Да истото ни го кажа, но како да проодува босо надвор не ми е јасно? Ок за дома, постојано си е босо. Инаку за чевличките, нашиот ортопед рече влошката да не е испакната на средината за да не се уништеле масните перничиња на ноџињата. Дали и вие имате ваква препорака и каде може да најдам такви есенски/зимски чевлички?
Па дома ќе оди, надвор нема да го пушташ да оди додека не прооди убаво. Макар што големово надвор прооде, по чорапи. Патиките немаат такви влошки внатре. За чевли не знам, моиве со патики се пораснати.
И моево прооде босо ама дома не ни беше многу ладно. За по гости му носев од Ваикики едни како топлинки ама како чорапи се облекуваат, меки се. @Филотеа Надвор ќе го пушташ кога веќе убаво ќе биде проодено, а за чевлички и јас не планирам да купувам. Можеби ќе му земам само некои чизмички за во снег. Најдобро е да биде во меки патики. Можеш да најдеш во сите спортски продавници. За влошката да, мора да биде рамна. Тие испакнатите ги има само во Кеги мислам. И гледај напред еден прст/1цм да се поголеми.
@Jana06 Еве пред некој ден почна да се пушта и сака да оди кога сме надвор, не сака во количка ако застанеме.
Оф знам, исто беше и кај нас. Го носев во трева и го оставав, станува, паѓа... Ама барем е меко и не му се секирав. Ќе се измори, го ставам во количка и шетаме. Така некако изгледаа прошетките ама беше пролет, сега со дождовите не знам што ќе правиш. Некои шушкави тренерчиња да најдеш.
здраво да ве прашам ќе месиме проступалка сега на едно роднинче па ако може некој текст да ми пишите да честитам освен оноа лесни чекорчина итн
Некаде тука прочитав дека патиките за проодување треба да имаат рамна влошка внатре. Каде да најдам такви? Тие на kegi shoes и кеги колев па и на ciciban што ги видов во живо, се со анатомска влошка со перниче. А по спортскиве продавници од 20 број почнуваат патиките, а малава носи бр.17 (18 ѝ се големи)
Најк да ми плати за реклама. За проодување патики најк револушн или стар ранер. 1 цм поголеми од палец напред. https://www.sportvision.mk/obuvki/8420458-nike-star-runner-2-tdv
Овие се унисекс. Јас за синко сега зедов црвени од женски дел. Или ке земеш удобни патики за детето или ке земеш нешто модерно и џиџано кое само ке му прави проблеми. Кеги Колев Цицибан се како олово. За проодено дете ни да ми ги даваат гратис не би зела. Има време кога ке се дотерува. Гледај стапалото, а со тоа и цело тело, да и е во добра положба и да е во квалитетна обувка која задоволува критериум.
Проодена е? Ако не е, почекај уште малку зашто многу брзо ги надраснуваат патиките. Реално само за надвор ќе ти требаат, а ако не е проодена можеш и по топлинки во количка да ја шеташ. Ќе фрлиш пари за 17ка, нареден месец може мали да и бидат. Еве кај моево конкретно од 18ка на 20ка отиде многу брзо, имаше 6 пара патики од странство што му праќаа различни бројчиња и ги облече по 2 пати.
Ова е одлична патика за проодување, алал пари, ние ги начекавме на попуст беа, моето е машко, немаше бројче па му зедов исти вакви ко бледо виолетови со портокалово
Уште не е проодена ама се пушта по малку. Со ова чорапиве само се лизга и да сака мислам неможе да прооди. Ај ќе ве послушам ќе земам сега за надвор некои обични бебешки чизмички а за патики ќе почекам да прооди. Зошто овие што ги имам сега се обични кожни и секогаш кога ќе си дојдеме од шетање нозете ѝ се мраз. Мене во Пеко продавачката ме убедуваше за Цицибан дека пола цм се земаат поголеми од прстот и дека се носеле цела сезона. Ми вика до на пролет ќе ги носи
Цицибан не. Влошката им е испакната. Со 1 цм напред синко ги носи по 3 месеци. Со 21 почна на 1 година а сега носи 26 на 2 години. До кога сака. Јас патики си носам секаде. Плус сега е модерно така. За секој ден земи нешто удобно. За два часа на роденден ако ти се исплати земи и било какви. Ама нема да и е удобно тие 2 часа. Се модерно што фатив е тешко и тврдо. @Bubish26 ке ја тагнам, еднаш стави слика од нејзината цуца модерна а со најки.
Абе види, тебе ако не ти се проблем парите земи и сега патики или било каква мека обувка за да и се топли нозете, па кога ќе прооди надвор пак ќе земеш. Јас искрено сега не би давала пари за скапа обувка кога за 1-2 месеци пак треба да дадам за поголем број. Шанса нема до пролет да ги носи, толку од прилика и мојот ги носи 2-3 месеци. А има за дома и меки топлинки ако се лизга на паркет, види разгледај.