам дека седнување, лазење и проодување не се поврзани меѓу себе. Мислам дека најмногу зависи од детето, во каква околина се наоѓа, пример ако оди во градинка и гледа како другите одат, ќе се труди да ископира и да прооди итн. Ако си е мирно и мрзеливо бебе може покасно ќе оди (другарка имам ваква била покрупна, мајка и вика сакала само да јаде и да си игра, ништо не ја интересирало), ептен индивидуално.
    Моево на пример почна да лази мислам на 6м, седна на 7м, се исправи на 7ипол, и на 10+ се пушти. На 12м веќе одеше надвор, сега на 16м трча како лудо и качува/симнува скали.
     
    На Филотеа, Milkiway и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Знам дека најдобро е бебе босо да прооди, ама какви топлинки да земам за по дома? Земав чорапчиња со гумени точки од долната страна, но сепак се лизга.. Плус ладно е на паркет, како да ја оставам боса?